Г Л А В A 4 8 – Реакции на детето

Сподели го ова:

На провокација. Децата се поттикнати да им бидат послушни на своите родители во Господа, меѓутоа и на родителите исто така им е наложено: „Не ги провоцирајте своите деца на гнев, за тие да не бидат обесхрабрени.“

Со своите постапки ние децата повеќе ги провоцираме отколку што ги придобиваме. Видов една мајка како на детето му отргнува од раце нешто што му пружа посебно задоволство. Не знаејќи за причината на ваквото постапување, детето природно се почувствува злоставено. Следеше кавга помеѓу родителот и детето и со еден остар прекор призорот беше завршен, колку што тоа од надвор можеше да се види; но тој судир во чувствителната детска душа оставило болен впечаток кој нема лесно да се избрише. Таа мајка постапила многу немудро. Без причина предизвикала такво реагирање. Со својата остра и непромислена постапка поттикнала најлоши страсти во срцето на своето дете, и во секоја слична прилика тие страсти се побурно и се послино ќе доаѓаат до израз.

На наоѓање мани. Вие немате право да донесете темен облак над среќата на вашите деца со тоа што ќе наоѓате мани или ќе ги казнувате строго за некои незначајни грешки. Грешката треба да биде направена да изгледа толку грешна каква што е, и треба да се превземе цврста, одлучна постапка за да се спречи нејзиното повторно појавување; но сепак децата не треба да бидат оставени во безнадежна состојба на умот, туку со одреден степен на храброст, за да можат да ја подобрат и задобијат вашата доверба и одобрување. Децата можат да посакуваат да чинат што е право, можат да одлучат да бидат послушни; но ним им е потребна помош и охрабрување.

На премногу остра дисциплина. О, колку Бог е обесчестен во семејството кога таму не постои вистинско разбирање за тоа од што се состои семејната дисциплина, и децата се збунети за тоа што е тоа дисциплина и устројство. Вистина е дека премногу острата дисциплина, премногу критицизам, непотребни закони и прописи, водат кон дисреспект на авторитетот и кон дисреспект кон оние прописи кои Христос би сакал тие да ги исполнат.

Кога родителите манифестираат груб, строг, господарски дух, дух на своегпавост и тврдоглавост се јавува кај децата. Така родителите пропуштаат да вршат омекнувачко впијание врз децата кои тие можеа да го вршат.

Родитепи, зарем не можете да видите дека острите зборови предизвикуваат противење? Што би правепе кога вие би бипе третирани така непромислено како што вие ги третирате своите малечки? Ваша допжност е да проучувате од причина до поспедица. Кога вие ги укорувавте вашите деца, кога со гневни изпиви ги удиравте оние кои се премногу мапи за да се одбранат себеси, дапи сте се запрашапе себеси какви поспедици би имал таквиот третман врз вас? Дапи сте размиспувапе колку сте чувствитепни во погпед на зборовите на критика ипи обвинување? Копку често се сметате повредени кога миспите дека некој не ги согпедап вашите способности? Вие не сте ништо друго туку пораснати деца. Тогаш размиспувајте како вашите деца се чувствуваат кога вие им зборувате груби, остри зборови, строго казнувајќи ги за пропустите кои не се ниту поповина топку сериозни во Божјиот погпед, копку вашиот третман на децата.

Многу родители кои тврдат дека се христијани не се обратени. Христос не пребива преку вера во нивните срца! Нивната острина, нивната непромисленост, нивните непотчинети темпераменти, ги одвраќаат нивните деца и ги прават ненаклонети кон сите верски поучувања кои ги примаат.

На постојана критика. Во нашите напори да го исправиме зпото, ние мора да се пазиме од тенденцијата да наоѓаме грешки ипи да критикуваме. Постојаната критика збркува, но не реформира. Кај многу умови, а често оние кои се со најфина восприемпивост, атмосфера на несочувствитепен критицизам е фатапен за напорите. Цвеќињата не се отвораат над виорот на разорувачкиот ветар.

Едно дете кое е постојано критикувано за некоја посебна спабост почнува својата спабост да ја смета како својствена за себе, нешто против кое е напразно да се бори. Така се создава обесхрабрување и безнадежност, кои се често пати сокриени под изгпедот на рамнодушност ипи наметпиво покажување.

На наредување или карање. Некои родители, во недостаток на самосовладување, често пати подигнуваат цела бура на незадоволство. Наместо од децата да побараат љубезно да го сторат ова или она, тие им наредуваат со прекорлив глас и во исто време ги критикуваат и укоруваат децата и тогаш кога тие не го заслужиле тоа. Родители, со таквите постапки кон своите деца вие ја уништувате нивната ведрина и полет. Децата ги слушаат вашите наредби, но не од љубов, туку само затоа што не се осмелуваат да чинат поинаку. Тоа тие не го чинат од срце. Тоа за нив претставува мачење, а не задоволство и често тоа ги наведува да не ги уважуваат вашите упатства, кое повеќе ја зголемува вашата раздразливост, а положбата на децата ја прави уште потешка. Постојано им наоѓате грешки и нивното погрешно однесување го претставувате во претерана светпина, се додека не ги обземе обесхрабреност до таа мерка што веќе им е сеедно; дапи сте задовопни со нивното однесување ипи пак не. Дух на безгрижност во стипот: „Што ми е гајле,“ ги обзема таквите деца и тие својата радост и задовопство почнуваат да ја бараат надвор од домот, дапеку од своите родители, затоа што во тој дом не можат да ја најдат. Се мешаат со децата на упица и наскоро стануваат спични на најлошите.

На самоволен начин на постапување. Волјата на родитепите мора да биде под Христовата дисциплина. Обликувани и управувани од Божјиот чист Свети Дух, тие можат да воспостават неприкосновена власт над децата. Но доколку родителите се строги и ако бараат многу во својата дисциплина, тие вршат дело кое тие никогаш нема да можат да го повратат. Преку својот самоволен начин на постапување, тие раздвижуваат чувство на неправда.

На неправда. Децата се чувствителни и на најмала неправда и некои стануваат обесхрабрени под неа и нема да се покорат ниту на гласен, гневен глас на заповед, ниту пак ќе се плашат од заканување за казнување. Родителите често пати со своето лошо однесување предизвикуваат бунтовништво во срцата на своите деца, кои, кога со нив правилно би се постапувало, би формирале добри и хармонични карактери. Мајката која не владеела совршено врз себеси не е погодна да ги воспитува своите деца.

На грабање или удирање. Кога мајката ќе го грабне детето или ќе го удри, дали мислите дека тоа му овозможува да ја види убавината на христијанскиот карактер? Не, навистина; тоа само тежнее да подигне зли чувства во срцето, и детето воопшто не е корегирано.

На груби, несочувствителни зборови. Христос е подготвен да ги учи татковците и мајките како да бидат вистински воспитувачи. Оние кои ќе научат во Неговото училиште… никогаш нема да зборуваат на строг, несимпатичен тон; затоа што зборови искажани на таков начин стружат на увото, ги изморуваат нервите, предизвикуваат умствено страдање и создаваат состојба на умот која причинува да биде невозможно да се потисне темпераментот на детето кон кое се имаат искажано такви зборови. Тоа е честа причина зашто децата зборуваат неучтиво кон своите родители.

На исмејување и шегување. Тие (родителите) немаат право да раздразнуваат, укоруваат или исмејуваат. Тие никогаш не треба да ги шегуваат со децата за перверзните црти на карактерот, кои тие самите им ги имаат префрлено. Таков начин на дисциплина никогаш нема да го излечи злото. Родители, нека начелата од Божјиот Збор ги упатуваат и укорат вашите застранети деца. Покажете им „така вели Господ“ за вашите барања. Укорот кој доаѓа како Божји збор многу повеќе е ефективен отколку оној кој доаѓа од устите на родителите проспеден со остри, гневни тонови.

На нетрпението. Нетрпението кај родителите предизвикува нетрпение и кај децата. Страстите кои ги исполуваат родителите ги креираат тие исти страсти и кај децата… Секој пат кога тие губат контрола над себеси, зборуваат и постапуваат нетрпеливо, тие грешат против Бога.

На наизменично карање и наговарање. Јас често имам видено деца на кои кога нешто не им е дадено по нивно барање се фрлат себеси на подот во гнев, удирајќи и врискајќи, додека непромислената мајка наизменично го карала и наговарала детето со надеждека во него ќе ја поврати неговата добра природа. Таков третман само ги храни страстите на детето. Спедниот пат кога тоа ќе се случува тоа ќе го прави тоа со поголема своегпавост, уверено дека ќе победи како и денот претходно. Така стапот е поштеден, а детето е расипано.

Мајката не треба да му дозволи на своето дете да придобие предност над неа ниту во еден случај. И, со цел да се одржува тој авторитет, не е неопходно да се нафати на остри мерки; цврста, постојана рака и љубезност која го уверува детето за љубовта ќе ја заврши поставената цел.

На недостаток на цврстина и одлучност. Голема штета е нанесена заради недостаток на цврстина и одлучност. Јас знам како некои родители велат: Не можеш да го имаш ова или она, и тогаш омекнуваат, мислејќи дека можеби се премногу строги и на детето му го даваат она што претходно не му го дозволија. Така е нанесена штета за цел живот. Важен закон на умот е еден кој не треба да биде прегледан дека кога некој пожелуван предмет толку цврсто е одречен без каква и да е надежда се добие, умот наскоро ќе престане да копнее по него и ќе биде окупиран со други работи. Но се додека постои каква и да е надеж за придобивање на посакуваниот предмет, ќе биде направен напор тој да се задобие…

Кога е неопходно родителите да дадат директна заповед, казната за непослушност треба да биде толку непроменлива како што се законите на природата. Децата кои се наоѓаат под такво цврсто, решително устројство знаат дека кога нешто им е забрането или одречено, никакво кокетирање или итрина не може да им го пружи тој предмет. Оттука тие наскоро учат да се потчинуваат и правејќи го тоа се многу посреќни. Децата на неодлучни родители кои премногу ги задоволуваат своите деца имаат постојана надеж дека наговарањето, плачењето или зловолието може да им го даде нивнот предмет или дека тие можат да си замислат дека можат да бидат непослушни без да добијат казна. Така тие се постојано во состојба на копнеж, надеж и неизвесност, кое ги прави неспокојни, раздразливи и непокорни. Бог таквите родители ги смета виновни за уништувањето на среќата на нивните деца. Ова зло погрешно раководење е клуч за нетрпението и нерелигиозноста на илјадници. Тоа било причина за пропаст на многумина кои го исповедале христијанското име.

На ненужни ограничувања. Кога родителите остаруваат и имаат мали деца да ги одраснат, таткото веројатно ќе мисли дека децата мора да го следат тешкиот, рапав начин на живот кој тој го живее. За него е тешко да сфати дека децата имаат потреба нивниот живот од страна на нивните родители да биде направен угоден и среќен.

Многу родители на своите деца им одрекуваат угодување во она што е безбедно и безазлено и толку се уплашени во нив да поттикнат негување на желби кон недобри нешта така што тие дури не им го дозволуваат на своите деца уживањето кое децата треба да го имаат. Преку страв за зли последици, тие ја одбиваат дозволата да им попуштат во некои едноставни задоволства кои би ги запазиле од истото зло кое тие настојуваат да го одбегнат; и така децата мислат дека нема корист во очекување на какви и да се благонаклоности и заради тоа тие не ги бараат истите. Родителите им ги крадат задоволствата на децата за кои тие мислат дека треба да бидат забранети. На тој начин довербата помеѓу родителите и децата е уништена.

На одбивање на некоја разумна привилегија. Доколку самите татковци и мајки немале среќно детство, зошто тогаш тие би ги засениле животите на своите деца заради својата голема загуба во тој поглед? Таткото може да мисли дека тоа е единствениот безбеден начин на постапување; но нека тој има на ум дека сите умови не се конституирани на ист начин и дека колку се поголеми напорите да се ограничи, толку помалку ќе може да се контролира волјата за желбата да се задобие она што е одрекнато, а последица на тоа ќе биде непослушност кон авторитетот на родителите. Таткото ќе биде ожалостен од она што тој го нарекува самоволен начин на постапување на неговиот син, и неговото срце ќе биде рането заради неговата непослушност. Но зарем нема да биде добро за него да го има во предвид фактот дека првата причина за непослушност на неговиот син беше неговото немање волја на синот да му попушти во она во кое немаше грев? Родителите мислат дека доволна причина за одрекувањето на желбата на синот е тоа што истото нив им било одречено. Но родителите треба да имаат на ум дека нивните деца се интелигентни битија, и дека тие треба да постапуваат со нив како што и самите би сакале да се постапува со нив.

На суровост. Родителите кои практикуваат дух на надмоќ и авторитет, пренесени од нивните родители, коешто ги води да бараат премногу во својата дисциплина и поучување, нема своите деца правилно да ги воспитаат. Преку својата суровост во постапувањето со нивните грешки, тие ги возбудуваат најлошите страсти на човечкото срце и децата ги оставаат со чувство на неправедност и нефер третман. Тие ја среќаваат во своите деца истата диспозиција која тие самите им ја имаат дадено.

Таквите родители ги протеруваат децата од Бога, зборувајќи им за верски работи; затоа што христијанската религија е направена непривлечна и дури одбивна преку таквото погрешно претставување на вистината. Децата ќе речат: „Добро, ако ваква е верата, тогаш јас не сакам ништо да имам со неа.“ Така често пати се креира непријателство во срцето против верата; и заради самоволното присилување на авторитетот, децата се водени да го презираат небесниот закон и устројство. Родителите ја зацврстиле вечната судбина на своите деца преку своето погрешно управување со нив.

На тивок, љубезен начин на постапување. Доколку родителите посакуваат нивните деца да бидат пријатни, тие никогаш не треба да им зборуваат на начин на кој би ги карале. Мајката често пати си дозволува себеси да биде раздразлива и нервозна. Таа често пати го зграпчува детето и му зборува на груб, непријатен начин. Доколку детето е третирано на тивок, љубезен начин, тоа многу ќе стори да го запази пријатниот темперамент.

На преколнување со љубов. Таткото, како свештеник на домот, треба да постапува благо и трпеливо со своите деца. Тој треба да внимава во нив да не предизвика појава на борбена наклоност. Тој не смее да дозволи престапот да помине неисправен, но сепак постои начин да се исправи без да се возбудат најлошите страсти во човечкото срце. Нека тој во љубов зборува со своите деца, велејќи им колку е ожалостен Спасителот заради нивната постапка; и тогаш нека клекне со нив пред седиштето на милоста и ги претстави пред Христа, молејќи се Тој да има сочувство над нив и да ги води да се покајат и побараат прошка. Таквата дисциплина скоро секогаш ќе го прекрши и најтврдоглавото срце.

Бог посакува со нашите деца да постапуваме во едноставност. Ние сме склони да заборавиме дека децата ја немаат предноста на долгите години на обучување кои постарите луѓе ја имале. Доколку малечките не постапуваат во согласност со нашите идеи во секој поглед, ние понекогаш мислиме дека тие заслужуваат карање. Но тоа нема да ги поправи нештата. Одведете ги кај Спасителот и кажете Му Нему се за тоа; тогаш верувајте дека Неговите благослови ќе почиваат врз нив.

Сподели го ова:

Слични објави