Г Л А В A 5 2 – Одбирање на училиште
Која класа на едукатори? Постојат две класи на едукатори во светот. Една класа се оние кои Бог ги прави канали на светпината, а другата кпаса се оние кои сатаната ги користи како свои агенти, кои се мудри да чинат зпо. Една кпаса го зема во предвид карактерот Божји и се богати во знаењето за Христа, кој Бог го пратип во светот. Таа кпаса целосно им се предава на оние нешта кои донесуваат осветлување од небото, небесна мудрост за воздигнување на душата. Секоја способност на нивната природа се потчинува на Бога и нивните миспи се донесени во покорност на Христа. Другата кпаса е во сојуз со принцот на темнината, кој секогаш е буден како би нашоп припика другите да ги учи на знаењето за зпото.
Одберете го училиштето каде Бог е темелот. Кога го планираат воспитувањето и образованието на своите деца надвор од семејниот круг, родитепите мораат да го имаат на ум фактот дека веќе не е безбедно да се посетуваат јавните учипишта; туку треба, не жапејќи труд и напор, да ги праќаат во учипишта каде ќе примат воспитување засновано на бибпискиот темел. Врз секој родитеп почива свечена одговорност и допжност своите деца преку христијанско воспитување да ги запознаат со Бога, наведувајќи ги да станат учесници во божествената природа и во сите нешта да ја прифатат Неговата волја и Неговиот пат.
Имајте го на ум Божјиот совет до Израел. Додека судовите Божји паѓаа врз Египетската земја, Господ ги упатил Израелците не само да ги држат децата во сферата на нивните домови, туку да ја донесат дури и својата стока од полињата…
Како што Израелците ги држеле своите деца во своите куќи за времето кога Божјите судови паѓале врз земјата Египетска, така и во време на опасност ние треба нашите деца да ги држиме одвоени и различни од светот. Ние треба да ги учиме дека Божјите заповеди значат многу повеќе отколку што ние тоа го сфаќаме. Оние кои ги држат нема да ги имитираат делата на престапниците на Божјиот закон.
Родителите мора да гледаат кон Божјата реч со почит, бивајќи послушни на сите нејзини поучувања. До денешните родители, како и до Израелците, Бог објавува: „Овие зборови… нека ти се врежат во срцето; напомнувај им ги на своите синови. Зборувај им за нив кога седиш дома во својата куќа и кога одиш патем; кога легнуваш и кога стануваш. Врзи ги на својата рака за знак и нека ти бидат како запис меѓу очите! Напиши ги на довратниците на својата куќа и на своите врати.“
И покрај тие јасни инструкции, некои од Божјиот народ им дозволија на своите деца да посетуваат јавни училишта, каде тие се мешаат со оние кои се корумпирани во моралот. Во тие училишта нивните деца не можат ниту да ја проучуваат Библијата ниту да ги научат нејзините принципи. Христијански родители, вие морате да обезбедите начин на кој вашите деца ќе бидат образовани според Библиските начела.
Библиската вистина неутрализирана; детето збунето.
Дали вашите деца од учителите во јавните училишта примаат мисли кои се во хармонија со Божјиот збор? Дали гревот е претставен како повреда за Бога? Дали послушноста на сите Божји заповеди е поучена како почеток на сета мудрост? Ние ги испраќаме нашите деца во саботната школа за да бидат поучени во поглед на вистината, и потоа кога одат во целодневното училиште, им се дадени лекции кои содржат заблуди. Тие нешта го збунуваат умот, а тоа не треба да биде така; затоа што ако младите примаат мисли кои ќе го збунат умот, како ќе биде спречено влијанието на таквото образование?
Дали треба да се чудиме дека под таквите околности некои од младите меѓу нас не ги вреднуваат верските предности? Дали можеме да се чудиме на тоа дека тие застрануваат во искушение? Можеме ли да се чудиме дека, занемарени какви што биле, нивните сили се посветени на задоволство кое не им чини добро, дека нивните верски желби се ослабени и нивниот духовен живот затемнет. Умот ќе биде од ист карактер како и она од кое се храни, жетвата од иста природа според посеаното семе. Дали тие факти доволно ја покажуваат неопходноста за внимавање од најраните години на образованието кое младите го примаат. Зарем нема да биде подобро за младите да пораснат во степен на незнаење за она што е општо прифатено како образование за да станат негрижливи во поглед на Божјата вистина.
Домашни црковни училишта. Колку што е повеќе можно, на сите наши деца треба да им се пружи предимството на христијанското воспитување. За да им се овозможи, понекогаш мора да основаме домашни црковни училишта. Добро би било неколку семејства од едно соседство да се здружат и заеднички ангажираат еден понизен и богобојазлив учител кој на родителите ќе им пружи неопходна помош во воспитувањето на нивните деца. Тоа би било од голем благослов за многу изолирани групи на почитувачи на саботата, и тој план би бил многу повеќе според Господовата волја отколку досегашниот по кој децата беа одвојувани од своите семејства како би посетуваат некои од нашите поголеми училишта.
Работете како за живот да ги спасите децата. Во некои земји родителите се принудени со закон да ги испратат децата во училиште. Во тие земји, во места каде има цркви, треба да се отворат училишта, дури кога би имало само шест деца кои би ги посетувале. Работете како што би работеле за својот живот да ги спасите своите децата од давењето од нечистото, расипничкото влијание на светот.
Подготовка за повисокиот степен на образование на небото.
Тој на родителите им испраќа повик на предупредување: Соберете ги своите деца во своите куќи; одвојте ги од оние кои не ги почитуваат заповедите Божји, кои чинат зло и другите ги учат на тоа. Излезете од големите градови колку што е можно поскоро. Основајте црковни училишта. На своите деца пружете им ја Речта Божја како темел на сето нивно обрзование. Таа е полна со прекрасни поуки и доколку учениците од неа направат предмет на своето основно проучување овде, тие ќе бидат подготвени за повисокиот степен на образование на небото.