Г Л А В A 4 7 – Лабавата дисциплина и нејзините плодоби

Сподели го ова:

Погрешното воспитување влијае врз целиот верски живот.

Врз родителите кои не ги воспитале своите деца да бидат богобојазни, туку им дозволиле да пораснат недисциплинирани и неконтролирани почива проклетство. За време на своето детство ним им било дозволено да манифестираат страсти, своеглавост и да постапуваат водени од импулсот, и тие истиот дух го внесуваат во домот. Тие се дефектни по темперамент и страствени во управувањето. Дури и во своето прифаќање на Христа тие не ги победиле страстите на кои им било дозволено да управуваат во нивните детински срца. Тие со себе ги носат последиците од своето рано воспитување низ целиот свој верски живот. Претставува најтешка работа таквиот впечаток да се отстрани од растението Господово; затоа што како што стеблото е свиткано, така и дрвото е наклонето. Доколку таквите родители ја прифатат вистината, тие ќе имаат тешка битка да бијат. Тие можеби ќе бидат преобразени по карактерот, меѓутоа целото нивно верско искуство е погодено од лабавата дисциплина практикувана над нив во нивните рани животи. И децата треба да страдаат заради нивното дефективно воспитување; затоа што тие ги пренесуваат своите мани врз нив до третото и четвртото поколение.

Денешните Илии. О, кога денешните Илии, кои можат да се најдат насекаде како бараат оправдание за застранувањето на своите деца, веднаш би го користеле нивниот од Бога даден авторитет да ги ограничат и корегираат. Нека родителите и старателите, кои го прогледуваат и оправдуваат гревот во оние кои се под нивна грижа, имаат на ум дека тие така стануваат помошници во тие погрешки. Доколку, наместо неограничено попуштање, често пати би се користел казнувачкиот стап, не во страст, туку со љубов и молитва, ние ќе видиме посреќни семејства и подобра состојба на општеството.

Занемарувањето на Илија јасно е претставено пред секој татко и мајка во земјата. Како последица на неговата непосветена љубов или немање желба да го врши она што е непријатно, тој жнеел жетва на безаконие во своите изопачени синови. И родителите коиго дозволиле беззаконието и децата кои го практикувале се виновни пред Бога, и Тој нема да прифати жртва или дар за нивниот престап.

Општеството проколнато од дефектните карактери. Безаконието кое постои денес во светот може да биде трасирано на занемарувањето на родителите да се дисциплинираат себеси и своите деца. Илјадници и илјадници од жртвите на сатаната се тоа заради непромислениот начин на кој тие беа управувани за време на нивното детство. Остриот Божји укор почива врз таквото управување.

Разлабавување на уздите на дисциплината. Децата со кои погрешно се управувало, кои не се воспитани да имаат послушност и почит, се поврзуваат себеси со светот и превземат контрола врз своите родители, ставајќи узда на нив, водејќи ги таму каде што тие сакаат. Премногу често, токму во времето кога децата треба да покажат неоспорлива почит и послушност на советот на своите родители, родителите ги разлабавуваат уздите на дисциплината. Родителите кои до тогаш биле светли примери на доследна побожност сега се водени од своите деца. Нивната цврстина ја нема. Родителите кои го носеле Христовиот крст, и ги имале белезите на Господа Исуса врз нив со една единствена цел, се водени од своите деца по сомнителни и неизвесни патеки.

Попуштање на постарите деца. Татковците и мајките кои треба да ја разберат одговорноста која почива врз нив, ја олабавуваат својата дисциплина за да ги задоволат наклонетостите на своите синови и ќерки кои растат. Волјата на детето е закон кој се признава. Мајките кои биле цврсти, постојани и непопустливи во својата прилепеност до начелата, одржувањето на едноставноста и верноста, стануваат попустливи како што нивните деца се спојуваат со мажественоста и женственоста. Во нивната љубов кон покажувањето тие му ги даваат своите деца на сатаната со своите раце, како што отпадничките евреи им дозволувале на своите деца да преминуваат преку оганот на Молох.

Обесчестување на Бога за да се придобие наклонетоста на детето. Татковците и мајките им попуштаат на наклонетостите на безбожните деца, и им помагаат со пари и средства за да се покажат во светот.

О, каков одговор ќе дадат таквите родители на Бога! Тие го обесчестуваат Бога и им даваат секаква чест на своите застранети деца, отворајќи врати за нивно забавување кои тие во минатото го осудиле од принцип. Тие дозволиле играње на карти, игранки и балови за да ги придобијат своите деца за светот. Во време кога нивното влијание врз нивните деца треба да биде најсилно, носејќи сведоштво за тоа што значи вистинското христијанство, како Илија, тие себеси се донесуваат под Божјо проклетство со тоа што го обесчестуваат Него и ги игнорираат Неговите барања, со цел да се здобијат со благонаклонетост кај своите деца. Но модерната побожност нема да биде од голема вредност во часот на смртта. И покрај тоа што некои проповедници можат да одобрат таков вид на религија, родителите ќе откријат дека тие ја оставаат круната на славата за да се здобијат со ловори кои немаат никаква предност. Нека Бог им помогне на таквите татковци и мајки да се разбудат за својата должност.

Сподели го ова:

Similar Posts