Г Л А В A 4 1 – Предмети на дисциплината

Сподели го ова:

Самоуправувањето огромен предмет. Целта на дисциплината е увежбување на детето да владее со себеси. Тоа мора да научи да се потпира и да управува со себеси. Затоа, штом ќе се стекне со способност на расудување, треба да се придобие неговиот разум, да се согласи на послушност. Сите постапки кон него треба да бидат такви што ќе покажат дека барањето за послушност е оправдано и разумно. Помогнете му да согледа дека се е подложно на законот и дека непослушноста на крајот доведува до пропаст и страдање. Кога Бог вели: „Немој“, Тој од љубов не предупредува на последиците од непослушноста, за да не спаси од злото и губитоците.

Користи ја силата на волјата. Вистинската цел на укорот се постигнува дури кога самиот престапник е наведен да ја согледа својата грешка и кога неговата волја е поттикната да ја исправи. Кога ќе го постигнете ова, укажете му на изворот на простување и сила.

Исправни навики, наклонетости, зли тенденции. Родителите имаат задача да ограничат, водат и управуваат. Тие не можат да извршат поголемо зло отколку да им дозволат на децата да ги задоволат сите свои детски желби и фантазии, да ги остават да ги следат своите наклонетости; тие не можат да им направат поголемо зло отколку врз нивниот ум да остават впечаток дека тие треба да живеат за да си угодат и да се забавуваат, да го одберат својот начин на живот и го најдат своето задоволство и друштво… На младите им се потребни родители кои ќе ги воспитаат и дисциплинираат, кои ќе ги исправат нивните лоши навики и наклонетости и да ги отсечат нивните зли тенденции.

Срушете ги сатанските бедеми. Мајки, судбината на вашите деца на големо почива во вашите раце. Доколку вие попуштите во должноста, нив можете да ги поставите во редовите на сатаната и тој да ги користи како свои слуги во уништувањето на други души, или пак вашата верна дисциплина и побожен пример може да гиводи до Христа, и тие потоа ќе влијаат врз другите така што многу души можат да бидат спасени преку нив.

Ние треба внимателно да настојуваме да ги исправиме нашите грешки во минатото. Ние треба да ги срушиме бедемите на сатаната. Милостиво да ги исправиме нашите сакани и да ги чуваме од силата на злото. Не бидете обесхрабрени.

Поучувајте ги на почит кон родителскиот и божествениот авторитет. Децата треба да бидат воспитани, образовани и дисциплинирани се додека тие не станат послушни на своите родители, почитувајќи го нивниот авторитет. На таков начин во нивните срца ќе биде всадена почит за божествениот авторитет и семејното воспитување ќе биде подготвително воспитување за небесното семејство. Воспитувањето на децата и младите треба да биде такво за децата да бидат подготвени да ги превземат своите верски должности, и така станат угодни да влезат во небесните дворови.

Послушност од начело а не присилување. Кажете им на своите деца што точно барате од нив. Тогаш тие нека разберат дека вашиот збор претставува закон и тој мора да се почитува. Така ги учите да ги почитуваат заповедите Божји, кои јасно велат, „Можеш,“ и „Немој“. Многу подобро е за твоето момче да биде послушно заради начелата, а не заради присилување.

Младите ќе се одѕват на довербата. Младите мора да бидат импресионирани со знаењето дека им се верува. Тие имаат чувство на чест, и сакаат да бидат почитувани, и тоа е правилно. Доколку учениците примат впечаток дека не можат да излегуваат или доаѓаат иседат крај масата или бидат било каде, дури и во нивните соби, а да не се пазени, тоа ќе има деморализирачко влијание врз нив и во разонодата нема да постои задоволство. Ова знаење за постојано надледување претставува повеќе од родителска грижа и дури полошо; затоа што мудрите родители, преку такт, често пати, под површината ќе го видат работењето на неуморниот ум во копнеењето на младите или под силите на искушенијата, и ќе постават план за да го запрат злото. Но ова постојано пазење не е природно, и од него произлегува зло кое треба да се избегне.

Самоуправување наспроти апсолутниот авторитет. Постојат многу семејства каде децата изгледаат дека се добро воспитани, додека се под дисциплина; но кога ќе се сруши системот кој што ги приврзувал за одредени прописи, таквите деца се неспособни да мислат, да работат и да одлучуваат за себеси. Таквите деца толку долго биле под железна дисциплина, која не им дозволувала сами да мислат и работат во оние нешта кои се за нив погодни така што изгубиле доверба во сопственото расудување и мислење. И кога тие ќе се одвојат од своите родители и ќе почнат да живеат независно, тогаш лесно се поведуваат по мислењето на другите и одат во погрешна насока. Таквите деца немаат стабилност на карактерот. Ним не им било дозволено да се потпираат на сопственото расудување во онаа мерка колку што тоа било можно и затоа нивниот ум не се развивал и засилувал како што треба. Тие толку долго биле под целосна власт на своите родители, така што во се се потпирале на нив; нивните родители за нив биле ум и разум.

Од друга страна, младите не треба да бидат оставени да мислат и чинат независно од расудувањето на своите родители и учители. Децата треба да бидат научени да го почитуваат искусното расудување и да ги слушаат своите родители и учители… Тие треба да бидат така воспитани како нивниот ум би се соединил со умот на нивните родители и учители, и така поучени како би ја увиделе потребата да ги слушаат нивните совети. Само така нивниот карактер, кога ќе се одвои од раководството на своите родители и учители, нема да биде како трска која се вее на ветрот.

Строгото воспитување на децата ќе доведе до едно телесно и умно заостанато потомство, ако при тоа не ги упатиме на постојано размислување и работа според нивните способности и наклонетости, за да во нив се развијат чувства, мисли, самопочит и потпирање на своите сопствени способности. Кога ќе дојде време да се потпрат на себеси, ќе видат дека биле дресирани како животни, а не воспитувани. Строгата дисциплина од страна на родителите и учителите не одела кон тоа да ја води нивната волја, туку да ја потчини.

Злото резултира кога еден ум доминира над друг. Оние родители и учители кои што се фалат дека имаат целосна контрола врз умовите и волјата на децата кои се под нивна грижа би преста неле со своето фалење кога би можеле да ја согледаат иднината на децата кои така се доведени во потчинетост преку сила или страв. Тие се скоро целосно неподготвени да примат сериозни одговорности во животот. Кога тие млади не се веќе под контрола на родителите и старателите и се принудени да мислат и постапуваат за себеси, тие скоро сигурно ќе тргнат по погрешен пат и ќе подлегнат на силата на искушението. Тие нема да постигнат успех во животот, а нивниот верски живот ќе ги покажува истите недостатоци. Кога воспитувачите на децата и младите би можеле да ги видат идните последици на својата строгост, би го промениле својот систем на воспитување. Таа класа на учители кои имаат скоро целосна контрола над волјата на своите ученици не се најуспешни учители и покрај сите ласкави надворешни изгледи.

Бог никогаш не замислил еден човечки ум да биде под целосна контрола на друг. И оние кои што се обидуват индивидуалноста на своите ученици целосно да ја потчинат на себеси и да им бидат ум, волја и совест, превземаат на себе ужасни одговорности. Тие ученици во одредени прилики ќе ни изгледаат како добро обучени војници. Но кога нема да бидат под стега, ќе согледаат дека се неспособни да работат самостојно по начелата кои би постоеле во нив.

Преку вешти и трпеливи напори. Треба да се има умешност и трпение и да се вложува многу труд карактерот на младите да се обликува како што треба. Особено оние деца кои на свет дошле оптоварени со наследство на злото, со директни последици од гревот на своите родители, треба многу внимателно да се воспитуваат, со цел нивните умствени и морални способности да се развијат и зајакнат. Одговорноста на родителите е навистина тешка. Злите склоности на детето треба внимателно да се спречуваат и обѕирно да се укоруваат; умот треба да се насочи кон она што е исправно. Детето треба да се поттикнува и охрабрува во настојувањето да владее со себеси. Сето ова треба да се направи промислено и разумно, инаку саканата цел нема да се постигне.

Сподели го ова:

Similar Posts