Г Л А В A 5 5 – Единство во дисциплината
Учителот има потреба од такт во раководењето. Помеѓу младите постои голема разноликост во карактерот и воспитувањето. Некои живееле во средина на самоволно ограничување и строгост, кој во нив развил дух на своеглавост и пркос. Други пак биле домашни миленичиња, каде им било дозволено од страна на пренежните родители да ги следат своите наклонетости. Секој дефект нашол некое извинување, додека нивниот карактер не се деформирал. За да се справува успешно со тие различни умови, учителот треба да пројави голем такт и префинетост во управувањето, исто како и цврстина во устројството.
Често пати ќе се манифестираат одвратност, а дури и презир кон прикладните прописи. Некои со сета своја генијалност ќе се трудат да ги одбегнат казните, додека другите ќе покажат многу невнимателна рамнодушност за последиците на своите престапи. За сето тоа ќе биде потребно повеќе трпение и поголемо напрегање од страна на оние на кои им е доверено нивното воспитување.
Нека правилата бидат малку, но нека бидат добро земени во предвид. Како во домот, така и во училиштето треба да постои мудра дисциплина. Учителот мора да прави правила како би го насочувал однесувањето на своите ученици. Тие правила треба да бидат малку и добро земени во предвид, и кога ќе бидат направени тие треба да бидат присилени. Секое начело кое е ставено во нив треба да биде поставено пред студентот за да го убеди во праведноста на истото.
Учителот мора да бара послушност. Во училиштето, како и во домот прашањето за дисциплината треба да биде разбрано. Ние треба да се надеваме дека во училницата никогаш нема да постои причина за употреба на стап, но доколку во училиштето има некои кои тврдолаво се противат на сите совети и преколнувања, сите молитви и бреме на душата во нивна полза, тогаш е неопходно да се направи тие да разберат дека мора да бидат послушни.
Некои учители мислат дека не е најдобро да се присили послушноста. Тие мислат дека нивната должност е само да образуваат. Навистина, тие треба да образуваат. Но колку вреди образованието на децата кога тие не ги почитуваат начелата кои се поставени пред нив, а учителот не мисли дека има право да практикува авторитет?
Нему му е потребна соработката од родителите. Родителите треба да го охрабрат учителот со тоа што ќе покажат дека ги ценат неговите напори. Тие никогаш не треба да кажат или сторат нешто што ќе поттикне непокорност кај своите деца.
Но јас знам дека многу родители не соработуваат со учителот. Тие во домот не го негуваат доброто влијание кое се врши во училиштето. Наместо во домот да го спроведуваат доброто влијание кое се врши во училиштето, тие на своите деца им дозволуваат да чинат како сакаат, да одат таму или тука без ограничување. И доколку учителот го практикува својот авторитет со тоа што бара послушност, децата им пренесуваат на своите родители преувеличен, искривен приказ за тоа како се постапувало со нив. Учителот можеби го сторил само она што било негова болна обврска; но родителите сочувствуваат со своите деца, и покрај тоа што тие не се во право. И често пати тие родители кои самите управуваат во гнев се најнеразумни кога децата се ограничени и дисциплинирани во училиштето.
Кога родителите ги оправдуваат поплаките на нивните деца против авторитетот и дисциплината во училиштето, тие не гледаат дека со тоа ја зголемуваат деморализирачката сила која преовладува до толку ужасен степен.
Никогаш не го критикивајте учителот во присуство на децата. Родители, кога учителот во црковното училиште се труди вашите деца да ги воспита и дисциплинира како тие би задобиле живот вечен, никако не ги критикувајте неговите постапки во присуство на децата, дури и ако сметате дека тој бил преостар. Доколку посакувате вашите деца да ги предадат своите срца на Спасителот, соработувајте со учителот во неговите напори за нивното спасение. Колку е подобро ако децата од усните на своите мајки, наместо критики и осуда на сметка на учителот, слушнат зборови на пофалба во поглед на неговата работа. Таквите зборови оста ваат траен впечаток врз децата и ги наведуваат да го почитуваат учителот.
Доколку е непходно да се критикува работата на учителот или да се даде некоја корисна сугестија, тоа треба да се стори во личен разговор со него. Ако тоа се покаже безуспешно, тогаш работата треба да се пренесе на оние кои се одговорни за управување со училиштето. Ништо не треба да се каже ниту да се стори што би го намалило почитувањето на децата кон оној од кој во толкава мерка зависи нивната добробит.
Непокорноста често пати започнува во домот. Со тоа што на децата им дозволуваат да чинат како што сакаат, родителите за себеси мислат дека покажуваат љубов, но тие практикуваат најголема суровост. Децата се способни да резонираат, и нивните души се повредни од непромислената љубезност, колку и да изгледа соодветна таа љубезност во очите на родителите. Со растењето на децата расте и таа непотчинетост. Нивните учители можеби ќе се обидат да ги корегираат, но премногу често родителите се на страна на децата и злото продолжува да расте, облечено, доколку е можно со уште подлабока наметка на измама отколку порано. Други деца се водени настрана преку погрешниот начин на постапување на тие деца, но сепак родителите не можат да ја видат грешката. Зборовите на децата се слушаат повеќе од зборовите на учителите, кои жалат над нивните грешки.
Работата на учителот удвоена заради несоработката на родителите. Занемарувањето на родителите да ги воспитуваат своите деца ја чини работата на учителот двојно потешка. Децата го носат белегот на непокорни, немили црти на карактерот откриени од нивните родители. Занемарени во домот, тие дисциплината во училиштето ја сметаат за премногу угнетувачка и строга. Таквите деца, доколку внимателно не се пазени, ќе ги заразат другите деца со своите недисциплинирани, деформирани карактери… Доброто кое тие деца можат да го примат во училиштето за да дејствуваат против дефективното домашно воспитување е поткопано од сочувството кое родителите им го покажуваат во нивното чинење на она што е погрешно.