Г Л А В A 5 0 – Од што се состои вистинското образование
Ширината на вистинското образование. Вистинското образование значи повеќе отколку само изучување на одредена студиска настава. Тоа е широко. Во него е вклучен хармоничниот развиток на сите физички сили и умствени способности. Тоа поучува на љубов и страв кон Бога и е подготовка за верно извршување на животните должности.
Првата голема поука во сето образование е да се знае и разбира Божјата волја. Секој ден ние треба да се трудиме да се здобиеме со тоа знаење. Да се учи за науката само преку човечкото толкување значи да се здобие погрешно воспитување, но да се научи од Бога и Христа значи да се научи науката на небото. Се има дојдено до збрка во образованието затоа што се немаат воздигнато Божјата мудрост и знаење.
Влијание спротивно на себичното ривалство и алчност.
Во време како што е нашето, каква е насоката на образованието што се дава? На кои движечки сили во човекот тоа најчесто му се обраќа? На самољубието. Голем дел од образованието што се дава, не го заслужува тоа име. Со вистинското образование се сузбиваат себичната амбиција, копнежот за власт, непочитување на правата и потребите на човештвото пороци кои како проклетство го притискаат нашиот свет.
Вистинското образование е практично и теоретско. Во детството и младоста практичното и теоретското обучување требе да биде соединето, и умот складиран со знаење…
Децата треба да бидат поучувани да носат дел од домашните должности. Тие треба да бидат поучени како да им помогнат на таткото и мајката во малите нешта кои тие можат да ги чинат. Нивните умови треба да бидат обучени да мислат, нивните мемории напрегнати да ја запаметат нивната одредена работа; и во обучувањето на навиките на корисност во домот, тие се образуваат во вршење на практичните должности соодветни за нивните години.
Тоа не е природен избор на младите. Воспитувањето од таквиот карактер кое ќе ги приготви за практичниот живот, тие по природа не се склони да го одберат. Тие напорно ги истакнуваат своите желби; што им се допаѓа а што не, своите приоритети и наклонетости. Но доколку родителите имаат правилна претстава за Бога, за вистината и за влијанијата со кои треба да бидат опкружени нивните деца, ќе чувствуваат дека врз нив почива од Бога дадена одговорност грижливо да работат и да ги насочуваат младите кои што се уште немаат искуство во животот.
Не е метод за одбегнување на животните бремиња. На младите треба да им се втисне мислата дека образованието не ги учи како можат да се избегнат непријатните животни должности и тешките товари; туку како со подобри методи и повозвишени цели може да се олесни работата. Научете ги дека вистинската животна цел не е стекнување најголема добивка за себеси, туку оддавање почест на својот Создател преку извршување на својот дел од работите во светот и давање рака помошничка на оние кои се послаби или имаат помалку знаење.
Воспитувањето треба да го разбуди духот на служба. Служењето на Христа во малите секојдневни нешта, повеќе од се друго, има моќ да го образува карактерот и да го насочи животот кон патот на несебичната служба. Работата на родителите и наставниците е да го пробудат овој дух, да го охрабрат и правилно да го насочат. Не постои поважна работа која би можела да им биде доверена. Духот на служба е дух на небото и ангелите ќе соработуваат во секој наш напор да го развиеме и поттикнеме.
Ваквото воспитување мора да биде втемелено врз Божјата реч. Само во неа неговите принципи се дадени во потполност. Библијата треба да биде темел на проучувањето и поучувањето. Најсуштествено знаење е знаењето за Бога и за Оној што Тој Го испратил.
Тоа го поставува моралното воспитување над интелектуалната култура. Децата се во голема потреба од правилно домашно воспитување кое би ги оспособило да станат корисни членови на човечкото општество. Меѓутоа, секој напор со која интелектуалната култура се издига над моралното воспитување, погрешно е насочен. Упатувањето, поправувањето и облагородува њето на децата и младите треба да биде најважна должност на родителите и учителите.
Неговата цел е изградување на карактерот. Стекнувањето на таквото знаење кои нас ќе не направи подобри, кое во нас ќе ги развие најдобрите карактерни особини, а душата ќе ја удостои за животот кој по траење може да се мери со животот Божји, тоа е највозвишеното воспитување. Вечноста не смееме никогаш да ја изгубиме од своите пресметки. Највозвишеното воспитување е она кое нашите деца и млади ќе ги упати во науката на христијанството, кое ќе им пружи искуствено знаење за Божјите патишта и за Неговиот татковски карактер, поуки кои самиот Христос лично им ги предал на Своите ученици.
Тоа е обучување кое насочува и развива. Соломон вели: „Упатувај го детето по патот по кој треба да оди, па кога ќе остари, нема да отстапи од него.“ Овој јазик е позитивен. Обучувањето кое Соломон ни го наложува треба да упати, образува и развие.
Со цел родителите и учителите да ја вршат својата работа, тие самите за себе мора да го разберат „патот“ по кое детето треба да оди. Тоа опфаќа повеќе отколку само знаењето од книгите. Тоа го вклучува сето она што е добро, доблесно, праведно и свето. Тоа ја вклучува умереноста, побожноста, братската љубезност и љубов кон Бога и еден кон друг. За да се постигне таа цел, мора да се посвети внимание на телесното, умственото, моралното и верското воспитување на децата.
Тоа подготвува работници за Бога. На татковците и мајките паѓа одговорноста за пружање на христијанско воспитување на децата кои им се доверени. Во ниту еден случај тие не треба да дозволат некоја работа толку да го апсорбира умот, времето и талентите за нивните деца да застрануваат се додека тие не се многу оддалечени од Бога. Тие не треба да им дозволат на своите деца да слизнат од нивниот стисок во рацете на неверниците.
Тие треба да сторат се што е во нивна моќ да ги држат настрана од впивањето на духот на светот. Тие треба да ги воспитуваат нив да станат работници заедно со Бога. Тие треба да бидат Божја човечка рака, угодувајќи си себеси и на своите деца за бескрајниот живот.
Тоа поучува за љубовта и стравот Божји. Христијански родители, нема ли да сакате заради Христа да ги испитате вашите копнежи, вашата цел за вашите деца и да видите дали тие можат да го поминат тестот на Божјиот закон? Најнеопходното воспитување е она кое нив ќе ги учи на љубовта и стравот Божји.