Г Л А В A 3 1 – Важноста на карактерот

Сподели го ова:

Единствено богатство кое ќе биде понесено од овој свет.

Карактерот, обликуван според божествениот лик е единственото богатство што ќе можеме да го понесеме од овој свет на небото. Сите кои во овој свет биле во Христовата школа, ќе ги понесат сите свои духовни достигнувања во своите небесни станови. Но и на небото ќе продолжат да се усовршуваат. Според тоа, многу е важен развојот на карактерот во овој живот.

Вистинскиот карактер, квалитет на душата. Умствената способност и генијалноста не претставуваат карактер, затоа што нив често пати ги поседуваат оние кои поседуваат карактер спротивен на добриот. Репутацијата исто така не е карактер. Вистинскиот карактер е квалитет на душата, откривајќи се себеси преку однесувањето.

Неговите два суштински елемента. Силата на карактерот се состои од две работи: силата на волјата и силата на самокотрола. Многи млади мислат погрешно дека некотролираните страсти ја составуваат силата на карактерот; меѓутоа, вистината едека оној со кого господарат неговите страсти е вистински слабак. Вистинската големина и благородност на еден човек се мери според силата на чувствата кои тој може да ги совлада, а не според силата на чувствата кои него го совладуваат. Најсилен е оној човек, кој иако е чувствителен на неправда, може да се совлада себеси и да им прости на своите непријатели.

Понеопходно од надворешно покажување. Кога би се сметало како исто толку важно младите да поседуваат прекрасен карактер и наклонетост кон љубезност како што се смета дека е важно имитирањето на модата на светот во облеката и однесувањето, ние денес ќе видиме стотина такви каде што постои еден активен живот, подготвени да излеваат облагодорувачко влијание врз општеството.

Развитокот на карактерот е дело за цел живот. Обликувањето на карактерот е работа за цел живот, и за вечноста. Доколку сите би го разбрале тоа, доколку сите би се разбудиле со мислата дека секој од нас индивидуално одлучува за својата судбина, за вечен живот или вечна пропаст, каква ли само промена би се случила тогаш! Колку поинаку би го користеле ова време на проба и колку поинакви карактери би го исполнувале нашиот свет.

Најголемиот доказ во полза на христијанството. Доколку мајките христијанки би му презентирале на општеството деца со чесност на карактерот, со цврсти начела и здрав морал, тие би ја извршиле најважната од сите мисионерски работи. Нивните деца, целосно воспитани да ги заземат своите места во општеството, се најголем доказ кој може да му биде даден на светот во полза на христијанството.

Блијанието на едно дете кое е правилно воспитано. Никогаш на смртниците не им била доверена повозвишена работа како што е обликувањето на карактерот. Децата не треба да бидат само образовани, туку и воспитани; и кој може да ја каже иднината на едно одраснато дете или млад човек? Нека биде посветена најголема грижа за развивање на културата на нашите деца. Едно дете кое е правилно дисциплинирано во начелата на вистината, кому љубовта и стравот Божји му се испрелетени низ карактерот, ќе поседува сила за добро во овој свет која што не може да се процени.

Сподели го ова:

Слични објави