Г Л А В A 5 3 – Одговорноста на црквата
Црквата како стражар. Бог ја ставил Својата Црква како стражар, ревносно да бдее, водејќи грижа за своите млади и деца, и како стражар на ѕидот штом здогледа приближување на непријател веднаш да предупреди на опасност. Но Црквата не ја сфаќа таа ситуација. Таа спие на стража. Во ова време на опасност, татковците и мајките мора да се разбудат и тргнат, како да е во прашање животот, инаку во спротивно многу млади ќе бидат засекогаш загубени.
Божјиот закон мора да биде воздигнат. Црквата има посебна задача во образувањето и воспитувањето на своите деца, за тие, при посетување на некое училиште или движејќи се во некое друго друштво, тие да не паднат под влијание на оние кои имаат расипани навики. Светот е полн со безаконие и непочитување кон барањата Божји…
Протестантските цркви ја прифатиле лажната сабота, чедото на папството и ја имаат воздигнато над Божјиот свет, посветен ден. Наша должност е на децата да им објасниме дека првиот ден од седмицата не е вистинскиот ден за одмор и дека празнувањето на тој ден, откако ни е дадена светлината во поглед на вистинскиот ден за одмор, значи отворено спротивставување на Божјиот закон.
Дарувајте за мисиите, но не ги занемарувајте младите во домот. Зарем членовите на црквата ќе даваат средства за Христовото дело да се шири меѓу другите, а своите деца ги оставаат да учествуваат во делото и службата на сатаната.
Иако треба да вложуваме најсрдечни напори за масата луѓе со кои сме опкружени и да го потпомагаме делото во странските мисии, со никакво залагање во тој правец не може да го оправдаме запоставувањето на воспитувањето на нашите деца и млади. Тие мора да се обучуваат за еден ден да станат работници за Бога. И родителите и учителите мораат, преку поуки и пример, да настојуваат начелата на вистината и честитоста да ги всадат во мислите
и срцата на младите, како тие би станале мажи и жени непоколебливо предани на Бога и на Неговото дело.
„Да се подигнеме и да градиме“ Дали треба да дозволиме да бидеме заразени од светот од неговото безаконие, неговата непочит за Божјите заповеди? Јас ги прашувам оние кои планираат да ги испратат своите деца во јавните училишта, каде што тие се склони да бидат заразени, како можете да превземете таков ризик?