Г Л А В A 16 – Здравствени начела

Сподели го ова:

Започнете рано со здравственото воспитување. Од првите мугри на расудувањето, човечкиот ум треба да се запознае во поглед на физичката структура. Тука Јехова дал образец за Себеси, затоа што човекот е создаден според Божјиот лик.

Прво нешто што младите треба да го научат е да го запознаат своето тело и да знаат како да го одржуваат во здрава состојба.

Лекции со најголема важност. Во раното воспитување на децата, многу родители и учители занемаруваат да разберат дека, за да се обезбеди здрава состојба на телото и мозокот, најголемо внимание треба да се посвети токму на телесната конституција.

Идната среќа на вашите семејства и благосостојбата во општеството, во голема мерка зависи од физичкото и моралното воспитување коешто вашите деца го примаат во првите години од својот живот.

Родителите треба да ја разберат физиологијата и да ги поучуваат децата во таа насока. Учете ги вашите деца да размислуваат за причините и последиците; покажете им дека, доколку ги прекршуваат законите на своето битие, тие мора да ја платат казната со тоа што ќе страдаат од некоја болест. Доколку, и покрај вашите обиди, не можете да забележите некое подобрување, не се обесхрабрувајте; трпеливо упатувајте ги, заповед по заповед, начело по начело, овде малку, онде малку… Немојте да попуштите се додека не извојувате победа. Продолжете да ги учите своите деца да го познаваат своето тело и како да се грижат за него. Незаинтересираноста во поглед на здравјето на нивното тело ќе тежнее кон незаинтересираност за нивниот морален карактер.

Прашањето за здравјето треба да биде значајно прашање на целото семејство. Прашањето во врска со здравјето треба да биде значајно прашање за целото семејство. Родителите треба да станат свесни за своите од Бога дадени одговорности. Тие треба да ги изучуваат начелата на здравствената реформа, да ги учат своите деца дека патот на самооткажувањето е единствениот сигурен пат. Со непочитување на физичките закони, поголемиот број жители на овој свет, стануваат неспособни да владеат со себе и правилно да ја ценат вечната стварност. Тие своеволно остануваат без познавање во поглед на својот организам; тие ги водат своите деца на патот на самоугодувањето и на тој начин ги подготвуваат за страдањата кои ќе ги снајдат поради престапувањето на законите на природата.

Треба да се пружи физичко воспитување. Физичкото воспитување, кое многу полесно може да се пружи отколку духовното воспитување, е наменето за развој и здравје на телото. Расадникот, игралиштето, работилницата, сеењето на семето, бербата и жетвата сето тоа спаѓа во физичко воспитување. Под поволните околности на секојдневниот живот, детето природно стекнува здравствена сила и правилно ги развива телесните органи. Сепак, и во физички поглед, детето треба грижливо да се воспитува.

Послушноста кон законите на природата донесува здравје и среќа. Нашите деца треба да се поучат да стекнат познавања во врска со нивниот организам. Уште од мали нозе, преку трпеливи упатства, може да се стори да разберат дека, доколку сакаат да ги одбегнат болките и болестите, тие треба да ги почитуваат законите на своето битие. Тие треба да разберат дека нивниот живот не може да биде од полза доколку е погоден со некоја болест. Ниту пак можат да му угодат на Бога ако си нанесат болест поради непочитување на природните закони.

Сподели го ова:

Similar Posts