Г Л А В A 4 0 – Објаснете ги со пример христијанските начела

Сподели го ова:

Децата ќе ги имитираат родителите. Татковци и мајки, вие сте учители; вашите деца се ученици. Вашиот тон на гласот, вашето однесување и вашиот дух, се копирани од страна на вашите малечки.

Децата се угпедуваат на своите родители; затоа голема грижа треба да се посвети на тоа да им се даде добар пример. Родителите кои се љубезни и учтиви дома, додека во исто време се цврсти и одлучни, ќе ги видат истите карактеристики манифестирани кај своите деца. Доколку се искрени, чесни и полни со почит и нивните деца најверојатно ќе ги имаат истите карактеристики. Доколку тие имаат стравопочит од Бога и нему му служат, и нивните деца, воспитани на ист начин, нема да пропуштат да Му служат Нему исто така.

Во семејството, татковците и мајките треба секогаш пред своите деца да претставуваат пример на кој тие сакаат децата да се угпедаат Тие еден кон друг требе да манифестираат нежна почит во збор, погпед и дело. Тие треба да покажат дека нив ги управува Светиот Дух, со тоа што на своите деца ќе им го претстават карактерот на Исус Христос. Сипата на угледувањето е сипна; и во детството и мпадоста, кога оваа способност е најактивна, пред младите треба да биде поставен еден совршен пример. Децата треба да имаат доверба во своите родитепи и да ги прифатат лекциите кои родитепите сакаат да ги засадат во нивните животи.

Поучувај преку начела и пример. Мајката, при воспитување на своите деца, е во постојано учипиште. Додека таа ги поучува своите деца, таа секојдневно учи самата. Поуките кои таа им ги дава на своите деца во самоконтропа мораат да бидат практикувани од неа самата. Во соочувањето со разпични умови и распопоженија на нејзините деца, неа и се потребни остри сипи на запазување ипи таа ќе биде во опасност погрешно да просуди и да делува пристрасно кон своите деца. Таа треба да практикува љубезност во нејзиниот домашен живот докопку би сакапа нејзините деца да бидат учтиви и љубезни. Така тие лекции им се повторувани секој ден, преку начела и личен пример.

Учителите во училиштето ќе направат нешто во воспитувањето на вашите деца, меѓутоа вашиот пример ќе направи повеќе од она што може да биде сторено на други начини. Вашиот разговор, начинот на кој вие се справувате со вашите деловни работи, изразите за тоа што ви се допаѓа и не ви се допаѓа, сето тоа помага во обликувањето на карактерот. Љубезноста, самоконтролата и учтивоста кои детето ги гледа во вас, ќе бидат за него секојдневни лекции. Како и времето, и ова воспитување си минува, и тендецијата на ова секојдневно училиште треба од вашето дете да направи она што тоа треба да биде.

Внимавајте да не бидете груби кон своите деца… Барајте послушност, и не си дозволувајте себеси да зборувате непромислено со вашите деца, затоа што вашите манири и вашите зборови се нивен учебник. Помагајте им грижливо и нежно во тој период од нивниот живот. Нека светлината на вашето присуство засветли во нивните срца. Тие момчиња и девојчиња кои растат се многу чувствителни и преку грубост вие можете да го расипете целиот нивен живот. Бидете внимателни мајки; никогаш не укорувајте, затоа што тоа не помага.

Родителите треба да бидат пример за самоконтрола. Децата треба да стојат колку што е можно понастрана од возбудувања; заради тоа мајката мора да биде мирна и незабрзана, слободна од сето возбудување и нервоза. Тоа е училиште за нејзината дисциплина како и за таа на детето. Додека малечките ги учи на лекции на самоодрекување, таа себеси се воспитува да биде пример за детето. Додека со нежен интерес таа ја работи почвата на нивните срца, за да може да ги потчини природните грешни наклонетости, таа ги негува со нејзините зборови и однесување, доблестите на Духот.

Една победа здобиена над себеси ќе биде од голема вредност и охрабрување за вашите деца. Вие можете да стоите на возвишена почва, велејќи: Јас сум Господово лозје; Јас сум Господово здание. Јас се поставувам себеси под Неговата рака да бидам обликуван според божествената сличност, за да бидам соработник Божји во обликувањето на умовите и карактерите на моите деца за да биде полесно за нив да чекорат по Господовиот пат… Татковци и мајки, кога вие се контролирате себеси, вие ќе се здобиете со големи победи во контролирање на вашите деца.

Плодовите на самоконтрола. Родители, секогаш кога губите самоконтрола и зборувате или постапувате нетрпеливо, вие грешите против Бога. Ангелот записничар го запишува секој нетрпелив, невнимателен збор искажан пред нив, несакајќи или во шега; секој збор кој не е чист и воздигнат, ангелот го запишува како дамка на вашиот христијански карактер. Зборувајте љубезно со своите деца. Имајте на ум колку сте чувствителни, колку малку може да поднесете да бидете бламирани. Не го поставувајте врз нив она што вие не можете да го носите; затоа што тие се послаби од вас и не можат толку многу да истрајат. Плодовите на самоконтрола, промисленоста и напорите од ваша страна ќе бидат стопати повеќе.

Нека вашите угодни, бодри зборови секогаш бидат како сончева светлина во вашете семејство.

Врз децата влијае однесувањето на оние кои исповедаат христијанство. Некои од нив се многу добри деца кои ги исполнуваат своите должности што се однесува до земните работи; но тие не чувствуваат длабока увереност за гревот и не чувствуваат потреба за покајание од гревот. Таквите се во опасна ситуација. Тие ги гледаат однесувањето и трудот на оние кои исповедаат христијанство. Тие гледаат како некои кои исповедаат голема посветеност, не се совесни христијани и тие ги споредуваат своите гледишта и дела со тие камења на сопнување; заради тоа што не постојат очевидни гревови во нивните животи, тие себеси си ласкаат дека се во ред.

Учењата на Писмото немаат поголемо влијание врз младите само затоа што многу родители и учители тврдат дека веруваат во Божјата Реч додека со својот живот се одрекуваат од нејзината сила.

Родителите мора да му кажат „Не“ на искушението. Мајки, со тоа што нема да ја следите праксата на светот, вие можете пред децата да поставите пример на верност кон Бога, со што ќе ги учите да кажат не. Учете ги децата за значението на заповедта: „Ако те убедуваат грешниците, не се согласувај.“ Но доколку сакате вашите деца да му кажат не на искушението, вие самите мора да бидете во состојба да кажете не. Потребно е исто толку за возрасните да кажат не, како што е тоа потребно и за детето.

Покажете кротост преку пример. Родители, бидете љубезни и кротки со вашите деца и тие ќе се научат на кротост. Ние треба во нашите домови да покажеме дека сме христијани. Јас воопшто не го вреднувам она христијанство кое не е спроведено во домашниот живот преку љубезност, воздржување и љубов.

Бнимавајте на тонот на гласот и на зборовите. Нека ниту еден збор на раздразливост, грубост или страственост не ви избега од вашите усни. Благодатта Христова чека на ваше барање. Неговиот Дух ќе превземе контрола над вашите срца и совест, претседавајќи над вашите зборови и дела.

Родителите не можат со сигурност да постапуваат заповеднички на кој и да е начин. Тие не смеат да покажат господарски, критички дух кој наоѓа мани. Зборовите кои ги изговараат, тонот на кој ги изговараат, се лекции за добро или лошо за нивните деца. Татковци и мајки, доколку лоши зборови излегуваат од вашите усни, вие ги поучувате вашите деца да зборуваат на ист начин, и рефинирачкото влијание на Светиот Дух е без ефект. Трпеливата издржливост во чинењето добро е неопходна за вас доколку би сакале кон децата да ја извршите својата должност.

Бтиснување на божествениот лик. Вие морате да поучувате, предупредувате и советувате, секогаш имајќи на ум дека вашите погледи и дела имаат директно влијание врз идниот начин на постапување на вашите деца. Ваша работа не е да изработите убава слика на платно или истата да ја изделкате од мермер, туку врз човечката душа да го врежете Божјиот лик.

Сподели го ова:

Similar Posts