Г Л А В A 2 2 – Вредност и истрајност
Задоволство по завршената задача. Децата често пати започнуваат одредена работа со ентузијазам; но, станувајќи збунети или уморни од неа, тие посакуваат да ја променат и да започнат нешто ново. Така тие започнуваат неколку нешта, се среќаваат со мали разочарувања и се откажуваат; и така преоѓаат од едно нешто на друго, не завршувајќи ништо како што треба. Родителите не треба да дозволат љубовта кон промена да управува со децата. Тие не треба толку многу да бидат ангажирани со други нешта како би немале време трпеливо да ги дисциплинираат умот на младите кој е во фаза на развивање. Неколку зборови на охрабрување, или мала помош во вистинско време може да им помогне да поминат низ нивната неволја и обесхрабреност; и задоволството кое ќе го примат гледајќи како задачата со која тие се зафатиле е завршена ќе ги стимулира кон поголемо напрегнување.
Многу деца, заради недостаток на зборови на охрабрување и мала помош во нивните напори, стануваат обесхрабрени и одат од едно нешто на друго. И тие со себе го носат тој жалосен дефект во времето кога се веќе возрасни. Тие не успеваат во било што за кое се зафаќаат, затоа што не биле учени да истрајат под обесхрабрувачки околности. Така целиот живот на многумина е неуспех бидејќи тие не примиле правилна дисциплина кога биле млади. Воспитувањето примено во детството и младоста влијае врз целата деловна кариера во подоцнежниот живот, а и нивното верско искуство, исто така носи, соодветен белег.
Навиките на мрзеливост се пренесуваат во подоцнежниот живот. Децата и младите кои биле мазени и кои биле опслужувани, очекуваат тоа непрекинато да им се чини; и кога нивните очекувања не се остваруваат, тие стануваат разочарани и обесхрабрени. Таквите склоности ќе ги следат низ целиот нивен живот. Чувствувајќи се беспомошни, тие постојано ќе зависат од други, очекувајќи да им се укаже помош и наклонетост. Дури и кога ќе станат возрасни мажи и жени, штом некој им се спротивстави, тие ќе сметаат дека со тоа им е сторена неправда. Заради тоа тешко ќе се пробиваат низ животот, одвај способни да го носат своето жи
вотно бреме, негодувајќи и лутејќи се на сето она што не им поаѓа од рака.
Развивајте навики на темелност и брзина. Од мајката децата треба да научат навики на уредност, целосност и брзина. Да му се дозволи на едно дете час или два во вршење на една работа која што лесно може да биде завршена за половина час е исто како да му се дозволи да формира навики на спорост. Работпивите навики и навиките на темепност ќе бидат неискажлив бпагоспов за мпадите во поголемата шкопа на животот, во која тие мора да впезат кога ќе пораснат.
Совет кој посебно важи за девојчиња. Друг дефект кој ми причинува многу вознемиреност и невопја е навиката на девојчињата да им се дозвопува да ги одврзат своите јазици, запудно трошејќи драгоцено време на разговор за безвредни нешта. Додека девојчињата му посветуваат внимание на разговорот, нивната работа заостанува. Кон овие нешта се гпеда како на малечки нешта, недостојни за забелешка. Многумина се измамени во поглед на тоа што значи малечка работа. Мапечките нешта важно се поврзани со гопемата целина. Бог не ги игнорира малите нешта кои имаат деп за доброто на човечкото семејство.
Нека грешките бидат камен за искачување. Нека децата и младите научат дека секоја грешка, секоја мана и потешкотија, кога е совпадана, станува камен за искачување кон она што е подобро и повозвишено. Преку таквите искуства сите кои животот го направиле достоен за живеење постигнувале успех.