Г Л А В A 4 4 – Спроведување на исправна дисциплина

Сподели го ова:

Замолете го Бога да влезе и владее. Барајте послушност во вашето семејство; но додека настојувате кон тоа, барајте го Бога заедно со своите деца, и замолете го Него да дојде и да владее. Вашите деца можеби направиле нешто кое бара казна; но доколку со нив се соочите со Христов дух, нивните раце ќе се најдат околу вашиот врат; тие себеси ќе се понизат пред Господа и ќе ја признаат својата грешка. Тоа е доволно. Ним не им треба казна. Да му благодариме на Господа за тоа дека Тој има отворено пат преку кој ние можеме да допреме до секоја душа.

Доколку вашите деца се непослушни, тие треба да бидат корегирани… Пред да ги корегирате, заминете насамо и побарајте од Бога да ги омекне и потчини срцата на вашите деца и да ви даде мудрост за тоа како да се соочите со нив. Мене не ми е познато во ниту еден случај каде метод не успеал. Вие не можете да направите едно дете да ги разбере духовните нешта кога неговото срце е исполнето со страст.

Поучете ги децата трпеливо. Господ сака срцата на тие деца од најраната возраст да му бидат нему дадени во служба. Додека тие се премногу млади за со нив да се резонира, одвратете ги нивните умови колку што можете најдобро; и како што тие раснат, учете ги преку начела и пример дека не можете да им попуштате на нивните грешни желби.

Поучете ги трпеливо. Понекогаш тие ќе треба да бидат казнети, но тоа никогаш не правете го на таков начин како тие би чувствувале дека се казнети во гнев. Преку таков начин на постапување вие само ќе предизвикате поголемо зло. Многу несреќни несогласувања во семејниот круг би можеле да се избегнат доколку родителите би го послушале Господовиот совет во воспитување на своите деца.

Родителите треба да бидат под Божја дисциплина. Мајки, колку и вашите деца да се предизвикувачки во нивното незнаење, не му попуштајте на натрпението. Бидете цврсти со нив. Не дозволувајте да ги контролира сатаната. Дисциплинирајте ги само тогашкога вие сте под дисциплината Божја. Христос ќе биде победник во животот на вашите деца доколку вие се поучите од Него кој е кроток и понизен, чист и неосквернат.

Но доколку се обидувате да ги управувате без прво самите да практикувате самоконтрола, без планирање, размислување и молитва, вие најсигурно ќе жнеете горки последици.

Никогаш не ги исправајте во гнев. Вие треба да ги казнувате своите деца во љубов. Не им дозволувајте на децата да чинат како што сакаат се додека не станете гневни и тогаш да ги казните. Таквото казнување само му помага на злото, наместо да го лекува.

Да се манифестира страст кон едно дете кое греши значи да се зголеми злото. Тоа ги подига најлошите страсти кај детето и го води да мисли дека вие не се грижите за него. Тоа резонира во себеси дека вие така не би го третирале доколку се грижите за него.

Немојте да мислите дека Бог не го забележува начинот на кој тие деца се исправаат. Тој знае, и Тој знае исто така какви можат да бидат благословените последици доколку делото на исправање се изврши на начин за да се придобие наместо да се одбие…

Ве молам, не ги исправајте своите деца во гнев. Ако некогаш треба да постапувате со понизност, трпеливост и молитва тоа е сега. Потоа доаѓа време да се клекне со децата и да се побара прошка од Бога. Настојувајте да ги придобиете за Христа преку манифестација на љубезност и љубов и вие ќе видите како една повозвишена сила од било која земна сила соработува со вашите напори.

Кога сте принудени да го исправите детето, не го кревајте гласот високо… Не губете самоконтрола. Родителот кој, кога го казнува детето, му дава место на гневот сноси поголема вина отколку детето.

Карањето и раздразнувањето никогаш не помагаат. Грубите и гневни зборови немаат небесно потекло. Карањето и раздразнувањето на децата никогаш не помагаат. Наместо тоа, тие ги потикнуваат најлошите чувства на човечкото срце. Кога вашите деца грешат и се исполнети со бунтовништво и вие сте искушани да зборувате и постапувате грубо, почекајте пред да ги казните.

Дајте им можност да мислат и дозволете му на својот темперамент да се олади.

Кога постапувате љубезно и нежно со своите деца, заедно ќе го примите Божјиот благослов. Дали мислите дека некој на денот на Божјиот суд ќе жали за тоа што бил трпелив и љубезен со своите деца?

Нервозата не е оправдание за нетрпеливоста. Родителите својот погрешен начин на постапување го оправдуваат со тоа што не се чувствуваат добро. Тие се нервозни и сметаат дека во таа состојба не можат да бидат трпеливи, смирени и пријатни. Со тоа тие се мамат себеси, а на сатаната му пружаат задоволство да ликува заради тоа што тие преку благодатта Божја, понудена во толкаво изобилие, не ги совладале своите природни наклоности. Тие се должни во секое време да владеат со себеси. Тоа Бог го бара од нив.

Понекогаш кога се уморни од работа или потиснати со грижи, родителите немаат смирен дух, туку манифестираат недостаток на трпение коешто не е удогно пред Бога и кое донесува облак над семејството. Родители, кога се чувствувате раздразливи, не чинете толку голем грев со тоа што ќе го затруете целото семејство со таа опасна иритабилност. При такво време поставете двојна стража над себеси и решете ниту еден збор, освен угодни, бодри зборови да не излезат од вашите усни. Практикувајќи таква самоконтрола, вие ќе станувате посилни. Вашиот нервен систем нема да биде толку чувствителен… Исус ги знае нашите слабости и Тој самиот имал дел во нашето искуство во сите нешта освен грев; заради тоа Тој за нас има подготвено пат кој одговара за нашата сила и способност.

Понекогаш се чини како да се оди наопаку во семејниот круг. Постои раздразливост насекаде и изгледа како сите да се мизерни и несреќни. Родителите за тоа ги обвинуваат своите деца и за нив мислат дека се многу непослушни и непокорни, најлоши деца на светот, кога причината за безредие почива кај нив. Бог од нив бара да практикуваат самоконтрола. Тие треба да сфатат кога им се препуштаат на нетрпеливоста и раздразливоста, тие причинуваат другите да страдаат. Оние околу нив се погодени од духот кој тие го манифестираат, и доколку како одѕив тие постапуваат според истиот дух, злото се зголемува.

Понекогаш постои сила во молчењето. Оние кои сакаат да управуваат со другите, мораат прво да научат да управуваат со себеси… Кога родителот или учителот ќе стане нетрпелив или е во опасност да зборува неразумно, тогаш нека замолкне. Во мопчењето се крие чудесна сила.

Дадете малку заповеди; тогаш барајте послушност. Нека мајките водат грижа да не прават непотребни барања како би ја покажале својата власт пред другите. Дајте малку заповеди, но гпедајте тие да бидат почитувани.

Немојте… во вашата дисциппина на децата да ги ослободувате од она што барате тие да сторат. Нека вашиот ум не биде топку преокупиран со други нешта како тоа би причинипо вие да бидете безгрижни. И не станувајте уморни во своето старатепство затоа што вашите деца забораваат и го чинат она што вие сте им го забраниле.

Цепта на сите ваши заповеди треба да биде за највозвишено добро за вашите деца и гледајте тие заповеди да бидат почитувани. Вашата енергија и одпука мора да биде непоколеблива, но сепак секогаш во потчинетост на Христовиот Дух.

Соочување со немарливо дете. Кога ќе побарате од своето дете да направи нешто, а тоа одговари: „Да, јас ќе го сторам тоа,“ а потоа занемарува да го испопни својот збор, вие не смеете тоа така да го оставите. Вие морате да го повикате детето да одговара за тоа занемарување. Докопку поминете низ тоа без забепешка, вие своето дете го образувате на навики на занемарување и неверност. Бог на секое дете му има дадено нешто за кое тоа е одговорно. Децата треба да ги почитуваат своите родитепи. Тие треба да помогнат во носењето на бремињата и одговорностите на домот; и ако занемарат да ја извршат својата одредена работа, тие треба да бидат повикани на одговорност и од нив да се бара да го извршат тоа.

Последици од непромислена, еднолика дисциплина. Кога децата имаат направено нешто погрешно, тие самите се убедени за својот грев и се чувствуваат понижени и вознемирени. Кога тогаш би биле укорувани за своите грешки, тоа често пати ќе резултира со тоа што тие ќе станат тврдогпави и таинствени. Како ждре

биња кои не се потчинуваат, тие изгледаат одлучни во правењето неволји, и укорувањето нема да направи никакво добро. Родителите треба да настојуваат да ги одвратат нивните умови во некоја друга насока.

Но проблемот е во тоа што родителите не се еднобразни во своето управување, туку повеќе постапуваат според импулс отколку од принцип. Тие излеваат страсти и не поставуваат пред своите деца пример на тоа какви треба да бидат христијанските родители. Еден ден тие ги прогледуваат грешките на своите деца, а следниот ден не манифестираат трпение или самоконтрола. Тие не се држат до патот Господов за да вршат правда и суд. Тие често пати се повеќе виновни отколку нивните деца.

Некои деца наскоро ќе го заборават лошото што им е направено од таткото и мајката; но други деца кои се поинакви не можат да заборават грубо, неразумно казнување кое тие не го заслужиле. Така на нивните души им е наштетено и нивните умови се збркани. Мајката ги губи своите можности да внесе правилни начела во умот на детето, заради што не негува самоконтрола и манифестира добро балансиран ум во нејзиното однесување и дела.

Бидете толки смирени, толку слободни од гнев, како би биле уверени дека вие ги сакате, и покрај тоа што ги казнувате.

Предизвиците понекогаш се подобри од казнувањето. Јасимам чувствувано таков длабок интерес во овој дел од делото така што имам присвоено деца како тие би биле воспитани на правилен начин. Наместо да ги казнувам кога грешат, јас за нив креирав предизвици за да чинат добро. Едно девојче имаше навика да се фрла себеси на подот за да може да и биде дозволено да чини како сака. Јас нејзе и реков: „Доколку не го изгубиш својот темперамент за еден ден, чичко Вајт и јас ќе те земеме во кочија и ќе поминеме еден среќен ден во природа. Но доколку се фрлиш еднаш на подот, ти ќе го изгубиш тоа право на задоволство.“ Јас работев на тој начин за тие деца и сега сум благодарна дека имав можност да чинам така.

Со погрешното постапувај неодложно, мудро но цврсто.

Непослушноста мора да биде казнета. Погрешното мора да биде исправено. Злото кое постои во срцето на едно дете мора да биде соочено и победено од страна на родителите и учителите. Со грешките мора да се соочиме неодложно и мудро, со цврстина и одлучност. Омраза кон ограничувањето, љубов кон самопопуштањето, рамнодушноста во поглед на вечните нешта, се нешта со кои треба грижливо да се постапи. И повеќе од тоа: оној кој себеси се предава на сатанското водство настојува постојано да ги мами другите. Од најраните години на детето, треба да настојуваме во него да го потчиниме духот на светот.

Стапот понекогаш е неопходен. Мајката може да се запраша: „Треба ли воопшто да го казнам своето дете?“

Шибањето може да биде неопходно кога други средства не помагаат; но сепак употребата на стапот треба да се избегне кога тоа е можно. Но ако благите мерки се покажат недоволни, детето треба да почувствува дека казната, кога станала неизбежна, се применува поттикната од љубов. Една таква корекција често пати се покажува доволна за цел живот.

И кога таквиот чекор стане неизбежен, на детето најпрво треба да му се предочи фактот дека тоа не се прави за да се задоволи родителот, или за да се воздигне неговиот авторитет, туку за доброто на самото дете. Детето треба да се поучи дека секоја неисправена грешка му донесува несреќа нему и тоа го предизвикува Божјето незадоволство. Под таква дисциплина детето во потчинување на својата волја на небесниот Отец ќе ја најде својата најголема среќа и успех.

Последен ресурс. Многу пати ќе согледате дека доколку со нив постапувате љубезно, нема да има потреба да се бичуваат. И таков начин на постапување со нив ќе ги води кон тоа да имаат доверба во вас. Тие од вас ќе начинат свој доверител. Тие ќе дојдат при вас и ќе речат: јас згрешив денес во толку часот и сакам да ми простиш и да го замолиш Бога да ми прости. Јас имам поминато низ слични сцени и заради тоа јас знам… Јас сум благодарна за тоа дека имав храброст, кога тие погрешија, со нив да се соочам цврсто, да се молам за нив и пред нив да го држам стандардот на Божјиот збор. Јас сум среќна дека пред нив ги претставив ветувањата на победникот и понудените награди за оние кои се верни.

Никогаш немојте да казнувате со страст. Никогаш детето не го казнувајте со страст, освен ако не сакате тие да научат да се тепаат и расправаат. Како родители, вие стоите на местото на Бога за вашите деца, и вие треба да внимавате над себеси.

Вие можеби ќе треба да казните со стап; тоа понекогаш е неопходно, но одложете да се соочите со таа потешкотија, додека не се здобиете со контрола врз себеси. Запрашајте се себеси: Дали јас го имам потчинето својот живот и волја на Бога? Дали се имам себеси поставено онаму каде Бог може да управува со мене за да имам мудрост, трпеливост, љубезност и љубов во соочувањето со тврдоглавоста во домот?

Предупредување до еден темпераментен татко. Брате Л. дали некогаш си размислувал што е детето и каде оди тоа? Твоите деца се помлади членови на Господовото семејство, браќа и сестри кои нашиот небесен Татко ги има доверено на ваша грижа, за да ги обучите и приготвите за небо. Доколку кон нив постапуваш така грубо како што често си чинел, зарем не помислуваш дека Бог ќе те повика на одговорност? Не смееш да бидеш така груб со своите деца. Детето не е ниту коњ ниту куче на кое можеш да му заповедаш како што сакаш или во секоја прилика да го натераш на послушност со стап, бич или со удирање. Има деца кои се со така лош ќуд така што им е потребна казна со удар, но во многу случаи со тоа се постигнува полошо…

Никогаш не подигнувај рака да ги удриш децата доколку со мирна совест не можеш да паднеш пред Бога и побараш од Него благослов за тоа казнување. Поттикнувај љубов во срцето на своите деца. Учете ги да се зауздуваат себеси поттикнати од благородни причини. Не им дозволувај да мислат дека мораат да ти се покоруваат само затоа што ти тоа го сакаш, затоа што тие се слаби а ти јак, затоа што ти си татко а тие деца. Доколку сакаш да го упропастиш своето семејство, тогаш само продолжи да владееш со груба сила и ќе успееш во тоа.

Никогаш не затресувајте дете кое погрешило. Јас имам речено дека кога се затресува едно дете, со тоа се внесува два зли духа во него, а истресува еден зол дух надвор. Доколку детето не е во право, да се затресе ќе го стори само полошо. Тоа него нема да го потчини.

Прво користи разум и молитва. Прво резонирајте со своите деца, јасно покажувајќи ги нивните грешки, втиснувајќи го врз нивиот ум фактот дека тие не само што имаат згрешено против тебе, туку и против Бога. Со срце полно со сочувство и жал за твоите деца кои грешат, моли се за нив пред да ги казнуваш. Тогаш тие ќе видат дека не ги казнуваш затоа што ти причинуваат непријатност или пак затоа што вие сакате да го истурите своето незадоволство врз нив, туку дека тоа е сторено од чувство на должност, за нивно добро; и тие ќе ве сакаат и почитуваат.

Таквата молитва може да изврши такво влијание врз нивните умови што тие ќе видат дека вие не сте неразумни. И доколку децата согледаат дека не сте неразумни, вие имате здобиено голема победа. Тоа е делото кое треба да биде вршено во нашето семејство во овие последни денови.

Ефективноста на молитвата при криза во дисциплината.

Не им се заканувајте со гневот Божји на децата доколку тие сторат нешто погрешно, туку преку своите молитви донесете ги при Христа.

Пред да го казните своето дете и да му зададете физичка болка, вие можете, како христијански татко и мајка, да покажете љубов кон своето заблудено малечко. Кога со своето дете ќе клекнете на молитва, повикајте се на зборовите на сочувствителниот Спасител: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај мене, и не им забранувајте; затоа што на таквите е царството Божјо.“ (Матеј 10:14) Таквата молитва ги доведува ангелите на ваша страна. Детето нема никогаш да го заборави таквото искуство. Таквото давање на поуки ќе ги прати Божји благослов, и детето ќе биде приведено кон Христа. Кога децата ќе сфатат дека родителите со своето настојување навистина сакаат да им помогнат и тие своите енергии ќе ги насочат во добра насока.

Лични искуства во дисциплинирањето. Јас никогаш не сум им дозволила на моите деца да мислат дека тие можат да ми нанесуваат порази во нивното детство. Јас исто така во моето семејство донесов деца од други семејства, но јас никогаш не им дозволив на тие деца да мислат дека тие можат да и нанесуваат порази на својата мајка. Никогаш не си дозволив да кажам некој груб збор или да станам нетрпелива или раздразлива кон децата. Тие ниту еднаш не ме изнервираа ниту еднаш не ме предизвикаа на гнев. Кога мојот дух беше возбуден, или пак се чувствував на кој и да е начин провоцирана, јас велев: „Деца, ние ќе го оставиме тоа да почива; сега нема ништо да речеме за тоа. Пред да одиме на спиење, ќе разговараме за тоа.“ Имајќи го сето тоа време за размислување, до вечерта тие ќе се оладеа, и јас со нив можев да се справам на многу поубав начин…

Постои правилен начин, а постои и погрешен начин. Јас никогаш не ја кренав својата рака над моите деца пред да разговарам со нив; и доколку тие се покорија, и доколку тие ја видоа својата грешка (а тие секогаш го правеа тоа кога јас во молитва го изнесував тоа пред нив), и доколку тие се потчинија (а тие секогаш го сторија тоа кога јас го правев ова) тогаш ги имав под моја контрола. Кога се молев со нив, тие целосно се понизуваа и покоруваа, фрлајќи ги своите раце околу мојот врат, почнувајќи да плачат…

Јас никогаш не дозволував, во исправањето на моите деца, дури ни мојот глас да се промени на кој и да е начин. Кога гледав нешто погрешно, јас чекав да помине жестокоста на ситуацијата и тогаш јас ќе ги повикав откако тие имаа време да размислуваат и беа засрамени. Тие би станале засрамени доколку јас им оставив еден час или два да размислуваат за тие нешта. Јас секогаш одев настрана и се молев. Јас тогаш не им се обраќав.

Откако тие беа оставени насамо за некое време, тие доаѓаа кај мене во врска со тој случај. „Добро,“ ќе речев јас „ние ќе чекаме до вечерта.“ И во тоа време ние ќе имаме молитва и тогаш јас ќе им речев дека тие ги имаат повредено своите души и го имаат ожалостено Духот Божји преку својот погрешен начин на постапување.

Одвојте време за молитва. Кога се чувствував вознемирена од тоа што децата го правеа и бев искушувана да зборувам зборови од кои би се засрамила, јас молчев и веднаш излегував од собата и го молев Бога да ми даде трпение со тие деца. Тогаш јас ќе се вратев и зборував со нив, велејќи им дека тие не смеат тоа да го повторат. Ние можеме да заземеме таква положба во таа прилика како не би предизвикале гнев кај децата. Ние треба да зборуваме љубезно и трпеливо, имајќи на ум колку сме и ние самите застранети и како сакаме да бидеме третирани од нашиот небесен Отец.

Радост може да следи по болката од дисциплинирањето.

Нека децата и младите бидат поучени дека секоја грешка, секоја мана, секоја тешкотија што сме ја совладале, станува скалило кон она што е подобро и повозвишено. Со такви искуства постигнале успех сите кои некогаш живееле живот вреден за живеење.

Следете го Божјиот прирачник. Библијата е прирачник за управување со децата. Тука, доколку родителите посакуваат, можат да најдат план за воспитување и образување на децата, за да не прават грешки… Кога тој прирачник се спеди, родителите, наместо на своите деца да им пружаат неограничени угодувања, почесто ќе го користат стапот за казнување; наместо да бидат слепи за нивните грешки, нивните перверзни темпераменти, и живи само за нивните доблести, тие ќе имаат јасно согпедување врз нештата и ќе гпедаат според светлината од Бибпијата. Тие ќе знаат дека мора да им заповедаат на децата да одат по правиот пат.

Башиот дел и Божјиот дел. Откако ја имате завршено верно својата обврска, тогаш донесете ги при Бога и помолете го да ви помогне. Кажете му дека го имате завршено својот деп и тогаш преку вера замопете го Бог да го заврши својот дел, тоа кој вие не можете да го извршите. Замолете го да ги убпажи нивните накпонетости, да ги направи меки и нежни преку Својот Свети Дух. Тој ќе ве спушне како се мопите. Тој ќе сака да ги воспиши вашите мопитви. Преку Својот Збор, Тој ви напожува да ги исправите своите деца, „не поштедувајќи ги заради нивното плачење“ и Неговиот Збор треба да биде земен во предвид во тие нешта.

Сподели го ова:

Слични објави