Г Л А В A 3 6 – Предноста на раните години
Раното детство е најважниот период од животот. Премногу важност не може да биде посветена во раното воспитување на детето. Поуките кои детето ги учи за време на првите седумгодини на животот можат повеќе да влијаат врз формирањето на карактерот отколку се она што детето ќе го учи во подоцнежните години.
Уште од раѓање карактерот на детето треба да биде формиран и обликуван во согласност со божествениот план. Во неговиот отворен ум треба да бидат влеани доблести.
Работата на родителите мора да започне од најраната возраст на детето, за тоа да може да го прими правилното влијание врз карактерот, за светот да не го втисне својот жиг врз умот и срцето.
Највосприемливи години. Во текот на првите години од животот, умот на детето е најприемчив за впивање на впечатоци за добро или зло. Во текот на овие години се постигнува пресуден напредок во доброто или пак во погрешна насока. Детето може да се стекне со мноштво безвредни информации, но исто така може да се стекне и со многу корисни и драгоцени сознанија. Силниот ум и солидното знаење претставуваат благо кое не може да се купи со офирското злато. Тоа е повредно од сребро и злато.
Првите впечатоци ретко се забораваат. Ни бебињата, ни децата, ниту пак младите не треба да слушнат некој нетрпелив збор од таткото, мајката или некој друг домашен; затоа што тие примаат впечатоци многу рано во животот, и она што од нив денес ќе направат родителите, такви ќе бидат утре, и следниот ден и спедниот Првите лекции кои се втиснати врз детето ретко се забораваат…
Впечатоците кои што се направени врз срцето рано во животот се гпедаат во подоцнежните години. Тие можат да бидат закопани, но ретко се избришани.
Основата е поставена во првите три години. Мајки, правипно дисциппинирајте ги децата за време на првите три години од нивниот живот. Не дозволувајте им да си создадат свои желби и копнежи. Мајката мора да биде ум за своето дете. Првите три години се време во кое треба да се насочува малечкото гранче. Мајките треба да ја разберат важноста која е прикачена за овој период. Тогаш е време кога се положуваат основите.
Доколку првите лекции се дефективни, како што често се случува, заради Христа, заради иднината на вашите деца и за нивното вечно добро, настојувајте да го исправите она што сте го погрешиле. Доколку сте чекале се додека вашите деца не наполнат три години, па тогаш да ги учите на самоконтрола и послушност, настојувајте тоа да го сторите сега, и покрај тоа што ќе биде многу потешко.
Не е толку тешко колку што се мисли. Многу родителска вознемиреност и жалост може да се одбегне доколку децата се поучувани од своите јасли дека нивната волја не треба да биде закон и дека на нивните каприци не треба постојано да им се попушта. Не е толку тешко како што тоа главно се претпоставува, малото дете да се поучува да го задуши својот излив на гнев и да ги потчини својот напад на страсти.
Не ја одложувајте работата. Многумина ја занемаруваат својата должност за време на првите години од животот на децата, мислејќи дека кога ќе потпораснат, тогаш тие ќе бидат многу грижливи да го потиснат сето она што е лошо и правилно да ги воспитаат. Но вистинското време за таквата работа е кога децата се бебиња во нивните раце. Не е во ред родителите да ги галат и да им попуштаат на своите деца; ниту пак е во ред да се прејаки кон нив. Цврстиот, одлучен и директен начин на постапување ќе донесе најдобри резулатати.
Кога јас на некои родители им посочив на лошите навики кои тие ги поттикнуваат кај своите многу млади деца, некои родители изгледаа целосно рамнодушни; некои пак ми рекоа со насмевка: „Мили малечки! Не можам да поднесам да им застанам на ниту една желба. Тие подобро ќе постапуваат кога ќе пораснат. Тогаш тие ќе се срамат од овие страствени изливи. Не е најдобро да се биде премногу специфичен и стриктен со малечките. Тие ќе ги одраснат тие навики на лажење, мамење, мрзеливост и себичност.“
Многу лесен начин за мајките да ја избегнат должноста, но тоа нема да ја задоволи Божјата волја.
Спречете ги напорите на сатаната да полага право на малечките деца. Родители, вие главно занемарувате својата работа рано да ја започнете. Вие му дозволувате на сатаната да ја преокупира почвата на срцето со тоа што тој прв ќе го посее семето.
Вие треба да извршите една такво дело за сатаната да не задобие контрола над вашите деца и да ги земе од вас пред тие да излезат од вашите раце. Мајки, вие треба да настојувате силите на темнината да не ги контролираат вашите малечки. Вие треба цврсто да одлучите непријателот да не го подигне своето знаме на темнината во вашиот дом.
Во подготвувањето за практичниот живот. Постојат само малкумина кои одвојуваат време грижпиво да размислат колку знаење за земните и вечните нешта може да се придобие од страна на детето во првите дванаесет ипи петнаесет години. Не само што детето во овие први години на животот треба да се здобие со знаење од книги, туку тие треба да ги научат вештините неопходни за практичниот живот; ова второто не треба да биде занемарено за сметка на првото.
Воспитувањето на Наполеон и Волтер. Врз карактерот на Напопеон Бонапарта многу влијаело неговото воспитување во детството. Немудри инструктори го инспирирапе со љубов кон освојувањето, правејќи војска од играчки, поставувајќи го него како нивен командант. Тука бипа поставена основата за неговиот живот на судири и крвопролевање. Докопку истата грижа и напори биле насочени кон тоа од него да се направи добар човек, испопнувајќи го неговото мпадо срце со духот на Евангелието, копку многу поинаква би бипа неговата историја.
Кога Воптер имап пет години, тој се зафатип да научи напамет една атеистичка поема и тоа погубно влијание никогаш не бипо избришано од неговиот ум. Тој станап еден од најуспешните агенти на сатаната во одведувањето на луѓето настрана од Бога. Илјадници ќе се подигнат на судот и причината за пропаста на своите души ќе му ја препишат на Волтер.
Преку мислите и чувствата кои се негуваат во раните години секој млад човек ја одредува својата животна историја. Правилните, доблесни, мажествени навики обликувани во младоста ќе станат дел од карактерот и вообичаено ќе го обележуваат животот на личноста. Младите можат да станат порочни или доблесни, според својот избор. Тие можат да се разликуваат по добрите и благородни дела исто како и по големиот криминал и зло.
Наградата на Ана. На секоја мајка и се доверени можности од неизмерлива вредност, интереси бесконечно драгоцени,. За време на првите три години од животот на пророкот Самуел, неговата мајка грижливо го учела да прави разлика помеѓу доброто и злото. Преку секој познат предмет кој го опкружувал, таа настојувала неговите мисли да ги води кон Создателот. Во исполнување на нејзиниот завет да му го даде својот син на Господа, преку големо самодрекување таа него го поставила под грижа на првосвештеникот Илија, да биде обучуван за Божјиот дом… Неговото рано воспитување го водело Самуел да ја одржува својата христијанска чесност. Каква само награда беше тоа за Ана! И какво само охрабрување за верност претставува нејзиниот пример!
Плодовите на мудрото воспитување. Жалосен е фактот дека секоја слабост и неодреденост од страна на мајката е брзо видена од страна на нејзините деца и тогаш искушувачот работи врз нивните умови, водејќи ги да истраат во следењето на своите наклонетости. Доколку родителите би ги негувале квалитетите кои се за нив неопходни во правилното воспитување на нивните деца, доколку тие пред децата јасно би ги положеле правилата кои мора да се следат и не дозволат тие правила да бидат прекршени, Господ ќе соработува со нив и ќе ги благослови и родителите и децата.
При многу млади години децата стануваат приемчиви за деморализирачките влијанија, меѓутоа, родителите кои тврдат дека се христијани изгледа не го согледуваат злото кое произлегпо од нивниот начин на управување со децата. О, кога тие би сфатиле дека наклонетоста која што му е дадена на детето во неговите најрани години му дава тенденција на карактерот и ја одредува неговата судбина или за вечен живот или за вечна смрт! Децата се приемчиви за моралните и духовните впечатоци и оние коишто се мудро воспитани во детството можат некогаш да погрешат, но тие нема далеку да одат во тоа.