Г Л А В A 3 0 – Самостојност и чувство за чесност
Учете го секое дете да биде самостојно. Колку што е можно, секое дете треба да се учи да биде самостојно. Преку практикување на различните способности, тоа ќе научи каде е најсилно и каде има недостатоци. Мудриот инструктор ќе посвети посебно внимание на развитокот на послабите црти, за детето да може да формира добро урамнотежен, хармоничен карактер.
Премногу леснотија е причина за развивање на слабостите.
Кога родителите, додека се живи, би им помогнале на децата да си помогнат себеси, тоа би било подобро отколку да им остават голема сума пари при својата смрт. Децата кои што се оставени да се потпираат на своите лични напрегања ќе бидат подобри мажи и жени и поподготвени за практичниот живот отколку оние деца коишто биле зависни од имотот на своите татковци. Децата кои се оставени да бидат зависни од изворот на сопствената работа главно ги вреднуваат своите способности, ги подобруваат своите предимства и ги развиваат и управуваат своите таленти за да постигнат одредена цел во животот. Тие често развиваат карактер на работливост, штедливост и морална вредност, што е основа за успех во христијанскиот живот. Оние деца за кои нивните родители прават највеќе, често чувствуваат најмала одговорност кон нив.
Подгответе ги децата смело да се соочат со проблемите.
По дисциплината во домот и училиштето, сите мораат да се соочат со строгата дисциплина на животот. На секое дете и на секое младо суштество мораме да му објасниме како мудро да се соочи со неа. Вистина е дека Бог не љуби, дека се труди да не усреќи, и дека ние никогаш не би морале да го запознаеме страдањето ако секогаш сме го почитувале Неговиот закон; но не помала е и вистината дека на овој свет, како последици од гревот, секој мора да поднесува страдања, неволји и товари. На децата и младината цел живот ќе им служи на добро ако ги научиме храбро да се соочат со сите неволји и потешкотии. Иако мораме кон нив да покажеме сочувство, тоа никогаш не смее да биде такво што ќе ги на веде да се самосожалуваат. Ним им е потребно нешто што ќе ги поттикне и зајакне, а не нешто што ќе ги ослабне.
Тие мораат да научат дека овој свет не е место за одржување свечени паради, туку бојно поле. Сите се повикани, како добри војници, да поднесуваат тешкотии. Мораат да бидат силни и да се однесуваат како луѓе. Учете ги дека вистинската сила на карактерот се тестира преку подготвеноста да носат товар, да издржат на тешко место, да извршат работа која мора да биде извршена, иако не донесува никакво земско признание или награда.
Засилете го чувството на почит. Мудриот воспитувач, со своето постапување кон учениците, ќе се труди да ја придобие нивната доверба и да го засили чувството на почит. Врз децата и младите поволно делува кога им се укажува доверба. Мнозина меѓу нив, дури и малите деца, имаат високо чувство на почит; сите сакаат со нив да се постапува со доверба и почитување, и тоа е нивно право. Не треба да се наведуваат на помислата дека не можат ниту да излегуваат ниту да влегуваат без постојано да бидат надгледувани. Недовербата деморализира и ги предизвикува истите оние зла кои сака да ги спречи… Наведете ги младите да почувствуваат дека им верувате и само ретки помеѓу нив нема да се потрудат да покажат дека ја заслужуваат довербата.