Г Л А В A 2 0 – Корисност
Учете го детето да биде корисно. Во домашното училиште децата треба да научат како да ги извршуваат практичните должности на секојдневниот живот. Додека се се уште млади, мајката треба секој ден да им дава по некоја едноставна задача. Настојувањето да ги упати како да ја извршат таа работа ќе и одземе повеќе време отколку тоа самата да го направи тоа, но таа треба да има на ум дека со тоа го положува темелот во изградбата на нивниот карактер, оспособувајќи ги да бидат корисни во животот. Нека таа има на ум дека домот претставува училиште во кое таа е главниот учител. Нејзина задача е да ги научи децата како домашните должности и задачи се извршуваат брзо и вешто. Децата од своето рано детство треба да се навикнуваат да учествуваат во носењето на домашните бремиња. Од своето детство момчињата и девојчињата треба да се поучат да преземаат поголеми и се поголеми одговорности, разумно помагајќи во работата на семејната организација.
Прогпедајте ги детинските грешки. Илјадници во своите домови се оставени скоро целосно невоспитани. „Преставува голема тешкотија,“ вели мајката. „Јас попрво би ги извршила тие нешта самата; тоа претставува таква потешкотија; ти ми додеваш.“
Дали мајката има на ум дека самата требаше да ги научи малечките нешта пред да може да биде корисна? Погрешно е кога децата не се учат на малку по малку. Нека децата бидат близу до вас. Нека поставуваат прашања, и во трпеливост одговарајте им. На своите малечки деца дајте им нешто да прават и нека бидат среќни мислејќи дека ви помагаат.
Децата не треба да се одбиваат кога се обидуваат да чинат корисни нешта. Доколку тие прават грешки, доколку се случуваат незгоди и некои нешта се кршат, не ги прекорувајте.
Нека децата носат деп од домашните бремиња. Направете го животот на вашите малечки угоден и во исто време учете ги да бидат послушни и корисни, носејќи мали бремиња додека вие носите поголеми. Воспитајте ги да стекнат навики на работливост, за да не може непријателот од нивниот да направи работилница. На своите деца дајте им нешта за кои можат да размислуваат, нешто да работат, за да бидат корисни во овој и во идниот живот.
Од најраните години тие треба да бидат воспитани да носат дел од домашните бремиња. Тие треба да бидат поучени дека обврските се обострани. Ова воспитување ќе биде за нив од најголема вредност во нивните подоцнежни години.
Секој член на семејството би требало да сфати што се бара и очекува од него да изврши во заедништво со другите. Сите, од шестгодишното дете па нагоре, би требало да сфатат дека од нив се бара да носат дел од животните бремиња.
Извор на искуство и задоволство. Како што растат децата треба да ја вреднуваат грижата која што нивните родители им ја пружиле. Во помагањето на својот татко и својата мајка тие треба да наоѓаат најголемо задоволство.
Секоја понизна работа може да биде проследена со убавина. Доколку децата би биле поучени да имаат обѕир кон понизниот дел од секојдневните должности кои пред нив ги поставил Господ, како училиште во кое тие треба да бидат воспитувани за пружање на верна и ефикасна служба, колку тогаш поугодна и подостојна за почит би им изгледала нивната работа.