Г Л А В A 5 1 – Подготовка за училиште

Сподели го ова:

Првите осум или десет години. Децата не треба долго да се држат затворени во домот, ниту од нив да се бара напорно да учат, се додека не биде поставен добар темел за нивниот физички развој. Во текот на првите осум или десет години од животот, најдобрата училница за детето се полето или градината, мајката најдобар учител, а природата најдобар учебник. Дури и кога детето ќе порасне доволно за да посетува училиште, неговото здравје мора да се смета за многу поважно од интелектуалното знаење. Треба да му се обезбедат најповолни услови за физички и ментален раст.

Обичај е децата многу млади да се пратат на училиште. Од нив се бара да учат од книги кои ги обременуваат нивните млади умови… Тоа не е мудро. Едно нервозно дете не треба да биде обременето во таа насока.

Програмата на детето за време на раното детство. Завреме на првите шест или седумгодини од животот на детето, посебно внимание треба да биде попрво посветено на неговото физичко воспитување отколку на умот. По тој период, доколку физичката конституција е добра, на воспитувањето на двете нешта треба да се посвети внимание. Раното детство се протега до шестата или седмата година. До тој период децата треба да бидат оставени, како млади јагниња, да талкаат околу куќата и во полињата, весело потскокнувајќи и скокајќи, слободни од грижата и неволјите.

Родителите, а посебно мајките, треба да бидат единствени учители на таквите мали деца. Тие не треба да ги образуваат од книги. Децата воглавно треба да бидат желни за знаење на нештата од природата. Тие ќе поставуваат прашања во поглед на нештата кои ги гледаат и слушаат и родителите треба да ја искористат можноста да ги поучат и трпеливо им одговорат на тие мали прашања. На тој начин тие можат да се здобијат со предност над непријателот и да подигнат бедем околу умовите на своите деца преку сеење на добро семе во нивните срца, не оставајќи му простор на лошото да зафати корен. Тоа што на децата им е потребно во нив ните нежни години за обликувањето на карактерот е љубовната инструкција на мајката.

Поуки за време на транзициониот период. Мајката треба да биде учителот, а домот училиштето каде секое дете ќе ги прима своите први лекции; и во тие лекции треба да бидат вклучени навиките на работпивост Мајки, нека малечките си играат на отворен простор; нека ги спушаат песните на птиците и научат за љубовта Божја која е изразена во Неговите прекрасни дела. Поучувајте ги на едноставните поуки од книгата на природата и нештата окопу нив; и како што нивните умови раснат, можат да се придадат поуки од книгите и цврсто да се врежат во меморијата. Но нека тие исто така научат, дури во своите најрани години, да бидат корисни. Учете ги да миспат на тоа, како чпенови на домаќинството, тие треба заинтересирано да помагаат во сподепувањето на домашните бремиња, и да тежнеат кон здрава физичка активност во извршувањето на неопходните домашни обврски.

Тоа не треба да биде болен процес. Таквото воспитување е од неискажпива вредност за детето и таквото воспитување не треба да биде бопен процес. Тоа треба така да биде дадено за детето да може да најде задовопство учејќи да биде корисно. Мајките можат да ги забавуваат своите деца додека ги поучуваат да ги извршуваат малечките домашни допжности со љубов. Тоа е депото на мајката трпепиво да ги поучува своите деца, заповед врз заповед, правипо врз правипо, малку тука и мапку таму. И во вршењето на таа работа, мајката самата ќе се здобие со бесценетото воспитување и дисциппина.

Моралот загрозен од страна на училишното друштво. Неги праќајте своите мапечки премногу рано на училиште. Мајката треба да биде многу вниматепна како вообпичувањето на умот на топку мапо дете му го предава на друг.

Многу мајки миспат дека тие немаат време за да ги поучат своите деца, и за да се оспободат од нив, од нивната врева и бељи, тие ги испраќаат на училиште…

Не само што може да биде доведено во опасност физичкото и умственото здравје на децата со тоа што ќе се испратат на учипиште на премногу мпада возраст, но тие се губитепи и во морален поглед на нештата. Таму тие имаат можност да се запознаат со деца кои се невоспитани во своите манири. Тие се фрлени во друштвото на некултурните, на оние кои лажат, пцујат, крадат и мамат, и кои наоѓаат задоволство тоа знаење за пороците да го дадат на оние кои се помлади од нив. Младите деца, доколку бидат препуштени на себеси, попрво го учат лошото отколку доброто. Лошите навики најдобро се слагаат со телесното срце, и нештата кои тие ги слушаат и гледаат во раното детство и детството се длабоко врежуваат врз нивните умови; и лошите семиња кои се сејат во нивните млади срца ќе фатат корен и ќе станат остри трња кои ќе ги рануваат срцата на нивните родители.

Сподели го ова:

Слични објави