Г Л А В A 5 4 – Учителите и родителите во партнертство

Сподели го ова:

Тимската работа почнува во домот. Оваа соработка први мораат да ја започнат таткото и мајката, во домашниот живот. Тие се заеднички одговорни за воспитувањето на своите деца и затоа постојано мораат да се трудат да работат заеднички. Нека Му се предадат на Бога, молејќи Го да им помогне да се поддржуваат еден со друг. Нека ги учат своите деца да воспостават правилен однос кон Бога, кон принципите, па така и кон самите себе и кон сите со кои доаѓаат во допир. Кога вака воспитаните деца ќе тргнат на училиште, тие нема да прават истапи ниту да предизвикуваат загриженост. Тие ќе бидат поддршка за своите учители, а пример и охрабрување за своите другари.

Доколку родителите толку многу се преокупирани со работа и задоволствата на овој живот, така да ја занемарат соодветната дисциплина на своите деца, работата на учителот не само што е сторена многу тешка и напорна, туку често пати е и целосно бесплодна.

Работата на учителот е дополнителна. Во обликувањето на карактерот ниту едно друго влијание не е толку важно како домашното влијание. Работата на учителот треба да ја надополнува таа на родителите, но не треба да го замени нивното место. Во сето она што е важно за добробитта на детето, родителот и учителите треба да соработуваат.

Поучувањето дадено на детето во домот треба да биде такво како би му помогнало на учителот. Во домот детето треба да биде поучувано на уредност, ред и темелност; и тие поуки треба да бидат повторени во училиштето.

Домот може да биде благословен преку училиштето. Внимателниот наставник ќе најде многу можности да ги упати своите ученици на полезни дела. Особено младите деца имаат речиси неограничена доверба и почитување кон својот учител. Што и да предложи тој за помагањето во домот, за верноста кон секојдневните должности, за служење на болните и сиромашните, ретко кога нема да вроди со плод. И така ќе се постигне двојна добивка. Таквиот љубезен предлог ќе има повратно дејство врз оној кој го дал. Благодарноста и соработката со родителот ќе го олесни товарот на наставникот и ќе го осветли неговиот пат.

Родителите можат да бидат советници на учителот. Родителите многу ќе му помогнат на учителот ако му го откријат она што само тие го знаат за карактерот на детето и за неговите физички карактеристики или недостатоци. Жално е што толку многу родители не ја согледуваат потребата од тоа. Мнозинството родители многу малку се трудат да се уверат во способноста на учителот, или да соработуваат со него во неговата работа.

Тие (родителите) мора да знаат дека нивна обврска е да соработуваат со учителите, да поттикнат мудра дисциплина и многу да се молат за оној кој ги поучува нивните деца.

Сподели го ова:

Слични објави