Г Л А В A 4 5 – Со љубов и цврстина
Два начини и нивните резултати. Постојат два начини да се постапува со децата начини кои се разликуваат многу по начелата и последиците. Верноста и љубовта, соединети со мудрост и цврстина, во согласност со учењето на Божјиот збор, ќе донесе среќа во овој живот и во следниот. Занемарувањето на должностите, непромисленото попуштање, пропуста да се ограничат или исправат глупостите на младите, ќе резултира во несреќа и конечна пропаст на децата, а ќе донесе и разочарување и душевни маки за родителите.
Љубовта има сестра близначка, а тоа е должноста. Љубовта и должноста стојат една покрај друга. Ако покажуваме само љубов, а ја занемариме должноста, децата ќе станат тврдоглави, своеглави, перверзни, себични и непослушни. Ако ја оставиме само строгата должност, не ублажувајќи ја со љубовта која придобива, ќе се појават слични последици. Обврската и љубовта мора да се спојат ако сакаме децата да бидат правилно дисциплинирани.
Љубезноста да биде закон на домот. Божјиот начин на управување претставува најдобар начин како треба да се воспитуваат децата. Бог никого не присилува да му служи и исто така никакво присилување ниту притисок не смее да има ниту во семејството ниту во училиштето. Но сепак, ниту родителите ниту учениците не смеат да дозволат нивниот збор да не се почитува и цени. Ако тие пропуштаат да ги исправат своите деца кога тие грешат, Бог ќе ги смета за одговорни за таквиот пропуст. Но, некои во таквото настојување да ги поправат, ги штедат од осудата и критиката. Нека љубезноста биде владеачко правило и во семејството и во училиштето. Нека децата бидат научени, а не натерани да го држат Божјиот закон и потоа цврсто, но со љубов проткаено влијание ги задржи од секое зло.
Имајте разбирање за незнаењето на детето. Татковци и мајки, во домот вие треба да го претставите Божјиот карактер. Вие треба да барате послушност, не со навала на зборови, туку на љу безен начин полн со љубов. Вие треба да бидете полни со сочувствување за вашите деца да бидат привлечени кон вас.
Бидете пријатни во домот. Ограничете го секој збор кој може да предизвика несвет темперамент. Божествениот налог гласи: „Татковци, не ги провоцирајте своите деца на гнев.“ Имајте на ум дека вашите деца се млади по години и искуство. Во контролирањето и нивното дисциплинирање, бидете цврсти, но љубезни.
Децата секогаш не го разликуваат доброто од лошото, и кога грешат, тие често пати се третирани грубо, наместо да бидат љубезно поучени.
Во Божјиот збор не е дадена дозвола за родителска грубост или опресија или пак за непослушноста на децата. Законот Божји, во домашниот живот и во владите на нациите, се излева од едно срце на бесконечна љубов.
Сочувство за дете кое не ветува. Јас ја гледамнеопходноста родителите да се справат во мудроста Христова со своите деца кои грешат… Оние кои не ветуваат се оние на кои им треба најголемо трпение и љубезност, најнежно сочувство. Меѓутоа, многу родители откриваат ладен, нечувствителен дух, кој никогаш нема да ги води до покајание оние кои грешат. Нека срцата на родителите бидат омекнати од Христовата благодат и Неговата љубов ќе го пронајде патот до срцето.
Правилото на Спасителот „Како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним“ (Лука 6:31) мора да биде правило на сите кои се занимаваат со воспитување на деца и млади. Тие се помлади членови на Господовото семејство, сонаследници со нас во благодатта на животот. Христовото правило мора свето да се почитува во однесувањето со најмрзеливите, со најмладите, со најнеумешните, па дури и со оние што грешат и се непокорни.
Помогнете им да децата да победат. Бог нежно се грижи за децата. Тој сака тие да се здобиваат со победи секој ден. Сите ние треба да настојуваме да им помогнеме на децата да бидат победници. Нека тие не бидат повредени од членовите на нивното семејство. Не дозволувајте вашите дела и зборови да бидат од таква природа како вашите деца би биле провоцирани на гнев. Но сепак тие мора верно да бидат дисциплинирани и исправени кога чинат нешто погрешно.
Пофалете кога тоа е можно. Фалете ги децата кога чинат добро, бидејќи промислена препорака е голема помош за нив како што е и за оние постари во години и разбирање. Никогаш не бидете некооперативни во светоста на домот. Бидете љубезни и со нежно срце, покажувајте христијанска учтивост, благодарејќи им и пофалувајќи ги своите деца за помошта која ви ја дале.
Бидете пријатни. Никогаш не изговарајте гласни зборови полни со страст. Во ограничувањето и дисциплинирањето на своите деца, бидете цврсти, но љубезни. Поттикнувајте ги да ги вршат своите должности како членови на семејната организација. Изразете го своето ценење за напорите кои тие ги направиле за да ги зауздаат своите наклонетости во чинење на она што е погрешно.
Бидете она што посакувате вашите деца да бидат кога тие ќе имаат власт над своите семејства. Зборувајте како што би сакале тие да зборуваат.
Бнимавајте на тонот на вашиот глас. Зборувајте секогаш со мирен, сериозен глас, во кој нема да биде изразен ниту траг на страст. Страста не е неопходна за да се обезбеди неодложна послушност.
Татковци и мајки, вие сте одговорни за вашите деца. Бидете внимателни за тоа под какви влијанија ги поставувате. Немојте, преку укорување или раздразнување да го изгубите своето влијание врз нив за добро. Вие треба да ги насочувате, а не да ги возбудите страстите на нивните умови. Каква и провокација да имате, бидете сигурни тонот на вашиот глас да не покажува иритација. Нека во вас не видат манифестација на духот на сатаната. Тоа нема да ви помогне да им угодите и да ги воспитате вашите деца за идниот, бесмртен живот.
Правдата да биде измешана со милоста. Родителот кој дозволува неговото управување да стане деспотизам прави ужасна грешка. Тој му наштетува не само на детето туку и на себеси, угаснувајќи ја во нивните млади срца љубовта која треба да тече во дела и зборови на љубов. Љубезноста, воздржувањето и љубовта, манифестирани кон децата, ќе се вратат кон родителите. Тоа што го сеат, тоа и ќе го жнеат.
Суровоста предизвикува борбен дух. Совет до строгите родители. Суровост и правда, непомешани со љубов, нема да ги водат вашите деца да чинат што е право. Забележете колку бргу во нив се подига борбен дух. Постои подобар начин на справување со нив отколку само преку присилување. Правдата има сестра близначка, која е љубовта. Нека љубовта и правдата се ракуваат во сите ваши управувања, и вие сигурно ќе ја имате Божјата помош која ќе соработува со вашите напори.
Авторитетот на родителите треба да биде апсолутен, но сепак тој не треба да биде злоставен. Во управувањето со своите деца родителот не треба да биде воден од каприц, туку од библиските стандарди. Кога тој дозволува неговите груби црти на карактерот да управуваат, тој станува деспот.
Укорете, но со љубов и нежност. Без сомнеж вие ќе ги ви дите слабостите и застранетоста кај вашите деца. Некои родители ќе ви кажат дека тие им зборуваат и ги казнуваат своите деца, но тие не можат да видат дека тоа им чини навистина добро. Нека таквите родители пробаат нови методи. Нека тие помешаат љубезност, приврзаност и љубов со семејното управување, но сепак нека бидат цврсти како карпа за правите начела.
Јас сум поучена да им кажам на родителите, подигнете го стандардот на однесување во вашите домови. Учете ги вашите деца да бидат послушни. Управувајте со нив преку комбинирано влијание на приврзаноста и авторитетот налик на Христовиот. Нека вашите животи бидат такви како за нив би можеле да се кажат зборовите на препорака кажани за Корнелиус, за кого беше кажано дека тој „се боеше од Бога со целиот свој дом.“
Не практикувајте ниту суровост ниту претерано попуштање.
Ние не се согласуваме со таа дисциплина која ги обесхрабрува децата преку тешка цензура, или ги иритира преку страствено исправање, и тогаш, како што импулсот се менува, ги ублажуваме со бакнежи, или ги повредуваме преку угодувања кои се штетни. Претераното попуштање и несоодветната суровост исто така треба да бидат одбегнувани. Додека не можеме да ги оставиме будноста и цврстината, исто не треба да заборавиме на сочувството и нежноста. Родители, имајте на ум дека вие се справувате со деца кои се борат со искушението и на тие зли нагони нив им е толку тешко да се спротивстават како и на оние личности од позрели години. Децата кои навистина копнеат да чинат што е право можат повторно и повторно да доживеат неуспех и исто толку често им е потребно охрабрување за да имаат енергија и истрајност. Бдејте над делата на овие млади умови со молитвена грижа. Засилете го секој добар импулс; охрабрете ја секоја благодорна активност.
Одржувајте постојана цврстина, нестраствена контрола.
Децата поседуваат чувствителна природа која знае да љуби. Децата лесно се прават среќни и несреќни. Преку внимателна дисциплина со зборови полни со љубов и дела, мајките можат да ги врзат своите деца до нивните срца. Постојаната цврстина и нестраствена контрола се неопходни за дисциплината на секое семејство. Кажете го мирно тоа што сакате, бидете разложни во своите постапки и спроведувајте го тоа што сте го кажале без да правите промени.
Манифестирањето на наклонетост во вашето дружење со децата ќе се исплати. Не ги отфрлајте заради недостаток на сочувство во нивните детски игри, радости и жалости. Никогаш не дозволувајте да се намуртите или пак груб збор да излезе од вашите усни.
Дури и љубезноста мора да има своја граница. Авторитетот мора да се поддржува преку одлучна строгост затоа што од некои ќе биде примен со шегување и омаловажување. Таканаречената нежност, наговарањето и попуштањето насочено кон младите, од страна на родителите и старателите е најголемото зло кое може да дојде врз нив. Цврстината, одлучноста и позитивните барања, се непоходни за секое семејство.
Имајте ги на ум своите грешки. Нека таткото и мајката имаат на ум дека тие самите се одраснати деца. И покрај тоа што голема светлина засветпувапа на нивниот пат и тие имаат подолго искуство, сепак копку песно тие се возбудени на завист, љубомора и зпи претпоставки. Заради своите грешки и забпуди тие треба да научат да постапуваат внимателно со своите деца кои грешат.
Некогаш може да се чувствувате засрамени заради тоа што вашите деца постапуваат спротивно од она што вие сте им го кажале. Но дали некогаш сте размислувале за тоа колку пати сте постапувале спротивно од она што Господ ви го заповедал да го чините?
Како да се задобие љубовта и довербата. Постои опасност и родителите и просветните работници да сакаат да заповедаат и да диктираат, додека недоволно се дружат со своите деца или ученици. Тие често пати се држат премногу резервирано и својот авторитет го наметнуваат на ладен и несимпатичен начин, со што срцата на децата и учениците не можат да се придобијат. Кога тие би ги собирале децата околу себе, покажувајќи со тоа дека ги сакаат и исполуваат интерес за нивните напори, па дури и за нивните игри, однесувајќи се понекогаш дури и како дете помеѓу нив, тие би ги сториле децата многу среќни и би ја придобиле нивната љубов и доверба. На тој начин и децата побрзо би научиле да го почитуваат и прифаќаат авторитетот на своите родители и учители.
Млад човек во заблуда на кого му е потребно сочувство.
Твоите писма јас ги читав со интерес и сочувство. Јас би рекла дека на твојот син сега му е потребен татко како никогаш порано. Тој има погрешено; ти го знаеш тоа и тој знае дека ти го знаеш тоа; и зборовите кои ти безбедно би му ги рекла во неговата невиност, и кои не би предизвикале никакви лоши последици, сега би изгледале како нељубезност и би биле остри како нож… Јас знам дека родителите се срамат заради грешките на детето кое ги има обесчестено многу болно, но дали заблудениот го ранува и повредува срцето на земниот родител повеќе отколку што Божјите деца го повредуваат нашиот небесен Родител, кој ни има дадено и се уште ни дава од Неговата љубов, повикувајќи не да се вратиме и покаеме од нашите гревови и безаконија и дека Тој ќе ги прости нашите престапи?
Не ја повлекувај својата љубов сега. Таа љубов и сочувство се потребни сега како никогаш порано. Кога другите гледаат кон него со ладни чувства и ги толкуваат лошите дела на вашето момче на најлош можен начин, зар таткото и мајката нема да настојуваат да ги водат неговите стапала по безбедни патеки? Јас не го познавам карактерот на гревовите на вашето дете, но јас со сигурност велам, што и да е тоа, нека никакви коментари од човечките усни, никаков притисок од човечките дела, од оние коишто мислат дека чинат правда, да те водат да постапиш на начин кој може да биде протолкуван од вашиот син дека вие се чувствувате премногу понижени и обесчестени за повторно да ја задобиете неговата доверба и да ги заборавите неговите престапи. Нека ништо не причини да губите надеж, нека ништо не ја прекине вашата љубов и нежност за оној кој погрешил. Само заради тоа што тоа греши, тој има потреба од тебе и тој сака таткото и мајката да му помогнат да заздрави од стапиците на сатаната. Држете го цврсто преку вера и љубов и прилепувајте се до сесочувствителниот Откупутел, имајќи на ум дека постои Еден кој има поголем интерес во него, дури повеќе и од вашиот.
Не зборувајте со обесхрабрување и безнадежност. Зборувајте со храброст. Кажете му дека тој може да биде избавен, дека вие, неговиот татко и мајка, ќе му помогнете да се фати за небото и ги постави своите стапала на сигурната Карпа, Исус Христос, да најде сигурна поддршка и ненамалувачка сила во Христа. Доколку неговата грешка некогаш е толку жалосна, нема да му помогне на вашиот син постојано да го притиснувате тоа врз него. Потребен е правилен начин за да се спаси една душа од смртта и една душа да се запази од извршување на многу гревови.
Барајте помош од Бога за да го победите избувливиот темперамент. Јас посакувам да му кажам на секој татко и мајка, доколку имате избувлив темперамент, барајте помош од Бога за да го победите. Кога сте испровоцирани да бидете нетрпеливи, одете во својата соба, клекнете и побарајте помош од Бога за да извршувате правилно влијание врз своите деца.
Мајки, кога му се препуштате на нетрпението и постапувате избувлуво со своите деца, вие не учите од Христа, туку од еден друг господар. Исус вели: „Земето го Моето бреме врз себеси и научете од мене; затоа што јас сум кроток и смирен по срце; и вие ќе најдете почивка за своите души. Затоа што јаремот Мој е благ и бремето мое е лесно.“ Кога вашата работа е тешка, кога се жалите на тешкотиите и искушенијата, кога велите дека немате сила да го победите искушението, дека не можете да ја победите нетрпеливоста и дека христијанскиот живот е напорна работа, бидете сигурни дека вие не го носите јаремот Христов; вие носите бреме од некој друг господар.
Одблеснување на Божјиот лик. На црквата им се потребни луѓе со кроток и тивок дух, кои се долготрпеливи. Нека тие се научат на тие доблести во соочувањето со своите семејства. Нека родителите мислат многу повеќе за вечните интереси на детето отколку што мислат за нивната сегашна удобност. Нека кон децата гледаат како кон помлади членови на Господовото семејство, и ги воспитаат и дисциплинираат нив на таков начин како тие би ги воделе да го рефлектираат Божјиот лик.