Г Л А В A 3 9 – Волјата фактор во успехот

Сподели го ова:

Секое дете треба да ја разбере силата на волјата. Волјата е управувачка сила во природата на човекот која владее со сите други способности. Волјата не е ниту вкус ниту наклонетост, туку сила за одлучување, која што во синовите човечки причинува послушност кон Бога, или непослушност.

Секое дете мора да ја согледа вистинската сила на волјата. Треба да му се помогне да разбере колкава е одговорноста поврзана со оваа дарба. Волјата е… сила за одлучување и избор.

Успехот доаѓа кога волјата му е предадена на Бога. Секое човечко суштество, надарено со разум, има способност да го избере доброто. Во секое животно искуство, Божјата Реч ни зборува: „Денес изберете кому ќе му служите!“ (Исус Навин 24:15) Секој може да ја стави својата волја на страната на Божјата волја, може да избере да Му биде послушен, и поврзувајќи се на тој начин со божествените сили, може да стане толку цврст што ништо нема да може да го принуди да прави зло. Во секое младо суштество, во секое дете, лежи сила која со Божја помош може да изгради чесен карактер и да живее полезен живот.

Родителот или учителот кој со такво поучување му помага на детето да владее со себеси, извршува најполезна работа и постигнува траен успех. На површниот набљудувач неговата работа можеби нема да му делува особено полезна; таа нема да биде ценета толку високо како работата на оној кој умот и волјата на детето ги потчинува на својата апсолутна власт; но подоцнежните години сепак ќе ги покажат резултатите од подобриот метод на воспитување.

Не ја ослабнувај туку насочувај ја волјата на детето. Сета сила на волјата треба да се чува, затоа што таа му е неопходна на секое човечко битие; но таа треба правилно да се насочи. Волјата на детето требе мудро и многу внимателно да се негува, како света драгоценост. Таа не смее насилно да се крши, туку преку поуки и вистински пример треба мудро да се обликува се додека детето не порасне и ги постигне годините на одговорност.

Детето треба да биде обучувано да ја потчини својата волја и наклонетост на волјата и авторитетот на своите родители. Кога родителите им даваат ваква поука на децата, тие ги воспитуваат да се потчинат на Божјата волја и да ги почитуваат Неговите барања, подготвувајќи се себеси да бидат членови на Христовото семејство.

Да биде водена, но не скршена. Родителите и учениците мораат да се трудат да го насочуваат развојот на детето, не попречувајќи го со прекумерна контрола. Премногу надзор е исто толку штетно како и премалку. Настојувањето да се „скрши волјата на детето“ е ужасна грешка. Умовите се различни; иако принудувањето може да обезбеди привидна послушност, тоа кај многу деца предизвикува уште поодлучна побуна во срцето. Дури и кога родителот или учителот ќе успее да ја постигне саканата контрола, последиците за детето нема да бидат ништо помалку штетни…

Бидејќи покорувањето на волјата за некои ученици е многу потешко отколку за други, учителот мора да настојува, колку е можно повеќе, да ја олесни послушноста кон своите барања. Волјата треба да се насочува и обликува, а не да се игнорира или потисне.

Бодете; Никогаш не гонете. Дозволете им на децата кои се под ваша грижа да имаат индивидуалност, исто како и вие самите. Секогаш обидувајте се да ги водите, но никогаш не ги гонете.

Практикувањето на волјата го проширува и го засилува умот. Детето може да биде воспитано како не би имало своја волја. Дури и индивидуалноста на таквото дете може целосно да се стопи во личноста на оној кој врши врховен надзор над неговото воспитување; неговата волја и сите негови намери и склоности се потчинуваат на волјата на воспитувачот. На децата кои така се воспитуваат секогаш ќе им недостига морална сила и чувство на лична одговорност. Тие не се учени да се раководат според разумот и начелото. Нивната волја секогаш ја управувал некој друг, а силите на умот никогаш не им биле активирани, ниту им е пружена каква и да е можност преку вежбање да се развиваат и засилуваат. Особеноста на нивната лична природа не е почитувана и способно стите на нивниот ум не се насочувани да ги напрегнат сите свои најсилни сили кога тоа ќе затреба во животот.

Кога доаѓа до судир на волјите. Ако детето има тврдоглава волја, мајката, доколку ја разбира својата одговорност, ќе сфати дека таа тврдоглава волја е дел од наспедството кое му го пренела. Таа не треба да гпеда кон неговата волја како на нешто кое мора да биде скршено. Постои време кога одлучноста на мајката се соочува со одлучноста на детето, кога цврстата, зрела волја се среќава со неразумната волја на детето и кога, или мајката одпучува заради нејзината предност во годините и искуството или помладата, недисциппинирана волја на детето владее со постарата. Во такви случаи е потребна голема мудрост; затоа што преку немудро раководење, преку строго отфрлање, детето може да биде расипано за овој и спедниот живот. Се може да биде загубено заради недостаток на мудрост.

Тоа е криза која ретко треба да биде дозволено да дојде, затоа што и мајката и детето ќе имаат тешка борба. Голема грижа треба да се покаже за да се одбегне таков случај. Но кога еднаш ќе се влезе во таков случај детето мора да попушти на супериорната мудрост на родителот. Мајката треба да ги држи своите зборови под контрола. Не смее да има гласно изговорени заповеди. Ништо не треба да се направи што во детето би развило бунтовнички дух. Мајката мора да проучува како да се соочи со него на таков начин како кој ќе го привлече кон Христа. Таа мора да се моли со вера како сатаната не би бил победник над волјата на детето. Небесните ангели ја набљудуваат таа сцена.

Мајката мора да сфати дека Бог е нејзин помошник, дека љубовта е нејзиниот успех, нејзината сила. Доколку таа е мудра христијанка, таа нема да се обидува да го присилува детето на поспушност. Таа ќе се моли; и како што се моли, таа ќе стане свесна за обновување на духовната сила во неа. И во тоа време таа ќе види дека истата сила која што работи во неа работи исто така и во детето. И детето, наместо да биде присилено, тоа е водено и станува внимателно; и битката е добиена. Секоја љубезна мисла, секоја трпелива постапка, секој збор на мудро ограничување се како златни јаболка во сребрени садови. Мајката има задобиена победа подрагоцена отколку што јазикот може да опише. Таа има примено обновена светпина од Бога и позрело христијанско искуство. „Ви

стинската Светлина која го осветлува секој човек кој доаѓа во светот,“ ја има потчинето нејзината вопја. Постои мир по бурата, како сончевата светлина по дождот.

Родителите треба да задржат младешки чувства. Малку се оние кои ја сфаќаат важноста за задржување, колку што е тоа можно на младешките чувства, нестанувајќи груби и нечувствителни по својата природа. На Бога би му било угодно кога родителите би ја комбинирале убавата едноставност на детето со силата, мудроста и зрелоста. Некои никогаш немале вистинско детство. Тие никогаш не уживале во слободата, едноставноста и свежината на животот кој е во цветање. Тие биле критикувани и одбивани, карани и тепани, се додека невиноста и доверливата искреност на детето не биле заменети со страв, завист, љубомора и измамливост. Таквите ретко имаат карактеристики кои детството на своите драги ќе го направат среќно.

Голема грешка. Голема грешка се прави кога конците на контрола се поставени во рацете на детето и нему му е дозволено да управува во домот. Со тоа на волјата, тоа прекрасно нешто, и се дава погрешна насока. Меѓутоа тоа се има случувано и ќе продолжи да биде така заради тоа што татковците и мајките се слепи во нивното распознавање и проценки.

Една мајка која му попушта на плачењето на нејзиното дете.

На твоето дете… му е потребна мудра рака која правилно ќе го води. Нему му било дозволено да плаче за она што го бара се додека тоа не станало навика. Нему му било дозволено да плаче по својот татко. Повторно и повторно, во домет на неговите уши, на другите им било кажано дека плаче по својот татко, се додека не биде сигурно дека тоа да го прави секој ден. Ако твоето дете биде кај мене, тоа за три седмици ќе биде преобразено. Јас ќе му дадам до знаење дека мојот збор е закон и љубезно, но цврсто, ќе ја спроведувам својата цел. Својата волја јас нема да ја потчинам на волјата на детето. Вие треба да извршите едно дело. Вие имате многу изгубено заради тоа што за таа работа не сте се зафатиле порано.

Несреќен живот на разгаленото дете. Секое дете кое не е воспитано внимателно и со молитва ќе биде несреќно во ова врема на милост и ќе формира такви немили црти на карактерот што Бог нема да може да го соедини со Своето небесно семејство. Постои големо бреме кое треба да се носи низ животот на едно разгалено дете. Во време на проба, разочарување, искушение, тоа ќе ја следи својата недисциплинирана, погрешно насочена волја.

Децата на кои им е дозволено да чинат што сакаат не се среќни. Во непотчинетото срце не постои мир и задоволство. Умот и срцето мораат да бидат дисциплинирани и правилно зауздани, со цел карактерот да се хармонизира со мудрите закони кои управуваат со нашето битие. Нескопојството и незадоволството се плодови на попуштањето и себичноста.

Причина за многу зла. Колку многу животи пропаѓаат, колку зла се извршени под влијанието на нескротените страсти кои можеле да бидат запрени во детството, кога умот бил приемчив, кога лесно можело да се влијае врз срцето, кога тоа се покорувало на мајчинската волја. Лошото воспитување на децата е причина за голема појава на морална мизерност.

Сподели го ова:

Слични објави