Г Л А В A 3 2 – Како се обликува карактерот
Придобиен со истрајни, неуморни напори. Карактерот не се обликува случајно. Тој не се одредува од едно избувнување на темпераментот, еден чекор во погрешна насока. Повторувањето на еден акт причинува тој да стане навика, и го обликува карактерот за добро или за лошо. Правилните карактери можат да бидат обликувани само со истрајни, неуморни напори, преку усовршување на секој доверен талент и способност на Божја слава. Мнозина наместо да го чинат тоа си дозволуваат себеси да бидат носени таму каде што импулсите или околностите ги водат. Тоа не е заради тоа што умствено не се способни за тоа, туку затоа што не сфаќаат дека Бог во нивната младост бара тие да дадат се од себе.
Врз карактерот влијае секоја постапка. Колку и да се чини безначајна, секоја постапка во животот врши свое влијание врз обликувањето на карактерот. Добриот карактер е подрагоцен отколку световните блага, и делото на изградување на карактерот е најблагородно дело во кое човекот може да биде ангажиран.
Карактерот кој го изградиле околностите е променлив и нехармоничен еден куп на спротивности. Оние кои поседуваат таков карактер немаат никаква возвишена цел во животот. Тие не шират облагородувачко влијание врз карактерот на другите. Тие се без цел и без сила.
Мора да му се спротивставиме на искушението. Животот на Даниел е вдахновена илустрација за тоа што претставува еден посветен карактер. Тој претставува поука за сите, а посебно за младите. Стриктното усогласување со Божјите барања е корисно за здравјето на телото и умот.
Неговите родители го воспитале Даниел на навиките на стриктна умереност. Тие го поучувале дека во сите свои навики мора да се усогласи со законите на природата; дека неговото јадење и пиење врши директно влијание врз неговата физичка, ментална и морална природа и дека тој е одговорен пред Бога за своите способности; затоа што тој ги сметал како дар од Бога и никако не смеел да ги уназади или осакати. Како последица на ова учење, Божјиот закон бил воздигнат во неговиот ум и почитуван во неговото срце. Во текот на првите години од своето заробеништво, Даниел минувал низ тешко искушение кое требало да го запознае со отменоста на дворовите, со лицемерството и со паганизмот. Навистина чудно училиште кое него требаше да го стори погоден за живот на трезвеност, работливост и верност! И сепак тој живеел живот нерасипан од атмосферата на злото со која што бил опкружен.
Даниел и неговите придружници биле благословени со правилно воспитување и обучување во раните години, но сами од себе тие предности не можеле од нив да направат она што тие биле. Дошло време кога морале самите за себе да решат како ќе постапат кога нивната иднина зависела од нивниот начин на постапување. Тогаш тие решиле да останат верни на поуките коишто им биле дадени во детството. Божјиот страв, кој е почеток на мудроста, бил темел на нивната големина. Неговиот Дух ја засилил секоја нивна вистинска цел, секоја благородна одлука.
Целта мора да биде возвишена. Доколку младите правилно го вреднуваат овој важен елемент во изградувањето на карактерот, тие ќе видат колку е неопходно да ја вршат својата работа како таа би се одржала на тестот на испитување пред Бога. Најпонизните и најслабите, преку истрајни напори спротивставувајќи му се на искушението и барајќи мудрост одозгора, можат да достигнат височини кои сега изгледаат невозможни. Овие достигнувања не можат да се достигнат без одлучна одлука да се биде верен во исполнувањето на малечките должности. Тоа бара постојана будност изопачените црти да не бидат оставени да се засилат. Младите можат да имаат морална сила, затоа што Исус дојде на светот да биде наш Пример и на сите млади и на оние од секоја возраст да им даде божествена помош.
Советите и укорите мораат да бидат земени во предвид.
Можеби ќе биде потребно многу работа за да се изгради вашиот карактер, затоа што можеби вие сте груб камен кој мора да биде обликуван и полиран пред да може да исполни едно место во Божјиот храм. Вие не треба да бидете изненадени доколку со чекан и клин Бог ги отсече острите рабови на вашиот карактер, се додека вие не сте подготвени да го заземете местото коешто Тој го подго твил за вас. Ниту едно човечко битие не може да ја изврши таа работа. Таа може да биде извршена само од Божја страна. И бидете сигурни дека Тој нема да направи ниту еден непотребен удар. Секој негов удар ќе биде нанесен со љубов, заради вашата вечна среќа. Тој ги познава нашите слабости и работи за да обнови, а не да уништи.