Г Л А В A 3 – Kога да се почне со воспитувањето на детето
Образованието почнува од мали нозе. Значењето на зборот „образование“ подразбира далеку повеќе отколку само студирање во некоја школска установа. Образованието почнува уште кога малото дете се наоѓа во рацете на неговата мајка. Додека мајката го формира и го обликува карактерот на своите деца, таа им дава образование.
Кога родителите ги испраќаат своите деца на училиште, тие мислат дека тоа е доволно за нивното образование. Меѓутоа, образованието допира многу пошироко отколку што мнозина го сфаќаат тоа; тоа во себе го содржи целокупниот процес во кој детето се поучува уште од својата најрана возраст до детството, од детството до младоста, од младоста па се додека не стане возрасен. Тогаш кога детето ќе почне да размислува, тогаш треба да започне и неговото воспитување.
Започнете кога умот е најприемлив. Образовното и воспитното дело треба да започне уште од најраното детство на детето; умот тогаш е најприемлив, и дадените поуки лесно се паметат.
Детето во суштина треба да добие воспитување во домашната школа, од јасли до полна зрелост. И, како што е тоа случај во добро организираните школи, потребното знаење го стекнуваат и самите учители; особено мајката, која е главен учител во домот, тука треба да ги научи најважните поуки за нејзиниот живот.
Родителите ја имаат таа должност да изговараат правилни зборови… Родителите треба од ден на ден да учат во Христовата школа, да учат поуки од Оној што безмерно ги сака. На тој начин, сторијата за Божјата вечна љубов, ќе му биде пренесена на нежното стадо во домашната школа. Според тоа, уште пред разумот целосно да се развие, децата можат да го примат правиот дух од своите родители.
Проучувај за раното воспитување. Предмет, кој сите родители треба внимателно да го проучат, е токму воспитувањето на детето од мали нозе. Ние треба воспитувањето на детето да го сфатиме како занимање, зашто нивното спасение во голема мерка зависи од воспитувањето што ќе им се даде во детството. Доколку родителите и старателите копнеат нивните деца да бидат чисти, и самите мораат да одржуваат чистота на срцето и животот. Секој родител треба да се воспитува и да се дисциплинира самиот себеси. Потоа, како учители во домот, ние можеме да ги воспитуваме нашите деца и да ги подготвиме да го примат бесмртното наследство.
Бажноста на воспитувањето на првото дете. Првото дете треба посебно да биде воспитувано со голема грижа, зошто тоа ќе влијае врз воспитувањето на останатите. Децата растат според влијанието на оние со кои се опкружени. Доколку се управувани од оние кои се бучни и немирни, тие и самите ќе станат бучни и речиси неподносливи.
Започнете правилно. Вашите деца се Божја сопственост и Тој платил со висока цена. О, татковци и мајки, однесувајте се кон нив на христијански начин.
Младите треба да бидат внимателно и промислено воспитани, бидејќи погрешните навики оформени во детството и младоста, честопати се присутни во текот на целокупното животно искуство. Бог нека ни помогне да ја согледаме неопходноста да имаме правилен почеток во воспитувањето на детето.