Г Л А В A 17 – Чистота на телото

Сподели го ова:

Бог гледа и на најмалите работи. На израелските деца Бог им заповедал да ги исперат своите облеки и да ја отфрлат сета нечистотија од нивниот камп, за додека Тој поминувал, да не ја гледа нивната нечистотија. Бог и денеска го посетува нашиот дом. Тој ја гледа нехигиенската состојба во нашите семејства и тромите навики. Зар не е подобро да направиме реформа и тоа без одложување?

Родители, Бог ве поставил како свои претставници со цел да вградите правилни принципи во умот на вашите деца. Вам ви се доверени Божјите малечки, и Бог, кој толку многу барал од израилските деца да пораснат во навиките на чистота, и денеска нема да дозволи ниту една нечистотија. Во тој поглед, Бог вам ви го доверил воспитното дело во тој поглед, и додека ги воспитувате децата во навиките на чистота, истовремено вие им давате и духовни поуки. Тие ќе видат дека Бог очекува од нив да бидат чисти, како во срцето, така и телесно. Тоа ќе ги води да ги разберат вистинските начела коишто Бог сака да ги негуваат во секоја постапка во нивниот живот.

Кога Бог јасно наложил чистота кај оние кои патувале низ пустината и кои биле скоро за цело време на отворен простор, Тој не бара помалку од оние кои живеат во покриени куќи, каде нечистотиите се позабележливи и имаат поголемо влијание врз здравјето.

Нистотата треба да стане дел од нашата природа. Нечистотијата во домот е голема грешка. Таа делува воспитно со своите последици и своето влијанието го шири надалеку. Уште од бебе детето треба да прими правилни навики и инструкции во својот ум… Покажете им дека нечистотијата на телото или на облеката е неприфатлива за Бога. Учете ги да јадат без да расфрлаат околу себе. Родителот мора постојано да биде грижливо буден за овие навики да станат дел од природата на детето… Нечистотијата треба да биде презрена…

О, кога сите би разбрале дека овие малечки обврски не треба да бидат занемарени. Целиот понатамошен живот на детето ќе

биде обликуван од навиките и постапките во неговото детство. Децата се особено восприемливи за впечатоците, и не дозволувајќи им да прават неред, тие можат да се здобијат со знаење за хигиената.

Поттикнувајте љубов кон чистотата и омраза кон нечистотијата. Вие треба да негувате љубов кон уредноста и строгата чистота.

Облекувајте ги вашите деца едноставно и просто. Нивните облеки нека бидат направени од траен материјал. Одржувајте ги миризливи и чисти. Учете ги да мразат се што наликува на нечистотија.

Силата која сега непотребно ја трошите, планирајќи што ќе јадете и пиете, или облечете, употребете ја така што ќе настојувате своите деца да ги држите чисти и уредно облечени. Немојте погрешно да ме разберете во врска со ова. Не велам дека морате да ги држите затворени дома, како кукли. Во чистиот песок и сувата земја нема ништо валкано; она што нив ги валка се наоѓа во потта и испарувањата од нивните тела и затоа целото тело мора да се мие, а облеката да се менува.

Одржувајте ја вашата околина чиста. Момчињата и девојчињата треба да чувствуваат дека се дел од семејната организација. Тие треба да настојуваат околината да ја држат чиста од се она што е неуредно. Треба да им бидат дадени инструкции во поглед на тоа.

Секој вид нечистотија води кон болест. Микроорганизмите на смртта преобилуваат во темните, запоставени ќошиња, во остатоците што се распаѓаат, во влагата, мувлата и мувлосаноста. Не смееме да дозволиме отпадоците од овошје и зеленчук, ниту пак паднатите лисја да се распаѓаат блиску до куќата и да го загадуваат воздухот. Во домот не смее да се толерира ништо нечисто или распадливо. Како резултат на распадливите материи околу домовите на некои небрежни домаќини, во некои градови кои биле сметани за совршено здрави, се појавиле многу епидемии на треска. Совршената хигиена, изобилната сончева светлина, грижливото одржување на секој дел од куќата, имаат суштествена важност за ослободување од болестите и за расположението и виталноста на секој член во домот.

Личната чистота има суштествена важност за здравјето.

Совесната хигиена има суштествена важност, не само за физичкото туку и за менталното здравје. Од телото, преку кожата, постојано се исфрлаат нечистотии. Доколку не се одржува чиста со често капење, нејзините милиони пори бргу ќе се затнат; на тој начин нечистотијата која требала да излезе преку кожата станува дополнителен товар за другите органи за нејзино елиминирање.

Повеќето луѓе ќе имаат полза од студена или умерено топла бања секој ден, наутро или навечер. Наместо да ја намалува отпорноста кон настинки, добрата бања не заштитува од нив, бидејќи ја подобрува циркулацијата на крвта; крвта излегува до површината и нејзиниот проток станува полесен и подобар. При тоа заживуваат и умот и телото. Мускулите стануваат поеластични, а разумот побистар. Бањата ги смирува нервите, ја потпомага работата на цревата, стомакот и црниот дроб, давајќи им здравје и енергија; а го подобрува и варењето.

Исто толку е важна и хигиената на алиштата. Облеката што ја носиме ги впива отпадните материи кои излегуваат преку порите; ако таа не се менува и не се пере доволно често, нечистотиите повторно ќе се апсорбираат.

Чистата околина помага за чистота во погпед на морапноста. Често пати детските постели ги гледав во таква состојба што од нив се ширеше неподнослива и отровна реа. Се што го задржува погледот на децата и што доаѓа во допир со нивното тело, било дење или ноќе, треба да биде чисто и здраво. Тоа ќе делува воспитно тие да го одберат она што е неизвалкано и она што е морално чисто. Колку и да биде сиромашно наместена, спалната на вашите деца нека биде чиста и уредна.

Одржувајте правипна рамнотежа. Чистотата и уредноста спаѓаат во христијанските должности, сепак, во тоа може да се претерува и може само тоа да се смета за најважно, а да се занемарат многу поважни должности. Оние кои поради тоа ги запоставуваат интересите на своите деца, постапуваат како оние што давале десеток од нане, смирна и копар, а го занемариле она што е поважно во законот правдата, милоста и божествената љубов.

Сподели го ова:

Слични објави