Г Л А В A 4 9 – Односот на роднините

Сподели го ова:

Роднините кои им попуштаат на децата се проблем. Бидете внимателни како го предавате устројството на вашите деца на другите. Никој не може да ве ослободи од вашата од Бога дадена одговорност. Многу деца се целосно уништени од мешањето на роднините или пријателите во нивното домашно устројство. Мајките не треба никогаш да им дозволат на своите сестри или мајки да се мешаат во мудрото устројство на нивните деца. И покрај тоа што мајката можеби примила најдобро воспитување од страна не својата мајка, сепак, во девет случаи од десет, како баба, таа ќе ги расипе децата на нејзината ќерка, преку попуштање и непромислена пофалба. Сите трпеливи напори на мајката можат да пропаднат преку тој начин на постапување. Позната е изреката дека бабите, како правило, не се погодни да ги одраснат своите внуци. Мажите и жените треба да ја оддадат сета почит и покорност која им припаѓа на нивните родители; но во поглед на управувањето на своите деца, тие не треба да дозволат мешање, туку уздите на устројството треба да ги имаат во своите раце.

Кога тие се смеат на непочитувањето и страстите. Каде и да одам, јас сум ражалостена заради занемарувањето на соодветната дисциплина и ограничување. На малите деца им е дозволено да одговараат, да покажуваат непочитување и непристојност, користејќи јазик кое на ниту едно дете не треба никогаш да му се дозволи да го користи кон своите претпоставени. Родителите кои дозволуваат употреба на неугоден говор се повеќе достојни за обвинување отколку нивните деца. Непристојноста кај детето не треба ниту еднаш да биде толерирано. Меѓутоа татковците и мајките, чичковците и тетките и дедовците и бабите се смеат при пројавувањето на страстите кај тие мали созданија кои имаат само една година. Нивното несовршено искажување на непочит, нивната детска тврдоглавост, се сметаат за остроумни. Така се формират погрешни навики и детето расте да биде предмет на непријателство на сите околу него.

Кога тие се обесхрабруваат од соодветното исправување.

–           Јас треперам посебно за мајките, кога гледамдека се слепи и толку малку ја чувствуваат одговорноста која паѓа на мајката. Тие гледаат како сатаната работи во самоволното дете коешто е само неколку месеци старо. Исполнето со злобна страст, изгледа како сатаната да зема целосна контрола. Но во куќата можеби се наоѓа бабата, тетката или некој друг роднина или пријател, кои ќе настојуваат да сторат родителот да верува дека би било сурово детето да се поправи; кога токму спротивното е она што е исправно; тоа претставува најголема суровост на сатаната да му се дозволи да има власт над тоа нежно, беспомошно дете. Сатаната мора да биде укорен. Неговиот зафат над детето мода да биде скршен. Доколку исправувањето е потребно, бидете верни во тоа. Божјата љубов, вистинската милосрдност за детето, ќе води кон верно исполнување на должностите.

Потешкотии кога семејствата живеат блиску едни до други.

–           Не е најдобро за децата на едно, две или три семејства кои меѓусебно се поврзани преку брачни врски да живеат на неколку километри еден од друг. Нивното меѓусебно влијание не е поволно. Работата на едните е работа на другите. Потешкотиите и неволјите кои што секое семејство мора да ги искуси повеќе или помалку, и кои, колку што е можно, треба да бидат ограничени во границите на семејниот круг, се прошируваат на сите роднини и влијаат врз верските состаноци. Постојат нешта кои не треба да бидат познати за некое трето лице, колку пријателски и блиско поврзано тоа и да е. Таквите работи треба да останат кај поединците во семејствата. Меѓутоа, роднинските односи помеѓу неколку семејства, чиишто патишта постојано се вкрстуваат можат да му нанесат штета на достоинството кое треба да се запази во секое семејство…

Сите би биле многу посреќни кога би биле одвоени и кога би се посетувале повремено а влијанието на едните врз другите ќе биде десет пати поголемо.

Сподели го ова:

Слични објави