Г Л А В A 4 6 – Злото кое произлегува од попуштањето
Вистинската љубов не му угодува на грешното. Љубовта е клуч кој допира до срцето на детето, меѓутоа, љубовта која ги води родителите да им попуштаат на своите деца во нивните грешни желби не е љубов која ќе делува за нивно добро. Срдечната љубов која произлегува од љубовта кон Христа ќе ги оспособи родителите да практикуваат промислен авторитет и да бараат неодложна послушност. Срцата на родителите и децата треба да бидат приврзани, како тие како семејство би биле канал преку кој можат да течат мудроста, доблеста, воздржувањето, љубезноста и љубовта.
Колку повеќе попуштања, потешко за раководење. Родители, направете го домот среќен за своите деца. Со тоа не мислам да кажам дека вие треба да им попуштате на своите деца. Колку повеќе им попуштате, потешко ќе биде да се раководи со нив и за нив ќе биде потешко да живеат верен, благороден живот кога тие ќе излезат во светот. Доколку вие им дозволите да чинат како што им е угодно, нивната морална чистота и милност на карактерот брзо ќе избледат. Учете ги да бидат послушни. Нека тие согледаат дека авторитетот мора да биде почитуван. Тоа изгледа како да ќе им донесе мала непријатност сега, но тоа ќе ги поштеди од многу непријатности во иднината.
Грев е да му се угодува на дете кога е младо и кога греши. Детето треба да се држи под контрола.
Доколку на децата им се дозволи да чинат како сакаат, тие примаат идеја дека тие можат да бидат опслужувани, згрижени, да им се попушта и да бидат забавувани. Тие мислат дека нивните желби и нивната волја мора да биде задоволена.
Дали таа (мајката) не треба на детето да му дозволи да чини како сака понекогаш, да му дозволи да чини како што тоа посакува, дозволувајќи му да биде непослушно? Секако не, но толку сигурно колку што таа му дозволува, таа толку сигурно му дозволува на сатаната да го засади свето пеколно знаме во нејзината куќа. Таа мора да ја бие битката за тоа дете кое тоа не може да ја бие за себеси. Тоа е нејзиното дело, да го укори ѓаволот, да го бара Бога сесрдно и никогаш да не му дозволи на сатаната да го земе нејзиното дете од нејзините раце и да го постави во своите раце.
Попуштањето предизвикува немир и незадоволство. Вонекои семејства желбите на детето се закон. Сето она што тоа го посакува му се дава. Сето она што нему не му се допаѓа, тоа е охрабрено и понатаму да не му се допаѓа. Се мисли дека тие попуштања би требало да го направат детето среќно, но тоа се токму тие нешта што него го прават да нема мир и да биде незадоволно. Попуштањето го има расипано неговиот апетит за едноставна, здрава храна, за едноставна, здрава употреба на неговото време; угодувањето ја има извршено работата на расипувањето на карактерот за сегашноста и за вечноста.
Не му попуштајте на наговарањето. Родителите ќе треба за многу работи да дадат одговор во денот на судот заради своето зло попуштање на своите деца. Мнозина ја задоволуваат секоја неразумна желба, зашто тоа е подобар начин да се ослободат од досадувањето од било кој друг начин. Детето треба да биде така воспитано така што зборот на одбивање ќе го прими со вистински дух и ќе го прифати како конечен.
Не го прифаќајте зборот на детето над зборот на другите.
Родителите не треба лесно да поминат врз гревовите на своите деца. Кога тие гревовите се посочени од страна на некој верен пријател, родителите не треба да мислат дека неговите права се нападнати, дека тоа има примено лична навреда. Навиките на сите млади и секое дете влијаат врз благостостојбата на општеството. Погрешниот начин на живот на еден млад човек може да води многу други по тој зол пат.
Не им дозволувајте на вашите деца да видат дека вие го имате во предвид нивниот збор пред изјавите на постарите христијани. Велејќи дека им верувате на своите деца попрво отколку на оние за кои имате докази дека се Божји деца, вие ги поттикнувате во навиката на лажење.
Наследството на едно расипано дете. Препуштањето на детето на неговата сопствена волја доведува до зла кои не е можно да се опишат. Некои што заради таквиот пропуст во детството застраниле, можат преку напорна примена на практичните поуки да се освестат и дојдат при себеси; но многумина се засекогаш изгубени затоа што во детството и младоста примале само делумно, еднолично воспитување. Детето кое на таков начин е размазено во детството, со тоа е оптоварено низ целиот свој живот. Во тешкотиите, разочарувањето и искушенијата кои животот со себе неизбежно ги донесува, тие секогаш ќе настојуваат да ја спроведуваат својата погрешно насочена волја која не била на време дисциплинирана. Децата кои не биле благовремено научени на послушност и покорување, развиваат непостојан и импулсивен карактер. Таквите во својот подоцнежен живот секогаш тежнеат да владеат, затоа што не се научени дека треба и да се потчинат. Тие немаат морална сила да го зауздаат својот самоволен ќуд, да ги исправуваат своите погрешни навики или да ја потчинат својата неконтролирана волја. Невоспитани и недисциплинирани во детството, тие своите тешки мани како наследени особини ги исполуваат и во доба на зрелоста. Изопачениот интелект ретко може да разликува помеѓу вистинитото и лажното.