Г Л А В A 3 4 – Начини на кои карактерот се упропастува

Сподели го ова:

Родителите можат да сејат семиња за пропаст. Во заблуда се оние родители кои на своите деца им даваат такви поуки кои ќе се покажат погубни за нив и коишто ќе претставуваат само трње пред нивните нозе… Родителите во голем степен ја држат идната среќа на своите деца во своите раце. Врз нив почива важното дело на обликување на карактерот на своите деца. Поуките примени во детството ќе ги пратат во текот на целиот живот. Родителите сеат семе кое кога ќе изникне ќе донесе свои плодови; добри или зли. Своите синови и ќерки можат да ги направат среќни или несреќни.

Преку попуштање или железна дисциплина. На децата често им се попушта од нивното најрано детство и на тој начин им се вкоренуваат лошите навики. Родителите ја свиткуваат младата билка. Преку нивниот начин на воспитување се развива карактер со деформитет или со складност и убавина. Додека едни грешат во поглед на попуштањето, други одат во спротивна крајност и со своите деца владеат со железен жезол. Ниту едните ниту другите на тој начин не ги следат библиските упатства, туку двете групи на луѓе чинат едно ужасно дело. Тие ги обликуваат умовите на своите деца и мораат да дадат отчет во денот Божји за начинот на кој го правеле тоа. Вечноста ќе ги открие последиците на делото извршено во овој живот.

Преку занемарувањето да ги воспитуваат за Господа. Во пропуштањето да ги обучат своите деца да се држат до патот Господов и да ги чинат оние нешта кои Тој ги заповедал, родителите занемаруваат една свечена обврска.

Некои (деца) се оставени да чинат онака како што им е угодно; на други им се има наоѓано мани и биле обесхрабрувани. Но малку угодност и бодрост и зборови на одобрување им се имаат искажано.

О, кога мајките би работеле мудро, благо и одлучно, да ги воспитаат и потчинат телесните темпераменти на своите деца, колку многу гревови би се сотреле во цветањето и колку многу помалку неволји во црквата би постоеле!… Многумина ќе бидат загубени за вечност заради тоа што родителите пропуштиле правилно да ги дисциплинираат своите деца и да ги учат на потчинетост на авторитетот во нивната младост. Ако ги мазиме грешките и ако гледаме да ги ублажиме првите изливи на злото, не само што не ја положуваме секирата при коренот на злото, туку ќе упропастиме илјадници души. Како ќе одговараат родителите пред Бога за ова страшно занемарување на нивната обврска?

Преку занемарување кое си поигрува со гревот. На децата им е потребна будна грижа и управување како никогаш порано, затоа што сатаната настојува да превземе контрола врз нивните умови и срца и да го истера Светиот Дух. Ужасната состојба на младите во овој век е еден од најсилните знаци дека живееме во последните денови, меѓутоа пропаста на многумина може да биде трасирана во погрешното управување од страна на родителите. Духот на мрморење против укорот има земено корен и неговиот плод е непотчинетоста. На родителите не им се допаѓа карактерот кој нивните деца го развиваат, но не се во состојба да ги видат грешките кои се нивна одговорност за таквата состојба…

Бог ја осудува немарноста која си поигрува со гревот и злото, и нечувствителноста да се забележи нивната фатална присутност во семејството на оние кои тврдат дека се христијани.

Преку недостаток на ограничување. Затоа што тие правилно не ги ограничуваат и насочуваат своите деца, илјадници развиваат деформирани карактери, со слаб морал и со малку образование во практичните обврски на животот. Тие се оставени да чинат како им е угодно со своите побуди, своето време и своите умствени сили. Загубата за Божјето дело во тие занемарени таленти лежи пред вратата на родителите и мајките; и какво оправдание тие ќе му дадат на Оној чиишто поверители се тие, доверени со светата обврска на подесување на душите под нивна власт да ги усовршат сите свои сили на слава на нивниот Создател.

Родителите мислат дека ги љубат своите деца, но се покажало дека тие се нивните најголеми непријатели. Тие го оставиле злото да напредува неограничено. Тие им дозволиле на своите деца да негуваат грев, коешто претставува како негување и мазење на змија која не само што ќе ја касне жртвата која ја негува, туку и сите кои се поврзани со неа.

Преку прогпедување на очигпедните грешки. Наместо да се соединат со оние кои носат бремиња, да го подигнат стандардот на моралот и да работат со срце и душа во страв Божји, исправувајќи ги грешките кај своите деца, многу родители ја смируваат својата совест велејќи: „Моите деца не се полоши од другите.“ Тие настојуваат да ги сокријат очигледните грешки кои Бог ги мрази, за нивните деца да не се навредат и заземат некој очаен став (и да тие среде тоа не тргнат по уште полош пат). Доколку во нив се наоѓа бунтовнички дух, многу подобро е тој да се потчини сега отколку да му се дозволи да се развие и засили преку попуштање. Доколку родителите би ги вршеле своите должности, би биле сведоци на поинаква состојба на нештата. Многу од тие родители имаат застрането од Бога и затоа им недостасува Неговата мудрост за да ги согледаат стапиците на сатаната и да се противат на неговите измами.

Преку мазење и попуштање на децата. Родителите често ги мазат и им попуштаат на своите деца затоа што им се чини дека со нив така е полесно да се управува. Полесно е да им се дозволи да чинат како сакаат отколку да се запрат непокорните наклонетости кои толку силно се појавуваат во нивните гради. Но сепак тоа е кукавички начин на постапување. Претставува зло така да се одбегне одговорноста; затоа што ќе дојде време кога тие деца, чиишто незапрени наклонетости се засилиле во вистински пороци, ќе донесат укор и срам врз себеси и врз своите семејства. Тие одат во животот неподготвени за животните искушенија, ниту доволно силни да истраат под тешкотиите и неволјите; Страствени, неподносливи, недисциплинирани, тие настојуваат да ги наклонат другите кон својата волја, а кога не успеваат во тоа, тие себеси се сметаат за злоупотребени од страна на светот и се свртуваат против него.

Преку сеење семиња на суетност. Каде и да одиме, ние гледаме деца на кои им се попушта, кои се мазени и фалени без претпазливост. Тоа тежнее да ги направи суетни, дрски и вообразени. Семињата на суетност лесно се сеат во човечките срца од страна на непромислените родители и старатели, кои ги фалат и им попуштаат на децата кои се под нивна грижа, без да размислуваат за иднината. Самоволноста и гордоста се злата кои од ангелите направија демони и ги затворија небесните врати за нив. Но сепак родителите, несвесно систематски ги воспитуваат своите деца да бидат слуги на сатаната.

Со тоа што им се станува слуга на тинејџерите. Колку многу исцрпени, обременети родители станале робови на своите деца, додека, во хармонија со нивното воспитување и обучување, децата живеат да си угодат, се забавуваат и слават себеси. Родителите сеат семиња во срцата на своите деца кои што ќе донесат жетва која тие нема да сакаат да ја жнеат. Под таквото воспитување, на возраст од десет, дванаесет или шестнаесет години, децата за себеси мислат дека се многу мудри, си замислуваат дека се невообичаено талентирани и дека знаат премногу за да бидат потчинети на своите родители, и премногу воздигнати за да се наведнат над должностите на секојдневниот живот. Љубовта кон задоволството управува со нивните умови; и од себичноста, гордоста и бунтовништвото произлегуваат горчливите последици во нивните животи. Тие ги прифаќаат приговорите на сатаната и негуваат непосветена амбиција за на големо да се покажат во светот.

Преку погрешно покажана љубов и приврзаност. Попустливоста во барањето послушност, лажната љубов и наклонетост погрешниот став дека мудрост е да се попушта, а не да се ограничи претставува начин на воспитување кој ги ожалостува ангелите; но му пружа задоволство на сатаната, затоа што на тој начин привлекува стотици и илјадници деца во неговите редови. На тој начин тој ги заслепува очите на родителите, ги затапува нивните чувства и ги збунува нивните умови. Тие согледуваат дека нивните синови и ќерки не се пријатни, милни, послушни и грижливи; но сепак децата се множат во нивните домови за да ги загорчат нивните животи, да ги исполнат нивните срца со жал, и да придодадат број на оние кои сатаната ги користи да примами души во уништување.

Преку пропуст да се бара послушност. Доколку неблагодарните деца се хранети и облекувани и им се дозволува да живеат некоригирани, тие се поттикнати да продолжат по својот пат на зло. И доколку нивните родители или старатели така им се благонаклонети, тие се соучесници со нив во нивните зли дела. Таквите деца подобро е да бидат со злите, чиишто грешен пат го следат, отколку да останат во христијански дом и да ги затрујат другите. Во овој век на зло секој христијанин мора да стои цврсто во осудувањето на злите, сатански дела кон застранетите деца. Кон злите млади не треба да се постапува како кон љубезни и послушни, туку како кон нарушувачи на мирот и расипници на нивните другари.

Преку дозволување на децата да ги следат своите замисли.

Преовладувачкото влијание на општеството делува во прилог на допуштањето на младите да ги следат своите сопстеви умови.

Тие (родителите) мислат дека, задоволувајќи ја секоја желба на своите деца и допуштајќи им да се раководат според своите склоности, ќе успеат да ја задобијат нивната љубов. Каква ли заблуда! Децата на кои така им се попушта растат без какви и да се ограничувања во своите желби и склоности, стануваат себични, никогаш задоволни, неподносливи вистинско проклетство за себе и за сите оние кои ги опкружуваат.

Преку дозволување на погрешни ставови. Поуките во детството, добри или лоши, не се примаат напразно. Во младоста карактерот се развива за добро или лошо. Во домот може да има пофалба или ласкање, но во светот секој е вреднуван според својата вредност. Оние кои биле мазени, на кои сета домашна власт им била предадена, таму секојдневно се изложуваат на понижување со тоа што се обврзани да им се покоруваат на другите. Многумина дури тогаш се учени на нивното вистинско место преку практичните поуки на животот. Преку отфрлања, разочарувања и отворено мислење од нивните претпоставени, тие често пати го наоѓаат своето вистинско ниво и со понизност да го разберат и прифатат своето соодветно место. Но тоа е сурово и непотребно искуство низ кое мора да поминат и кое би можело да се спречи кога би имале правилно воспитување во нивната младост.

Поголемиот дел од тие недисциплинирани деца го поминуваат животот спротивно од целите на светот, неуспевајќи таму каде што би требало да успеат. Кога ќе пораснат тие луѓе сметаат дека светот им греши затоа што не им ласка и не ги мази, и тие се одмаздуваат со тоа што негуваат непријателство против светот имајќи став на отворена непослушност кон него. Околностите некогаш ги прислуваат да се покажат понизни, какви што тие всушност не се, но нивната понизност не е природна ниту привлечна и нивните вистински карактери се покажуваат порано или подоцна…

Зошто родителите би ги воспитале своите деца на таков начин како тие би војувале со оние со кои доаѓаат во допир?

Преку воспитување да бидат посветеници на општеството.

Децата не треба да бидат воспитани да бидат посветеници на општеството. Тие не треба да бидат жртвувани на Молох, туку тие треба да станат членови на Божјото семејство. Родителите треба да бидат исполнети со Христовата сочувствителност, за да можат да работат за спасението на душите кои што се во доменот на нивното влијание. Тие не треба да дозволат нивните умови да бидат целосно преокупирани со модата и праксата на светот. Тие не треба да ги воспитаат своите деца да ги посетуваат забавите, концертите и игранките, да прават и посетуваат гозби, бидејќи така постапуваат незнабошците.

Преку недостаток на побожност во домот. Доколку домовите кои исповедаат христијанство, каде мајките и татковците треба да бидат вредни проучители на Библијата, со цел да можат да ја знаат секоја поединетост и рестрикција во Речта Божја, постои манифестирана занемареност во следењето на инструкциите Божји и во израснување на децата во грижата и науката Господова. Родителите христијани занемаруваат да практикуваат побожност во домот. Како можат татковците и мајките да го претстават Христовиот карактер во домот кога тие се задоволни во достигнувањето на еден невреден, низок стандард? Печатот на живиот Бог ќе биде ставен само врз оние кои што носат Христова сличност во карактерот.

Доколку родителите биле послушни на Бога. Бог нема да го оправда погрешното управување од страна на родителите. Денес стотици деца ги преполнуваат редовите на непријателот, живеејќи и работејќи одвоени од Божјите цели. Тие се непослушни, неблагодарни, несвети; но за тоа се одговорни нивните родители. Родители христијани, илјадници деца гинат во своите гревови заради пропустот на нивните родители мудро да управуваат со домот. Доколку родителите биле послушни на невидливиот Водач на војската Изреилева, чијашто слава била скриена во столбот од облак, несреќната состојба на нештата кои сега постојат во многу семејства немала да се види.

Сподели го ова:

Слични објави