Г Л А В A 2 6 – Учтивост и резервираност
Учтивоста започнува во домот. Родители, учете ги вашите деца… како да се однесуваат во домот со вистинска учтивост. Воспитајте ги да покажуваат љубезност и нежност еден кон друг. Не дозволувајте себичноста да живее во срцето или пак да најде место во домот.
Младите кои израснуваат негрижливи и груби во зборовите и начинот на однесување го откриваат карактерот на нивното домашно воспитување. Родителите не ја разбрале важноста на нивното повереништво; и жетвата што ја посеале тие ја жнеат.
Треба да проникнуваат небесните начела. Кога сите домашни се членови на царското семејство, тогаш ќе постои вистинска учтивост во домот. Секој член на семејството ќе настојува домот да го направи угоден за секој друг член.
Почит кон старите. Бог особено бара да се укажува нежна почит кон старите. Тој вели: „Седите коси се венец на слава; доколку се наоѓаат на патот на праведноста“ (Изреки 16:31). Таа говори за битките кои се водени и за победите кои се постигнати; за носените бремиња и совладаните искушенија. Таа говори за изморените стапки кои се приближуваат кон смртта, за местата кои наскоро ќе бидат празни. Помогнете им на децата да мислат на тоа и тие ќе им го разубават патот на старите со својата пристојност и почитување и внесувајќи така милност и убавина во својот млад живот слушајќи ја заповедта: „Стани пред седа глава и почитувај го лицето на старецот“ (Левит 19:33).
Поучувајте резервираност и скромност. Гордост, високо мислење за себеси и бесрамност се забележливи карактеристики на децата од ова време и тие се проклество за векот… Најсветите лекции на скромност и понизност треба да бидат поучени на децата, како во домот така и во саботното училиште.
Дали вие, на кои ги упатувам овие зборови, ќе обрнете внимание на советите кои ви се даваат? Нека младите го послушаат предупредувањето; нека не бидат дрски во разговорот, туку скромни и ненаметпиви. Нека бидат брзи да ги слушаат оние нешта кои се за добро на душата и бидат спори да зборуваат, ако тоа не е во случај да го претстават Христа и да сведочат за вистината. Покажете понизност на умот преку скромно однесување.
Чувар на доблеста. Негувајте ја драгоцената, од бесценета вредност скапоценост на скромноста. Тоа ќе ја пази доблеста… Божјиот Дух ми наложува да ги наговорам своите сестри, кои што исповедаат побожност, да негуваат скромно однесување и да бидат повпечени… Запрашав кога мпадите сестри ќе се однесуваат онака како што им допикува? Знам дека нема ништо да се промени на подобро се додека родитепите не сфатат дека треба да посветат поголемо внимание во правипно воспитување на своите деца. Учете ги да бидат повлечени и скромни.
Бистински доблести. Вистинските добпести на детето се состојат во скромност и поспушност во уши подготвени да спушаат зборови на упатство, во стапапа и нозе подготвени да чекорат и го вршат она што го наложува должноста. И вистинската добрина ќе ја добие својата награда, дури и во овој живот.