Г Л А В A 2 1 – Работливост

Сподели го ова:

Заштитник за младите. Една од најсигурните заштитни мерки за младите претставува корисното занимање. Децата кои што навикнале да работат корисно, поминувајќи ги часовите во некое корисно и пријатно занимање, не се склони да се жалат на својата ситуација ниту имаат време за безделничко мечтаење. Таквите деца помалку се изложени на опасностите од лошото друштво и порочните навики.

Одредете задачи соодветни на годините и способноста.

Од најраното детство децата треба да бидат воспитувани да ги чинат оние нешта кои одговараат за нивната возраст и способност. Родителите треба да ги поттикнат децата да бидат повеќе независни. Наскоро ќе дојдат сериозни неволји врз земјата и децата треба да бидат воспитани на таков начин кој ќе им помогне да бидат подготвени да се соочат со нив.

Учете ги вашите деца да бидат корисни, да носат бремиња согласно со нивните години; и тогаш навиката за работа ќе стане дел од природата, а корисната работа никогаш нема да им изгледа како нешто тешко и неподносливо.

Плодови од безделничењето. Родителите не можат да извршат поголем грев отколку да ја занемарат од Бога дадената одговорност со тоа што ќе ги остават децата ништо да не работат; затоа тие деца наскоро ќе го засакаат безделничењето и ќе пораснат во нестабилни, бескорисни мажи и жени. Кога ќе пораснат доволно за да заработат за својата живеачка и добијат работа, тие ќе работат на мрзлив, влечкав начин и ќе мислат дека треба да бидат исто платени ако го безделничат своето време како да работеле верно. Постои голема разлика помеѓу оваа класа на работници и онаа која сфаќа дека мора да биде верен доверител. Каде и да се ангажирани, младите ќе бидат „вредни во работата, огнени по духот, служејќи му на Бога“; затоа што оној кој не е верен во малку нема исто така да биде верен ни во многу.

Ако децата примат добро воспитување во семејството, тие нема да го бараат на улица, примајќи случајно воспитување кое многу мина го примаат. Родителите кои своите деца ги сакаат на разумен начин нема да дозволат тие да пораснат во мрзеливоста, незнаејќи како да ги извршуваат домашните обврски. Неукоста е неприфатлива за Бога и таквиот е непогоден за Божјото дело.

Мудро користење на времето. Таму каде што постои изобилие на безделничење, сатаната работи со своите искушенија да го упропасти животот и карактерот. Доколку младите не се воспитани на корисна работа, без оглед на тоа дали се богати или сиромашни, тие се во опасност; затоа што ѓаволот ќе најде вработување за нив според неговата желба. Младите кои не се барикадирани од начелото не го сметаат времето како драгоцено богатство, како доверба од Бога, за коешто секое човечко битие ќе мора да даде отчит.

Децата треба да бидат воспитани на најдобар можен начин да го користат своето време, да бидат од корист на својот татко и мајка, да бидат самоуверени. Ним не треба да им се дозволи да сметаат дека не треба да вршат ниту една од онаа работа која е неопходна.

Победете ја секоја навика на мрзеливост. Во Својата Реч Бог има зацртано план за воспитување на децата и тој план родителите треба да го следат Тие треба да ги учат своите деца да ја победат секоја навика на мрзеливост. Секое дете треба да биде учено дека за него постои едно одредено дело во светот.

Зошто да се работи пред да се игра? Мојата мајка ме учеше да работам. Јас некогаш ја прашував: „Зошто морам секогаш да работам толку многу пред да си играм?“ „Тоа е така за твојот ум да биде воспитан за корисна работа, и друго нешто, да те чува од белја; и кога ќе пораснеш, ти ќе ми бидеш благодарна за тоа.“ Кога едно од моите девојчиња (една внука) ми рече: „Зошто морам да плетам? Бабите плетат,“ јас одговорив „Дали знаеш како бабите научија да плетат?“ „Тие започнаа кога беа мали девојчиња.“

Бредноста на дневниот план. Колку што е можно, добро е да се земе во предвид што треба да биде завршено во текот на денот. Направете белешка за различните обврски кои треба да ги извршите и за нив одвојте време за извршување. Нека сите нешта бидат направени целосно, уредно и брзо. Доколку вам ви се падне да ги исчистите собите, гледајте тие да бидат добро проветрени и постелата да биде изложена на сончева светлина. Одвојте неколку минути да ја извршите таа работа и не запирајте да читате весници и книги кои го фаќаат вашето око, туку речете си себеси: „Не, јас имам топку минути да ја извршам својата работа и морам таа задача да ја извршам таа задача во даденото време.“

Оние кои по природа се спори нека настојуваат да станат активни, брзи, енергични, имајќи ги на ум зборовите на апостопот: „вредни во работата, огнени по духот, спужејќи му на Бога.“

Докопку тебе ти се падне да ги приготвиш оброците, направи вниматепни пресметки и одвој онопку време копку што ти е неопходно за подготовка на храната, и истата постави ја на трпезата во добар ред и точно на време. Подобро е оброкот да биде подготвен пет минути порано од твоето предвидено време отколку тоа да биде пет минути подоцна. Но докопку си под контропа на спори, влечкави движења, докопку имате мрзепиви навики, за една работа која не побарува многу време, вие ќе потрошите повеќе време; оние кои што се спори имаат должност да се реформираат и да станат побрзи. Доколку сакаат тие можат да ги победат своите навики на посветување премногу време на не топку важни нешта и навиките на влечкање. Кога ги мијат садовите тие можат да бидат внимателни, а во исто време и брзо да ја завршат работата. Вежбајте ја волјата кон таа цел и рацете тоа брзо ќе го сработуваат.

Спојувајте го физичкото со умственото. Кога некои деца, кои беа испратени во моето семејство за да престојуваат, ќе речеа: „Мојата мајка не ме тера да мијам садови,“ јас им одговарав: „Тогаш, дали ние да го направиме тоа за тебе и да ти наплатиме половина долар повеќе за твојот престој?“ „О, не! Мојата мајка не сака да плати ниту малку повеќе за мене.“ „Добро, тогаш,“ јас би рекла: „Наутро кога ќе станеш измиј ги садовите. Бог никогаш не замислил ти да бидеш опслужуван од нас. Наместо твојата мајка да станува рано наутро и да подготвува појадок за тебе додека ти лежиш во кревет, ти треба да бидеш оној кој ќе каже: ‘Мајко, не станувај толку рано. Ние ќе се зафатиме за таа работа и ќе ги извршиме тие должности.’ Ти треба да им дозволиш на оние кои се со седа коса да си отпочинат наутро.“

Зошто тоа не е така? Каде е проблемот? Проблемот е кај родителите кои им дозволуваат на децата да пораснат без да носат никакви бремиња во семејството. Кога овие деца одат на училиште тие велат: „Мама вели дека таа не сака јас да работам.“ Таквите мајки се неразумни. Тие ги расипуваат децата и ги испраќаат на училиште за да ги расипат и другите деца… Работата е најдобрата дисциплина којашто тие можат да ја имаат. Ним нема да им биде потешко отколку на нивните мајки. Спојувајте ја физичката работа со умствената и силата на умот ќе се развие далеку подобро.

Измислете начини. Родителите треба да измислат начини и средства за нивните деца да бидат зафатени со корисна активност. На децата нека им бидат дадени малечки парцели земја кои ќе ги обработуваат, за да можат нешто да приложат како доброволен дар.

Дозволете им да ви помогнат на секој начин на кој тие можат и покажете им дека вие ја цените нивната помош. Нека тие почувствуваат дека сочинуваат дел од семејната организација. Учете ги да го користат својот ум колку што е можно повеќе за да ја планираат својата работа и да ја вршат брзо и целосно. Учете ги да бидат брзи и енергични во својата работа, да бидат економични со времето за да не бидат изгубени минути во нивните часови одредени за работа.

Работата е благородна. Ние треба да ги учиме малечките да ни помагаат додека нивните раце се малечки и нивната сила е слаба. Ние треба да го импресионираме нивниот ум со фактот дека работата е благородна, дека е одредена од небото за човекот, дека им била дадена на Адам и Ева како неопходна за здрав развиток на умот и телото. Ние треба да ги учиме дека невиното задоволство никогаш нема да им пружи ниту половина од задоволството кое следи по активната работа.

Сподели го ова:

Similar Posts