Г Л А В A 18 – Уредност, ред и редовност

Сподели го ова:

Негувајте ред и вкус. Како старател и учител на вашите деца, должноста ве обврзува сите мали работи во домот да ги извршувате точно и уредно. Поучете ги децата на непроценливата лекција својата облека да ја чуваат уредно. Одржувајте ја вашата облека чиста, свежа и достојна за почит…

Вие имате обврска пред Бога секогаш да бидете пример за пристојност во вашиот дом… Имајте на ум дека на небото не постои неред и дека вашиот дом треба да биде небо на земјата. Имајте на ум дека, извршувајќи ги верно секојдневните мали нешта во домот, вие работите заедно со Бога и го усовршувате христијанскиот карактер.

Воспитувајте ги децата да стекнат навики на уредност. Љубовта кон Бога ќе се изрази во семејството преку љубовта кон нашите деца. Вистинската љубов нема да им дозволи тие да станат небрежни и неуредни, бидејќи тоа е полесно; но, покажувајќи им личен пример во чистотата, нивните родители, со љубов и со постојана цврстина во негувањето на работните навики, ќе можат да ги воспитаат своите деца според истиот ред.

Учете ги децата да се грижат за облеката. Уште од најраното детство почнете вашите малечки да ги навикнувате да внимаваат на својата облека. Нека имаат посебно место за своите работи и секој предмет треба да го ставаат на неговото место. Ако не сте во можност да купите ни најефтин регал, земете обичен сандак за амбалажа, ставете во него соодветни прегради, а потоа, и однадвор и однатре, обложете го со убаво декорирано платно со пријатна боја. Настојувањето вашите деца да ги навикнете на чистота и уредност, секој ден ќе ви одзема малку време, но тоа ќе биде наградено во нивната иднина и на крајот, ќе ви заштеди многу време и грижа.

Сопствената соба да се одржува уредно. Ако децата имаат соба која ја сметаат за нивна и ако се научени да ја одржуваат уредна и да ја направат пријатна, тие ќе имаат чувство за сопстве ност тие ќе чувствуваат дека во домот имаат свој дом и ќе им причинува задоволство да направат тоа катче да им биде уредно и вкусно наместено. Мајката ќе треба само да ја надгпедува нивната работа и да дава предлози и упатства. Во тоа се состои задачата на мајката.

Да имаат редовно време за спиење. Некои млади многу се противат на редот и дисциплината. Тие не го почитуваат правилото во домот да стануваат во редовен временски период. Тие лежат во својата постела неколку часа по излегувањето на сонцето, кога секој би требало да биде на нозе. Тие остануваат многу доцна во ноќта и зависат од вештачка светлина која го заменува местото на светпината која природата ја обезбедипа за нив во разумните часови. Правејќи така, не само што запудно ги трошат драгоцените можности, туку тие причинуваат и допопнитепен трошок. Но скоро во секој поединечен спучај се спуша изговорот: „Јас не можам да ја завршам мојата работа; Имам нешто да довршам и не можам да си легнам рано.“.. Драгоцените навики на ред се нарушени, и така неискористените моменти во раното утро, ги пореметуваат сите други работи во текот на целиот ден.

Нашиот Бог е Бог на редот и Тој копнее сите Негови деца себеси да се стават во ред и под Негова дисциппина. Затоа, зар не би бипо подобро, да се отфрпи таа навика ноќта да се промени во ден и свежите утрински часови во ноќ? Доколку мпадите формираат навики на редовност и ред, тие ќе го подобрат своето здравје, своето распопожение, помнењето и своето распопожение.

Сите имаат обврска да ги почитуваат стриктните правипа во своите навики во животот. Драги мпади, тоа е за ваше добро, како за тепесното така и за моралното. Кога наутро ќе се разбудите, копку што е тоа можно, земете ја предвид работата која можете да ја завршите во текот на денот. Доколку е неопходно, имајте мапо тефтерче во кое ќе ги запишете сите работи кои треба да бидат завршени, и за себе поставете време во чии рамки ќе ја извршувате својата работа.

Сподели го ова:

Слични објави