Г Л А В A 3 8 – Проучувајте ги годините, наклонетостите и темпераментот

Сподели го ова:

Не брзајте ги децата надвор од нивното детство. Родителите не треба децата никогаш да ги брзаат од нивното детство. Нека лекциите кои ќе им бидат дадени бидат од таков карактер како би ги вдахнал нивните срца со благодородни цели; но нека тие бидат деца и израснат со едноставна доверба, искреност и вистинитост која ќе ги подготви да влезат во Божјото царство.

Постои убавина која одговара за секој период од животот.

Родителите и учителите би требале да настојуваат да ги насочат тенденциите на младите така што во секој степен на развој во животот ќе зрачат со убавина која е соодветна за таа возраст, развивајќи се природно, како растенијата во една градина.

Една од наубавите и највпечатпиви Христови параболи е онаа за сејачот и семето… Вистините содржани во оваа парабопа биле жива стварност во Христовиот личен живот. И во својата физичка и духовна природа Тој се водеп по божествениот ред на постепено растење, ипустриран во развојот на бипката, кој според Христовата жепба треба да се огпеда и во искуството на младите. Иако бип Вепичество на небото, Цар на спавата, Тој станап новороденче во Витпеем и извесно време бип беспомошно бебе доверено на грижа на својата мајка.

Во текот на детството се однесувап како поспушно дете. Зборувап и постапувап во согпасност со мудроста на едно дете, а не на возрасен човек. Ги почитувап своите родитепи и нивните желби ги остварувап на најдобар начин, во согпасност со способноста на едно дете. Меѓутоа, во секој степен на Својот развој бип совршен, во Своите едноставни, природни благодети на еден безгрешен живот. Светиот запис на евангелието за Неговото детство вепи: „Детето растеше и сипеше во духот, и се попнеше со мудрост; и бпагодатта Божја беше врз него.“ (Лука 2:40). И за неговата мпадост е забепежано: „И Исус напредуваше во мудрост и во раст, и во накпонетост кај Бог и кај пуѓето“ (Лука 2:52).

Разновидност на склоност кај членовите на семејството.

Често пати во едно исто семејство постојат видливи разлики во наклонетоста и карактерот, бидејќи според Божјиот ред личности од различни темпераменти се поврзани еден со друг. Во тој случај, секој член на семејството треба да има свет обѕир кон чувствата и ги почитува правата на другите. Преку тоа ќе биде негувано меѓусебно земање во предвид и долготрпение, предрасудите ќе бидат омекнати и грубите црти на карактерот ќе бидат измазнети. Ќе биде обезбедена хармонија и мешањето на различните темпераменти ќе биде од полза еден за друг.

Проучувајте ги индивидуалните умови и карактери. Секое дете донесено на свет ја зголемува одговорноста на родителите… Неговите наклонетости, неговите тенденции, неговите црти на карактерот треба да бидат проучувани. Многу грижливо треба да се воспитува силата за препознавање кај родителите, како тие би биле способни да го потиснат погрешното и ги поттикнат правилните импресии и исправните начела.

За ова дело не се потребни ниту насилство, ниту грубост. Самоуправувањето мора да се негува и да втисне свој впечаток врз умот и срцето на детето.

Справувањето со човечкиот ум е многу деликатна работа. Сите деца не можат да бидат третирани на ист начин, бидејќи тоа што ќе го ограничи едното ќе го смачка животот на другото.

Стимулирајте ги слабите црти; потиснете ги грешните. Постојат малку добро балансирани умови, затоа што родителите се зли затоа што ја занемариле својата должност да ги стимулираат слабите и да ги потиснат злите црти на карактерот. Тие забораваат дека имаат најсвечена обврска да ги следат тенденциите на секое дете кое се наоѓа под нивна грижа, како тоа би формирало правилни навики и правилен начин на размислување.

Научете ја склоноста на секое дете. На децата им треба постојана грижа, но вие не треба да дозволите тие да согледаат дека постојано внимавате на нив. Научете ја склоноста на секое дете онака како што се открива преку нивната меѓусебна поврзаност и настојувајте да ги исправите нивните грешки со тоа што ќе ги потикнувате спротивните црти. Децата треба да бидат учени декаврз нив почива развитокот на менталните и физичките сили; тоа е последица на напорите. Тие треба рано да научат дека среќата не се наоѓа во себичното попуштање; таа следи само по завршената обврска. Во исто време мајката треба да настојува своите деца да ги направи среќни.

Умствените потреби се исто толку важни како и физичките.

Некои родители многу грижливо се грижат за земните потреби на своите деца; љубезно и нежно ги негуваат кога се болни и сметаат дека со тоа ја исполниле родителската должност. Тоа е заблуда! Нивната задача со тоа само што започнала. За духовните потреби треба постојано да се води грижа. Потребна е мудрост за една душа ранета од гревот да се најде и правилно да се примени соодветниот лек.

Децата имаат свои искушенија кои се исто така тешки и болни како и искушенијата на постарите. Самите родители не се чувствуваат секогаш исто. Тие често се чувствуваат збунети во душата и се раководат од погрешни погледи и чувства. Сатаната ги напаѓа на сите страни и тие им подлегнуваат на неговите искушенија. Во таква состојба, тие зборуваат раздразливо и на начин кој предизвикува гнев кај нивните деца, а понекогаш во своите барања се престроги и раздразливи. Истиот тој дух се пренесува и на несреќните деца, а родителите не се во состојба да им помогнат, затоа што токму тие се причина за настанатите тешкотии. Понекогаш изгледа дека се тргнало наопаку. Сите се раздразливи, мизерни и несреќни. Родителите за сето тоа ги обвинуваат своите сироти деца сметајќи ги за непослушни, личности со кои не може да се управува, најлоши деца на светот, додека причината за неволјите се наоѓа во самите нив.

Различни темпераменти бараат различна дисциплина. Децата имаат различни темпераменти и родителите не можат секогаш исто да го дисциплинираат секое едно од нив. Постојат различни квалитети на умот и треба да се проучува во молитва за тие да можат така да бидат обликувани за да ја извршат целта која Бог ја замислил.

Мајки,… одвојте време да се запознаете со своите деца. Проучувајте ги нивните наклонетости и темпераменти, за да знаете како да управувате со нив. На некои деца им е потребно повеќе внимание отколку на други.

Соочување со деца кои не ветуваат. Постојат деца на кои им е потребна потрпелива дисциплина и пољубезно воспитување отколку на други. Тие во наследство имаат примено црти на карактерот кои не ветуваат многу и заради тоа ним им е потребно повеќе сочувство и љубов. Преку истрајна работа тие застранети можат да бидат подготвени да го заземат своето место во делото на Господарот. Тие може да поседуваат неразвиени сили кои, кога би се разбудиле, би ги оспособиле нив да исполнат места далеку подобро отколку оние од кои повеќе се очекувало.

Ако некои од децата кои ги воспитувате поседуваат специфични темпераменти, нека разорувачкото дејство на обесхрабреноста не почива врз нивните животи… Кога им помагате исполувајте крајно трпение и сочувство. Засилете ги со милни зборови и љубезни дела за да можат да ги совладаат своите карактерни недостатоци.

Ти можеш да воспиташ подобро отколку што мислиш.

Онолку колку што мајката го сака Христа, толку таа ќе сака да ги воспита своите деца за Него. Вие можете да ја воспитате наклонетоста на децата од нивните најрани години повеќе отколку што мислите дека можете. Прекрасното Христово име треба да биде домашен збор.

Сподели го ова:

Similar Posts