Г Л А В A 3 3 – Родителската одговорност во формирањето на карактерот

Сподели го ова:

Божја задача за родителите. Бог на родителите им ја дал нивната работа, да ги обликуваат карактерите на своите деца според божествената Мостра. Преку Неговата благодат тие можат да ја извршаат таа задача; но тоа ќе бара трпеливи, макотрпни напори, но не помалку ќе треба цврстина и одлука, за да се води волјата и зауздаат страстите. Поле кое е оставено само на себеси ќе донесе само трње и боцки. Оној кој сака да произведе жетва за корисност или убавина мора прво да ја подготви почвата и да го посее семето, потоа да копа околу младите ластари, отстранувајќи ја тревата и омекнувајќи ја земјата и драгоценото растение ќе процвета и богато ќе ја награди неговата грижа и работа.

Изградбата на карактерот е најважното дело, кое некогаш им било доверено на човечките суштества; и никогаш порано неговото вредно изучување не било толку важно како сега. Никогаш ниту една претходна генерација не морала да се соочува со толку тешки проблеми; никогаш порано момчињата и девојките не биле соочени со толку големи опасности како оние кои денес им се закануваат.

Тоа е вашата работа, родители, карактерите на своите деца да ги развиете во хармонија со начелата на Речта Божја. Оваа работа треба да има приоритет затоа што тука се вклучени вечните интереси. Изградувањето на карактерот на вашите деца е поважно отколку обработката на вашите поседи, понеопходна отколку изградување на куќи за живеење, или вршење на било кој вид на работа или трговија.

Домот, најдоброто место за изградување на карактерот.

Ниту училиштето ниту факултетот не пружаат можности за изградување на карактерот на детето, како што ги пружа домот.

Искривените карактери мора да се исправат. Оние кои што искривените карактери нема да ги исправат во овој живот не ќе можат да имаат дел во идниот бесмртен живот. О, колку е важно за младите да не ги искриват своите карактери. Родителите играат важна улога во оваа работа. Врз нив почива светата одговорност на воспитување на своите деца за Бога. Ним им е дадена можноста да им помогнат на своите малечки да формираат карактери кои ќе им обезбедат влез во небесните дворови.

Родители, не грешете тука. Родители, заради Христа, не грешете во вашата најважна работа, во моделирањето на карактерите на вашите деца за сега и за вечноста. Ако сторите една грешка, занемарувајќи верно да ги поучите, или и попуштате на таа немудра љубов која ги заслепува вашите очи за нивните мани и ве спречува да им пружите правилно зауздување може да биде на нивна пропаст. Вашиот начин на постапување може да ги упати на погрешна насока за целиот нивен понатамошен живот. Преку својот живот вие одлучувате што ќе бидат тие во иднина и што ќе сторат за Христа, за луѓето и за своите души.

Постапувајте чесно и верно со своите деца. Работете храбро и трпеливо. Не плашете се од крстови, не штедете време, напори, бремиња и страдања. Иднината на вашите деца ќе посведочи за карактерот на вашата работа. Верноста кон Христа од ваша страна може подобро да биде изразена преку симетричен карактер кај вашите деца, отколку на кој и да е друг начин. Тие се Христова сопственост, купени со Неговата крв. Доколку нивното влијание е целосно на страна на Христа, тие се негови соработници, помагајќи им на другите да го најдат патот кон животот. Доколку вие ја занемарите својата од Бога дадена работа, вашиот немудар начин на дисциплина ќе ги постави меѓу оние кои одведуваат од Христа и го засилуваат царството на темнината.

Чист дом, но невоспитани деца. Јас видов како една мајка со критичко око можеше да ја увиди сета несовршеност во подесеноста на предметите изработени од дрво во домот, и која што беше многу специфична за тоа нејзината куќа да биде целосно чиста во точно определеното време, и тоа често го извршуваше на штета на физичкото и духовното здравје, додека нејзините деца беа оставени на пропаѓаат на улица и таму да се здобијат со улично воспитување. Тие деца ќе пораснат и ќе бидат непристојни, груби и непослушни. Мајката, и покрај тоа што имаше вработено помошничка, беше толку многу ангажирана во грижите околу домот што не можеше да одвои време за правилно да ги воспита своите деца.

Таа им дозволуваше да пораснат со деформитети на карактерот, недисциплинирани и невоспитани. Ние можевме да видиме дека префинетиот вкус на мајката не беше практикуван во правилна насока затоа што поинаку таа би ја видела неопходноста за обликување на умовите и манирите на своите деца и би ги образувала да имаат симетрични карактери и љубовни темпераменти.

Доколку мајката дозволи сите нешта на кои таа највеќе им посветувала внимание да бидат второстепени, таа би го сметала физичкото, умственото и менталното воспитување на своите деца од скоро бескрајна вредност Оние кои врз себеси ќе ја превземат одговорноста на мајки треба да чувствуваат дека се под најсвечена одговорност пред Бога, и своите деца да ги воспитаат како тие би имале пријатни и мили наклонетости, за да бидат морално чисти, префинети по вкус и прекрасни по карактер.

Единствено преку Божјиот Дух. Дали треба да сметаме дека сме способни да ги обликуваме нашите животи и карактери за да можеме да влеземе низ портите на славата? Ние не можеме. Ние секој момент сме зависни од Светиот Дух да работи во нас и врз нашите деца.

Доколку родителите сакаат да видат поинаква состојба на нештата во своето семејство, нека тие целосно му се предадат на Бога и Тој ќе измисли начини и средства преку кои ќе се случи преобразување во нивните домови.

Божјиот и вашиот дел од работата. Христијански родители, јас ве молам да се разбудите… Доколку вие ја занемарите својата должност и одбегнете од својата одговорност, очекувајќи Господ да ја врши вашата работа, вие ќе бидете разочарани. Кога верно ќе го завршите сето она што можете, донесете ги своите деца пред Христа; и со сериозна истрајна вера, посредувајте за нив. Господ ќе биде ваш помошник; Тој ќе соработува со вашите напори; во Неговата сила вие ќе се здобиете со победа…

Кога родителите ќе покажат таков интерес за своите деца како што тоа Бог би сакал да биде, Тој ќе ги вослиши нивните молитви и ќе работи со нивните напори; но Бог нема да ја врши работата која Тој ја оставил да ја вршат родителите.

Создателот ќе ви помогне. Мајки, запаметете дека во вашата работа ќе ви помогне Создателот на вселената. Во Негова сила и преку Негово име, вие можете да ги водите своите деца да бидат победници. Учете ги да гледаат кон Бога за сила. Кажете им дека Тој ги слуша нивните молитви. Учете ги да го победат злото со добро. Учете ги како да шират влијание кое што е воздигнувачко и облагородувачко. Водете ги да се соединат со Бога, и тогаш ќе имаат сила да се спротивстават на најсилното искушение. Тогаш тие ќе ја примат наградата на победникот.

Збор на охрабрување до оние кои грешеле. Оние кои ги воспитувале своите деца на неправилен начин не треба да очајуваат; нека се обратат кон Бога и нека го бараат вистинскиот дух на послушност и тие ќе бидат оспособени да направат одлучни реформи. Во усогласувањето на своите навики кон спасителните начела на Божјиот свет закон, вие ќе имате влијание врз вашите деца.

Некои деца ќе одбијат да го послушаат родителскиот совет.

Родителите можат да сторат се што е во нивна моќ на своите деца да им ги пружат сите предимства и инструкции, со цел тие да му ги предадат своите срца на Бога; но сепак децата може да одбијат да чекорат во светлината и преку својот зол начин на живот, да фрлат непријатни рефлексии врз своите родители кои ги љубат, и чиишто срца копнеат за нивното спасение.

Сатаната е оној кој ги искушува децата да чекорат по патот на гревот и непослушноста… Доколку тие одбијат да чекорат по патот на вистината, доколку одбијат својата волја и пат да му ги потчинат на Бога и се упорни во својот грешен живот и непокајание, светпината и предимствата кои што тие ги имаат на судот ќе се кренат против нив, затоа што тие не чекорат во светпината и не знаеја каде одат. Нив ги води сатаната, и луѓето во светот ќе зборуваат за тоа. Тие ќе речат: „Погпедни ги тие деца! Нивните родители се многу репигиозни, но гледате дека тие се попоши од моите деца, и затоа јас не исповедамдека сум христијанин.“ На овој начин децата кои што примаат добри совети, сепак не се обрнуваат кон нив и фрпаат укор врз своите родители, обесчестувајќи ги и изложувајќи ги на срам пред безбожниот свет. Тие исто така донесуваат укор врз религијата на Исуса Христа преку својот зол начин на постапување.

Родители, ова е вашето дело. Родители, ваша работа е во своите деца да развиете трпение, постојаност и вистинска љубов. Постапувајќи правилно со децата кои Бог ви ги дал, вие им помагате да постават основа за чисти, добро урамнотежени карактетри. Во нивните умови вие влевате начела кои тие еден ден ќе ги следат во своите семејства. Резултатите од вашите добро насочени напори ќе бидат видени во тоа што ќе ги водат своите семејства на Божјиот пат.

Сподели го ова:

Слични објави