Г Л А В A 4 2 – Време да се започне со дисциплина
Родителите кои им попуштаат на своите деца се дисквалификуваат за небесниот ред. На небото постои совршен ред, совршена слога и еднодушност. Доколку родителите не успеат да ги навикнат своите деца на послушност, како можат да се надеваат да бидат примени во друштвото на светите ангели во светот каде владее мир и хармонија?
Оние кои што немаат почит кон редот и дисциплината во овој живот нема да имаат респект ниту за редот кој владее на небото. Тие никогаш нема да бидат примени таму, затоа што сите коишто ќе се удостојат да влезат на небото ќе бидат љубители на редот и ќе ја почитуваат дисциплината. Карактерот кој ќе биде формиран на оваа земја одлучува за вечната судбина. Кога Христос ќе дојде, Тој нема да го промени карактерот на ниту една личност… Родителите не треба да занемарат ниту една обврска кон своите деца. Тие треба да ги воспитуваат своите деца, како тие би биле на благослов за општеството на оваа земја и да можат да ја примат наградата на идниот вечен живот.
Кога дисциплината треба да започне. Тогаш кога детето ќе започне да ја одбира својата волја и начин на постапување, тогаш треба да започне со неговото воспитување и дисциплина. Тоа може да се нарече несвесно образование. Тогаш треба да започне едно дело, свесно и силно. Најголемото бреме за оваа работа почива врз мајката. Таа е прва која се грижи за детето, и таа ја поставува основата на воспитувањето кое на детето ќе му помогне да развие силен и симетричен карактер…
Често пати бебињата покажуваат најодлучна волја. Доколку таа волја не е потчинета на помудар авторитет отколку невоспитаните желби на детето, сатаната превзема контрола врз умот и ја обликува наклонетоста во согласност со неговата волја.
Занемарувањето на делото на дисциплинирање и воспитување додека изопачената наклонетост се засилува, му чини најголема штета на детето; затоа што тоа пораснува да биде себично, кое многу бара и кое луѓето не се наклонети да го сакаат. Дури ни самите тие не можат да се поднесат како што тоа не можат да го сторат ни другите; заради тоа тие секогаш ќе бидат исполнети со незадоволство. Делото на мајката мора да започне на рани години, не давајќи му на сатаната можност да ги контролира умовите и наклонетостите на нивните малечки.
Потиснете го првото појавување на злото. Родители, вие треба да започнете со првите поуки за дисциплината кога вашите деца се бебиња во вашите раце. Учете ги својата волја да ја потчинат на вашата. Тоа може да се постигне со сталоженост, но исто така и со исполување на цврстината. Родителите мораат совршено да владеат со своите чувства и благо, но одлучно да ја свиваат волјата на детето се додека тоа не се навикне дека не може да очекува ништо друго освен да се потчини на нивната волја.
Родителите со тоа обично не почнуваат на време. Првото исполување на темперамент не се угушува на време и децата растат во тврдоглавост, која се зголемува со нивното раснење и се засилува со нивната сила.
„Премногу млади за да бидат казнети?“ Илија не управувал со своето семејство според начелата што ги пропишал Бог. Тој работел по своја замисла. Нежниот татко пропуштил недостатоците и грешките на своите синови да ги исправи во нивното детство, мислејќи дека со текот на времето нивните лоши склоности ќе се загубат сами од себе. И денес многу родители прават иста грешка. Тие мислат дека познаваат подобар начин на воспитување на своите деца од начинот што го пропишал Бог во Својата реч. Тие поттикнуваат лоши склоности кај нив, правдајќи го тоа со зборовите: „Децата се уште малечки за казната да ја сфатат правилно. Треба да се почека додека станат разумни, па работата убаво да им се објасни.“ Така на лошите навики им се дозволува да се засилуваат и тие стануваат дел од природата. Така децата растат незауздани и неослободени од карактерните недостатоци кои во текот на целиот живот ќе им служат на проклетство, и кои лесно ќе преминуваат врз другите.
Нема поголемо проклетство за едно семејство отколку на децата да им се попушта на волјата. Ако родителите ја исполнуваат секоја желба на своите деца и им дозволуваат да прават нешто што знаат дека нема да им служи на добро, децата бргу губат секоја почит кон родителите, не го уважуваат ниту Божјиот ниту човечкиот авторитет и сатаната живи ги лови, ставајќи ги под своја власт.
Нека домашното воспитување биде пред другите занимања.
Многумина укажуваат на децата на проповедниците, учителите и другите луѓе со висока репутација на образованост и побожност и уверуваат дека доколку овие луѓе, со своите супериорни предности, не успеваат во управувањето со семејството, оние кои се помалку угодни не треба да се надеваат на успех. Прашањето кое треба да се постави гласи: дали тие луѓе на своите деца им го дале тоа што е нивно право добар пример, верна поука и правилно ограничување? Преку занемарување на тие неопходности родителите на општеството му даваат деца кои се неврамнотежени во умот, нетрпеливи при ограничување и во незнаење за должностите на секојдневниот живот. Со тоа тие на светот му нанесуваат штета којашто го натежнува сето добро кое тие го извршуваат преку својата работа. Тие на децата им ја пренесуваат својата перверзност на карактерот како наследство, и во исто време нивниот зол пример и влијание го расипува општеството и прави пустош во црквата. Ние не можеме да мислиме дека било кој човек, колкава и да е неговата способност и корисност, најдобро му служи на Бога или светот додека неговото време е посветено на други нешта на сметка на занемарување на своите деца.
Ветена е соработка од небото. Бог ќе благослови праведна и исправна дисциплина. Но „без мене“, вели Христос, „вие не можете да чините ништо.“ Небесните битија не можат да соработуваат со татковците и мајките, кои му дозволуваат на сатаната да се зафати за тоа малечко бебе, тој младешки ум, како инструмент преку кој може да работи во спротивност на делувањето на Светиот Дух.