Г Л А В A 2 8 – Искреност
Нека родителите бидат модел за искреност. Родители и учители, бидете верни на Бога. Нека во вашиот живот не постојат измамливи постапки. Нека не се најде измама на вашите усни. Колку и да не ви одговара тоа во дадениот момент, нека вашите патишта, вашите зборови и вашите дела покажат исправност во очите на светиот Бог. О, колку се ужасни последиците од првата лекција на измама! Дали некој којшто твди дека е ќерка или син Божји ќе се предаде себеси на мамење и лажење?
Нека вашите деца немаат никаков изглед за изговор велејќи, мојата мајка не ја кажува вистината. Татко ми не ја кажува вистината. Кога ќе бидете испитани на небесниот суд дали покрај вашето име ќе биде запишан записот Измамник? Дали вашето потомство ќе биде изопачено со примерот на оние коишто треба да ги водат по патот на вистината? Наместо ова, зар нема Божјата сила на обратување да влезе во срцето на мајката и таткото? Зар нема да му биде дозволено на Светиот Дух да го стави Својот белег врз нивните деца?
Не може да се очекува децата да бидат целосно без вина во својот говор. Но постои опасност преку немудро управување, родителите да ја уништат искреноста која треба да го карактериза животот на детето. Преку збор и дела родителите треба да направат се што е во нивна моќ да ја зачуваат својата транспарентна едноставност. Како што децата растат, родителите не треба да дадат ниту најмала можност за сеење на она семе кое ќе се развие во измама и невистина и ќе созрее во навики недостојни за доверба.
Никогаш не зборувајте дволично. Родителите треба да бидат модел на вистинитост, зашто тоа е секојдневната лекција која треба да биде втисната врз срцето на детето. Незастранувачко начело треба да владее со родителите во сите работи од животот, посебно во образованието и воспитувањето на нивните деца. „И детето се познава според она што го прави, дали е чисто и праведно неговото дело.“
Мајката на која и недостига проникливост, и која не го следи Божјото водство, може да ги воспита своите деца да бидат измамници и лицемери. Негувани на таков начин, цртите на карактерот можат да станат толку истрајни, што лагата ќе стане толку природна како и здивот. Изговорот ќе се смета како искреност и реалност.
Родители, никогаш не зборувајте дволично; никогаш не кажувајте невистина преку своето поучување или пример. Доколку сакате вашето дете да биде искрено, бидете самите искрени. Бидете директни и недволични. Дури ни најмала дволичност не треба да се дозволи. Затоа што мајките се научени да бидат дволични и неискрени, детето го следи нејзиниот пример.
Невистинитоста е поттикната од остри зборови. Не станувајте нетрпеливи кон вашите деца кога тие грешат. Кога ќе ги коригирате, не зборувајте им нагло и остро. Тоа ги збунува, правејќи ги исплашени да ви ја кажат вистината.