Г Л А В A 2 4 – Економија и штедливост
Елиминирајте ги навиките на расипништво. Учете ги вашите деца дека Бог има право на сето она што тие го поседуваат, и дека ништо никогаш не може да го поништи тоа право; сето она што тие го имаат само им е доверено, за да се види дали тие ќе бидат послушни. Парите се неопходно благо; нека тие не бидат растурани врз оние кои немаат потреба од нив. Некому му се потребни твоите доброволни дарови… Доколку поседувате расипнички навики, отфрлете ги од својот живот колку што е можно поскоро. Ако не го направите тоа, вие ќе банкротирате за цела вечност. Навиките на економија, работливост и трезвеност дури и во овој свет се подобри за вас и вашите деца отколку богатите мирази.
Поучете ги децата на штедливост. Според светлината којашто Господ ми ја даде ние треба да бидеме внимателни своето драгоцено време и пари да не ги трошиме немудро. Многу нешта можат да ни требаат според нашата фантазија, но ние треба да се чуваме од трошењето на парите за сето она што не е леб. Нам ќе ни требаат многу средства за решително да го напреднеме делото во нашите градови. Секој треба да има удел во Божјото дело. Родителите треба да ги поучат своите деца на штедливост, со цел помладите членови на стадото да научат да имаат дел во одговорноста на поддржување на Божјото дело во ова време.
Љубовта не се искажува преку расипништво. Практикувајте штедливост во својот дом. Мнозина негуваат идоли и им служат. Отфрлете ги своите идоли. Откажете се од своите себични задоволства. Немојте ве молам да трошите пари во украсување на своите домови; зашто тоа се Божји пари и од вас ќе биде побарано сметка за нив. Родители, заради Христа немојте да ги користите Божјите пари за да и угодите на фантазијата на своите деца. Немојте да ги учите да настојуваат кон отменоста и перчењето со цел да се здобијат со влијание во светот…
Не ги воспитувајте своите деца да мислат дека вашата љубов за нив мора да биде изразена со тоа што ќе им угодувате на нивната гордост, нивната екстравангантност, нивната љубов кон покажувањето. Сега не е време да се измислуваат начини за трошење на парите. Вашите измислувачки способности треба да се растегнат за да се види дека можете повеќе да штедите.
Не фрлајте ништо корисно. Ништо од она што може да биде употребено не треба да се фрли. За тоа ќе биде потребна мудрост, промисла и постојана грижа. Ми беше покажано дека неспособноста да се заштеди во малечки нешта е една од причините зошто толку многу семејства страдаат заради недостаток на животните потреби.
Како да се поучува правилна употреба на парите. Нека секој млад човек и секое дете биде поучено, не само да ги решава теоретските задачи, туку да води точно книговодство за она што го прима и троши. Нека научи како правилно да ги користи парите. Дали ќе ги добијат од своите родители или ќе ги заработат, нека момчињата и девојчињата научат да ја одберат и купат својата облека, своите книги и другите потреби; и водејќи книговодство за своите трошоци, тие ќе научат, за вредноста и употребувањето на парите како што не можат да научат на ниту еден друг начин.
Бредноста на водењето свое книговодство. Децата додека се се уште млади треба да бидат научени да читаат, да пишуваат, да ја познаваат математиката, и да водат свое книговодство. Тие можат во ова знаење, чекор по чекор да напреднуваат во животот.
Нека децата бидат научени да водат свое книговодство. Тоа ќе ги оспособи да бидат прецизни. Расипничкото момче ќе прерасне во расипнички маж. Суетната, себична девојка која се грижи само за себе ќе биде иста таква жена кога ќе порасне. Ние треба да запаметиме дека постојат и други млади за кои сме исто така одговорни. Доколку ги воспитаме своите деца на исправни навики, преку нив ќе можеме да имаме влијание и врз другите.