Г Л А В A 4 3 – Дисциплина во домот

Сподели го ова:

Добро подредени и добро дисциплинирани семејства. Обврска е за оние кои тврдат дека се христијани да му покажат на светот добро подредени, добро дисциплинирани семејства семејства кои ќе ја покажат силата на вистинското христијанство.

Не е лесна работа децата мудро да се воспитаат и обучат. Како што родителите се обидуваат пред себеси да го имаат судот и Божјиот страв, така ќе се појават потешкотии. Децата ќе ја откријат расипаноста која била врзана во нивните срца. Тие покажуваат љубов кон глупоста, кон независноста и омраза за ограничувањето и дисциплината. Тие мамат и искажуваат лаги. Премногу родители наместо да ги казнуваат своите деца заради тие дефекти, себеси се заслепуваат да не видат што се наоѓа под површината или да го согледаат вистинското значење на тие нешта. Заради тоа децата продолжуваат да мамат, формирајќи карактер кој Бог не може да го одобри.

Стандардот подигнат во Божјата Реч е отфрлен од страна од родителите на кои не им се допаѓа, како што некои го имаат тоа наречено, да користат лудачка кошула во воспитувањето на своите деца. На многу родители не им се допаѓаат принципите на Божјата Реч, затоа што тие принципи поставуваат врз нив премногу голема одговорност. Но она што децата ќе станат подоцна, и коешто сите родители ќе го видат, покажува дека Божјите патишта се најдобри и дека единствениот пат на сигурност и среќа се наоѓа во послушноста на Неговата волја.

Ограничувањето на децата не е лесна задача. Во сегашната состојба на нештата во општеството, не претставува лесна задача за родителите да ги ограничат своите деца и да ги поучат според библиското правило за она што е исправно. Кога тие ги воспитуваат своите деца во хармонија со начелата на Божјиот Збор и, како Авраам во старо време, им заповедаат на своите домаќинства да ги следат по Господовиот пат, децата мислат дека нивните родители се премногу внимателни и дека непотребно бараат многу од нив.

Погрешни мислења во погпед на ограничувањето. Да му се дозволи на детето да се раководи според своите природни склоности и моментални импулси значи да му се дозволи да се изопачува и станува вешто на зло. Мудрите родители нема никогаш да им кажат на своите деца: „Бирајте што ви се допаѓа; одете каде сакате и правете што сакате“; туку ќе речат: „Слушајте ги упатствата и налозите дадени во Божјата реч.“ Правилата и ограничувањата мора мудро да се постават и применат, за животот во семејството да не би биде лишен од својата убавина и привлечност.

Спепата љубов на родитепите претставува најгопема пречка во воспитувањето. Гревот на родителската занемареност е скоро универзален. Слепа љубов кон оние кои се поврзани со нас преку врските на природата е премногу честа појава. Оваа приврзаност е во големо спроведена; таа не е балансирана преку мудрост или страв Божји. Слепата родителска љубов е најголема пречка на патот на правилното воспитување на децата. Таа ја попречува дисциплината и обучувањето коешто се бара од Бога. Понекогаш, заради таа приврзаност, изгледа како родителите да се лишени од својот разум. Тоа е како нежната милост на злите суровост замаскирана во облека на таканаречена љубов. Тоа е таа опасна подводна струја која ги води децата во пропаст.

Родителите се во постојана опасност да и попуштаат на природната љубов на штета на послушноста кон Божјиот закон. Многу родители, за да им угодат на своите деца, го дозволуваат она што Бог го забранува.

Родителите се одговорни за она што децата можепе да станат. Доколку како учители во домот, таткото и мајката им дозволат на децата конците на контрола да ги земат во свои раце и потоа застранат, тие се сметаат за одговорни за тоа што нивните деца би можеле да бидат.

Сите кои во својата слепа љубов кон децата се раководат од своите склоности, дозволувајќи им на децата да ги задоволуваат своите себични желби и не го истакнуваат Божјиот авторитет со тоа што ќе ги укоруваат нивните гревови и ќе ги казнуваат нивните лоши дела, јасно покажуваат дека повеќе ги ценат своите безбожни деца отколку Бога. Тие повеќе се трудат да го сочуваат угледот на

своите деца отколку да го прослават Бога; повеќе настојуваат да им угодат на своите деца отколку на Господа…

Оние кои немаат доволно храброст да го осудат погрешното или оние кои поради својата рамнодушност или недостиг на интересирање не вложуваат сериозни напори да го очистат семејството или Божјата црква, ќе бидат одговорни за сите зла што можат да произлезат од нивното занемарување на должностите. Ние сме исто толку одговорни за злото што сме можеле да го спречиме со родителскиот или со пасторскиот авторитет, како самите да сме го сториле.

Нема место за пристрасност. Многу е природно родителите да бидат пристрасни кон своите деца. Посебно ако тие родители чувствуваат дека самите поседуваат супериорни способности, ќе ги сметаат своите деца за супериорни над другите. Заради тоа многу од она што можело строго да се укори кај нивните деца се смета за паметно и остроумно. Додека таа пристрасност е природна, таа не е праведна и христијанска. Голема штета вршиме врз нашите деца кога дозволуваме тие грешки да опстојуваат некорегирани.

Не правете компромис со злото. Мора да им се објасни дека Божјото владеење не познава компромис со злото. Ни во домот ни во училиштето непослушноста не смее да се толерира. Ниту еден родител или учител, кому му лежи на срце доброто на оние што му се доверени, нема да се нагодува со тврдоглавата самоволност која отфрла авторитет, или прибегнува кон изговори, и заобиколувања со цел да ја избегне послушноста. Само лажната чувствителност, а не љубовта си поигрува со злото, се обидува преку ласкање или подмитување да обезбеди согласност и конечно прифаќа некоја замена наместо она што го барала.

Денес во премногу семејства постои премногу самоугодување и непослушност која не се исправа, или пак е манифестиран неподнослив, господарски дух кој создава најлоши зла во диспозицијата на децата. Родителите некогаш ги исправаат на таков непромислен начин што нивните животи се направени мизерни и тие го губат сиот почит кон таткото, мајката, браќата и сестрите.

Родителите пропуштаат да ги разберат правилните начела.

Големо страдање има надојдено врз човештвото затоа што родителите се одалечиле од божествениот план да ги следат своите замисли и несовршено развиени идеи. Многу родители го следат својот моментален импулс. Тие забораваат дека сегашното и идното добро на нивните деца бара паметна дисциплина.

Бог не прифаќа оправдување за погрешно управување со децата. Премногу често во срцата на децата се предизвикува побуна заради погрешната дисциплина на родителите, но во случај да се применел правилен начин, децата би формирале добри и хармонични карактери.

Додека родителите имаат сила да ги дисциплинираат, образуваат и обучат своите деца, нека ја употребуваат таа сила за Бога. Тој од нив бара чиста, непорочна, незастранувачка послушност. Тој нема да толерира ништо друго. Тој нема да го оправда погрешното справување со децата.

Победете го природниот дух на своегпавост. Некои деца се природно посвоеглави од други и нема да се препуштат на дисциплина, и како последици тие себеси се прават многу непривлечни и непријатни. Доколку мајката нема мудрост како да се справи со таа фаза на карактерот, ќе дојде до најнесреќна состојба на нештата; затоа што таквите деца ќе го следат својот ум кој води кон нивно уништување. Но колку е ужасно едно дете да негува дух на своеглавост не само во детството, туку и во позрелите години, а заради недостаток на согласување во детството, тоа држи при себе огорченост и нељубезност во мажественоста и женственоста кон мајката која пропуштила своите деца да ги порасне под ограничување.

Никогаш не му вепете на детето: „Јас не можам ништо да сторам со тебе.“ Нека вашето дете не ве слушне никогаш да кажете: „Јас не можам ништо да сторам со тебе.“ Се додека имаме пристап до Божјиот престол, ние како родители треба да се засрамиме да кажеме нешто такво. Повикајте кон Христа и Тој ќе ви помогне своите деца да ги донесете при Него.

Семејното управување теба да биде внимателно проучувано. Јас сум слушнала како некои мајки велат дека немаат способност да управуваат како што тоа го можат другите, дека тоа е посебен талент кој не го поседуваат. Оние кои го сфаќаат својот недостаток треба семејното управување да го сторат дел од своето проучување. Но сепак највредните сугестии од другите не треба да бидат прифатени без размислување и разликување. Тие можеби не се еднакво адаптирани за околностите на секоја мајка или кон посебната диспозиција и темперамент на секое дете во семејството. Нека мајката грижпиво го проучува искуството на другите, нека таа ја забепежи разпиката помеѓу нивните методи и нејзините и вниматепно да ги испита оние кои изгпедаат дека се од вистинска вредност. Докопку еден метод на дисциппина не ги донесе посакуваните резуптати, нека биде пробан поинаков ппан, и резултатите ќе бидат вниматепно забележани.

Мајките, повеќе од сите други, треба да се навикнат себеси на размиспување и испитување. Доколку тие бидат истрајни во тоа, ќе откријат дека се здобиваат со способност, која миспепе дека им недостига, дека тие учат како да обпикуваат правипни карактери кај своите деца. Резуптатите од работата и размислувањата посветени на оваа работа ќе бидат видени во нивната поспушност, нивната едноставност, скромност и морална чистота; и богато ќе бидат отппатени сите впожени напори.

Родителите треба да бидат соединети во дисциплината.

Во своите напори во душата на своите деца да попожи добар темеп на христијански карактер, мајката секогаш треба да ја има поддршката и соработката од таткото. Колку и да е нежен, таткото не смее да ги затвора очите за погрешките и маните на своите деца само затоа што не му е пријатно да ги казнува.

Правилните принципи мораат да бидат зацврстени во умот на детето. Докопку родитепите се единствени во ова дело на дисциплинирање, детето ќе разбере што се бара од него. Но доколку таткото, преку збор ипи поглед, покаже дека тој не ја одобрува дисциппината која ја пружа мајката, докопку тој миспи дека таа е премногу строга и миспи дека тој мора да надомести заради грубоста преку мазење и попуштање, детето ќе биде упропастено. Од родитепи кои чувствуваат сочуство ќе биде практикувана измама и детето наскоро ќе научи дека тоа може да чини како му е угодно. Родителите кои го чинат тој грев против своите деца ќе бидат одговорни за пропаста на нивните души.

Комбинирано влијанието на љубовта и авторитетот. Нека светлината на небесната благодат го проткае вашиот карактер, за да постои сончева светпина во домот. Нека постојат мир, убави зборови и бодри изрази на лицето. Тоа не е спепа љубов, не е таа нежност која поттикнува грев преку немудро попуштање, и кое што претставува најголема суровост, не е пажна љубов која му дозвопува на детето да впадее и од родителите да прави робови на неговите каприци. Не треба да постои родитепска пристрасност, не треба да постои опресија; комбинираното впијание на љубовта и авторитетот ќе постави правипна матрица врз семејството.

Претставувајте го Божјиот карактер во дисциплината. Би дете цврсти, бидете одпучни во спроведувањето на Бибписките инструкции, но бидете спободни од сите страсти. Имајте на ум дека кога станувате груби и неразумни пред своите мапечки, вие ги учите да бидат исто такви. Бог бара од вас да ги воспитате своите деца, воведувајќи го во својата дисциппина сето устројство на еден мудар учитеп кој е под Божја контропа. Доколку Божјата трансформирачка сипа се практикува во вашиот дом, вие самите постојано ќе учите. Вие ќе го претставувате карактерот Христов и вашите напори во таа насока ќе бидат угодни за Бога. Никогаш не ја занемарувајте работата која треба да биде извршена за помпадите чпенови на Господовото семејство. Родители, вие сте светпина во домот. Тогаш вашата светпина нека светпи преку угодни зборови, и смирувачки тон на гпасот. Од нив извадете го сето осило преку молитва кон Бога за самоконтрола. И ангелите ќе бидат во вашиот дом, затоа што тие ќе ја набљудуваат вашата светлина. Дисциплината која вие им ја пружате на вашите деца ќе произлегува во силни, јасни струи од вашиот исправно раководен дом кон светот.

Да не постои колебање во правилните начела. Во старо време родителскиот авторитет бил почитуван и уважуван; децата биле потчинети на своите родители слушајќи ги со стравопочит; меѓутоа, во ова последно време тој ред е наопаку. Многу родители се целосно потчинети на своите деца. Тие не се осмелуваат да се спротивстават на волјата на своите деца и затоа им се потчинуваат. Меѓутоа, се додека тие се под покривот на своите родители и зависат од нив, децата се должни да се потчинуваат на нивната контрола. Родителите мораат да бидат одлучни, барајќи нивните гледишта и расудувања да се уважуваат.

Превземете крајни мерки доколку доброволната послушност не е прифатлива. Некои попустливи родители кои ја сакаат леснотијата се плашат да практикуваат здрав авторитет над своите непокорни деца, за во некој случај тие да не си заминат од дома. За некои би било подобро да го сторат тоа отколку да останат дома и да живеат на грбот на своите родители, во исто време газејќи врз сиот авторитет, човечки и божествен. Можеби ќе биде најдобро таквите деца да доживеат такво искуство за кое тие мислат дека е толку пожелно, да научат дека чини нешто да се заработи за живот. Нека родителите му кажат на момчето кое се заканува дека ќе си оди од дома: „Синко мој, доколку си одлучен да го напуштиш домот попрво отколку да дојдеш во согласност со праведните и прикладни правила кои постојат тука, ние нема да те попречиме во тоа. Доколку мислиш дека светот ќе биде попријателски кон тебе од твоите родители кои за тебе се грижеле отсекогаш, ти ќе мора сам да научиш од таа грешка. Кога ќе посакаш да дојдеш во домот на својот татко и да се потчиниш на неговиот авторитет, ти си добредојден. Обврските се обострани. Додека ти се пружа храна, облека и родителска грижа, ти за возврат си должен да се потчиниш на правилата во домот и на здравата дисциплина. Мојот дом не може да биде загаден со мирисот на тутун, со безбожност или пијанство. Јас посакувам Божјите ангели да дојдат во мојот дом. Доколку ти целосно си одлучен да му служиш на сатаната, ти ќе бидеш во толку добра заедница со она друштво кое ти го сакаш како што ќе бидеш со нив кога и би останал дома.“

Таквиот начин на постапување ќе го сопре патот кон пропаст на илјадници. Но често пати децата знаат дека тие можат да го чинат она што е најлошо, а сепак една немудра мајка да се застапува за нив и да ги сокрие нивните престапи. Многу бунтовнички синови ликуваат заради тоа што нивните родители немаат сила да ги ограничат… Тие не присилуваат на послушност. Таквите родители ги поттикнуваат своите деца на трошење и не го почитуваат Бога преку нивното немудро попуштање. Тие бунтовнички, расипани млади го формираат најтешкиот елемент кој може да се контролира во училиштата и факултетите.

Не бидете уморни во чинење на она што е добро. Работата на родителите не запира. Таа не треба да биде превземена со вигор за еден ден и занемарена следниот. Многумина се подготвени да ја започнат работата, но немаат волја да истраат во неа. Тие се желни да започнат некоја голема работа, да направат некоја голема жртва; но тие тонат пред непрестаната грижа и напори во малите нешта од секојдневниот живот, секојчасовното кастрење и воспитување на страните тенденции, делото на поучување, укорување или охрабрување, малку по малку како што е тоа потребно. Тие посакуваат нивните деца да ги исправат своите мани и да формираат правилни карактери оддеднаш, достигнувајќи го врвот со поскок, а не преку постепени чекори; и заради тоа што нивните надежи не се веднаш реализирани, тие се обесхрабруваат. Нека таквите личности се охрабрат кога ќе се сетат на зборовите на апостолот: „Да не бидеме уморни да чиниме добро, зашто ќе жнееме во право време ако не се умориме.“

Децата на оние кои ја празнуваат саботата можат да станат нетрпеливи поради ограничувањата, мислејќи дека нивните родители се премногу строги; во срцата на младите можат да се родат непријатни чувства и тие можат да станат незадоволни и несреќни, окривувајќи ги за тоа оние кои се грижат за нивното сегашно, идно и вечно добро. Но само за неколку години подоцна тие ќе им бидат благодарни на своите родители за оваа строгост, грижа и буден надзор во времето кога тие се уште биле неискусни.

Читајте поттикнувања од Божјиот Збор. Кога децата грешат, родителите треба да одвојат време ним да им читаат нежно од Божјиот збор такви поттикнувња кои посебно важат за нивниот случај. Кога тие се испитани, искушани или обесхрабрени, цитирајте им ги драгоцените зборови на утеха од Библијата, и нежно водете ги да ја стават својата доверба во Исуса Христа. Така младиот ум може да биде насочен кон она што е чисто и облагородувачко. И како што големите проблеми на животот и делувањата Божји со човечката раса се откриени за нивното разбирање, се практикуваат резонирачките сили, судот се буди, додека поуките за божествената вистина се втиснати врз срцето. Така родителите можат секојдневно да ги обликуваат карактерите на своите деца, за да бидат погодни за идниот живот.

Сподели го ова:

Слични објави