Г Л А В A 3 5 – Како родителите можат да градат силни карактери

Сподели го ова:

Посветете најмногу време и размислување за тоа. Кога родителите ќе ја видат важноста на нивната работа во воспитувањето на своите деца, кога тие ќе видат дека во тоа се вклучени вечните интереси, тие ќе чувствуваат дека мора да го посветат своето најдобро време и размислување за оваа работа.

Здобијте се со знаење за начелата. Поуките научени и навиките стекнати во годините на раното и подоцнежното детство имаат многу поголема поврзаност со формирањето на карактерот и управувањето на животот отколку сето поучување и воспитување во подоцнежните години.

Родителите треба да го имаат ова во предвид. Тие треба да ги разберат принципите кои претствуваат темел на грижата и воспитувањето на децата. Тие треба да бидат оспособени за воздигнување на нивното физичко, ментално и морално здравје.

Избегнувајте површност. Ние живееме во време кога скоро сите нешта се површни. Постои само малку стабилност и цврстина на карактерот, затоа што воспитувањето и образуванието на децата од колевката е површно. Нивниот карактер е изграден врз жив песок. Самоодрекувањето и самоконтролата не станале дел од нивниот карактер. Тие се мазени и ним им се попуштало се додека не станале расипани за практичниот живот. Љубовта кон задоволството ги контролира умовите и на децата им се ласка и угодува на нивна пропаст.

Утврдете ги децата преку молитва и вера. Вие сте донеле на свет деца кои не одлучувале за тоа. Во голема мерка сте одговорни за нивната идна среќа и за нивното вечно добро. Врз вас почива одговорност, дали ја чувствувате вие или не, да ги воспитувате своите деца за Бога, будно да набљудувате на првото појавување на лукавиот непријател и подготвено да го подигнете знамето против него. Изградете тврдина со молитва и вера околу вашите деца и вредно стражарете во неа. Во ниту еден момент не сте си гурни од нападите на сатаната. Не смеете ниту еден момент да престанете да стражарите и сесрдно да работите. Не смеете ниту еден момент да заспиете на своето место. Оваа војна е од најголемо значење. Во прашање се последици кои ќе се чувствуваат низ сета вечност. Тоа е прашање на живот и смрт за вас и вашето семејство.

Заземете цврст, одлучен став. Родителите во голем број на случаи имаат премногу доверба во своите деца; и децата најчесто знаат да ја прикријат својата вина токму тогаш кога родителите највеќе им веруваат. Родители, стражарете будно и ревносно над своите деца. Предупредувајте, укорувајте, советувајте кога станувате и кога седнуватекога заминувате и кога доаѓате, „заповед врз заповед, правило врз правило, тука малку и таму малку.“ Зауздајте ги децата додека се мали. Ова кај многу родители е за жал занемарено. Тие кон своите деца не заземаат цврст и одлучен став каков што би требало да имаат.

Трпеливо сејте го драгоценото семе. „Тоа што човек го сее, тоа и ќе го жнее.“ Родители, ваша работа е да ја задобиете довербата на вашите деца и со љубов трпеливо да го сеете драгоценото семе. Вршете ја својата задача со задоволство никогаш не жалејќи се на тешкотиите, грижите и напорната работа. Доколку преку трпеливи, љубезни, христијански напори вие можете да претставите една душа совршена во Христа, вашиот живот не би бил напразен. Држете ја својата душа надежна и трпелива. Нека на вашиот израз на лицето или во ставовите не се види обесхрабреност. Во вашите раце е оставено формирањето на карактерот, преку помошта Божја, за тие да работат во Господовото лозје и да задобијат многу души за Христа. Секогаш охрабрувајте ги вашите деца да достигнат висок стандард во сите нивни навики и тенденции. Бидете трпеливи со нивните недостатоци, како што Бог е трпелив со вашите недостатоци, трпејќи ве, бдеејќи над вас, за да вие принесете плодови за Негова слава. Поттикнете ги своите деца да се трудат кон своите достигнувања да ги придодадат доблестите кои им недостигаат.

Поучувајте потчинетост на законот. Татковци и мајки, бидете чувствителни. Поучувајте ги вашите деца дека мора да се потчинуваат на законот.

Не претставува милост ниту љубезност кога на едно дете ќе му се дозволи да чини што сака, луѓето да му се потчинат нему и да се занемари да се исправи во неговите грешки затоа што премногу го љубите за да го казните. Каква љубов е таа која му дозволува на детето да ги развие цртите на карактерот кои од него и од секој друг ќе направи мизерни луѓе? Нам не ни треба таква љубов! Вистинската љубов ќе мисли на сегашното и вечното добро на душата.

Какво право имаат родителите да донесат деца во светот при тоа занемарувајќи ги и дозволувајќи им да пораснат без култура и христијанско воспитување? Родителите треба да бидат одговорни. Поучувајте ги на контрола; учете ги дека треба да бидат управувани а не тие да управуваат.

Ускладете го физичкото, менталното и духовното. Физичките, менталните и духовните способности треба да бидат развиени со цел да обликуваат правилно балансиран карактер. За да се постигне тоа, на децата треба да се внимава, тие треба да бидат пазени и да бидат дисциплинирани.

Христовата физичка конституција, исто како и Неговиот духовен развиток нам ни се прикажани со следните зборови, „детето растеше,“ и „напредуваше во телесниот раст.“ Во детството и младоста треба да биде посветено внимание на физичкиот развиток. Родителите треба така да ги воспитаат децата на добри навики на јадење и пиење, облекување и вежбање, како би можеле да стекнат здрава основа за добро здравје во подоцнежните години од животот. Треба да се посвети посебна грижа на организмот со цел силите на телото да не бидат закржлавени, туку целосно развиени. Тоа го поставува детето во поволна положба, и со правилно верско воспитување тие би можеле, слично на Христа, да растат силни во духот.

Здравјето е поврзано со интелектот и моралот. Колку е важно тогаш, умовите на родителите да бидат колку што е можно послободни од збунувачката, заморна грижа во непотребните нешта, за тие да мислат и постапуваат со мирно размислување, му дрост и љубов, правејќи од физичкото и моралното здравје на своите деца своја прва и најважна работа.

Родителите се чудат на фактот дека сега е толку многу потешко децата да се контролираат отколку во минатото, кога во најголем број на случаи нивното лошо управување ги има направено тоа што тие се. Квалитетот на храната која тие ја поставуваат на трпезата и ги охрабруваат нивните деца да ја јадат постојано ги возбудува нивните животински страсти и ги ослабува моралните и умствените способности.

Чистата храна е неопходна за умот. Воспитајте ги капацитетите и вкусовите на вашите драги деца; настојувајте да ги преокупирате нивните умови, за да нема место за ниските, понижувачки мисли или попуштања. Благодатта Христова е единствената антидоза или превенција на злото. Вие можете да одберете, доколку сакате, дали умовите на вашите деца ќе бидат окупирани со чисти, нерасипани мисли или со злото кое што постои насекаде гордост и заборавеност на нивниот Откупител. Умот, исто како и телото, мора да има чиста храна со цел да поседува здравје и сила. Дајте им на своите деца да мислат на нешто коешто е надвор од нив и над нив. Умот кој живее во една чиста, света атмосфера нема да стане безвреден, површен, суетен и себичен.

Ние живееме во време кога сето она што е лажно и површно е воздигнато над сето она што е вистинско, природно и трајно. Умот мора да биде ослободен од сето она што би можело да го наведе во погрешна насока. Тој не треба да се оптоварува со бескорисни приказни, кои не придаваат сила на менталната моќ. Мислите ќе бидат од ист карактер како и храната со која ние го храниме умот.

Не е доволно да се поседува само брилијантен ум. Вам може да ви годи брилијантниот интелект на вашето дете; но во случај тој да не е под контрола на едно посветено срце, тоа ќе дејствува спротивно со Божјите цели.

Имајте за цел високи точки во развивањето на карактерот.

Доколку ги учиме нашите деца да бидат работливи, половина од опасноста е одбегната, затоа што безделничењето води кон секаков вид на искушенија кои водат кон грев. Ние треба да ги воспи таме нашите деца да бидат едноставни во своите манири без да бидат дрски, да бидат добротворни и самопожртвувани без да бидат екстравагантни, да бидат економични без да бидат алчни. И над се, ние треба да ги учиме на барањата Божји, дека нивна обврска е да ја спроведуваат верата во секој дел од животот, дека треба највеќе од се да го љубат Бога и својот ближен, не занемарувајќи ги малите љубезни дела на животот кои се неопходни за среќата.

Молете се за небесна мудрост. Родителите треба да размислуваат и да му се молат сериозно на Бога за мудрост и божествена помош за правилно да ги воспитаат своите деца, за тие да развијат карактери кои Бог може да ги одобри. Нивната грижа не треба да биде за тоа како да ги воспитаат своите деца да бидат фалени и славени од светот, туку за тоа како можат нив да ги воспитаат за тие да изградат прекрасни карактери кои Бог може да ги одобри. Многу молитва и проучување се потребни за да се добие небесна мудрост и да се има знаење за тоа како да се раководи со умовите на младите, затоа што многу зависи од насочувањето кое родителите им го пружаат на умовите и волјата на своите деца.

Мора да биде пружено морално и духовно насочување.

На родителите треба живо да им се укаже на нивната обврска на светот да му дадат деца со добро изграден карактер деца кои ќе имаат морална сила да му се спротивстават на искушението и чии животи ќе му послужат на Бога на чест, а на ближните на благослов. Оние кои што на животниот повик му пристапуваат со цврсти принципи, ќе бидат во состојба да останат неизвалкани среде моралната изопаченост на овој век.

Поучувајте ги децата да направат вистински избор. Младите и децата треба да научат да си изберат царско руво, исткаено на небесен разбој „светло и чисто ленено платно“ (Откровение 19:8), што ќе го носат сите светии од Земјата. Ова руво, Христовиот неосквернат карактер, бесплатно му е понудено на секое човечко суштество. Но, сите што ќе го примат, ќе го примат и ќе го носат уште на земјата.

Објаснете им на децата дека кога се занимаваат со непорочни мисли, кои се вдахнати со љубов, и кога прават љубезни и полезни дела, тие ја облекуваат прекрасната облека на Христовиот карактер. Таа облека ќе им овозможи да бидат убави и омилени и тука, а во вечноста ќе им го даде правото да влезат во палатата на Царот.

Сподели го ова:

Слични објави