Г Л А В A 15 – Ракување со туѓа сопственост
Потиснете ги тенденциите кои водат кон уништување. Воспитувањето мора да биде целокупно и избалансирано. Секоја мајка треба да биде работлива. Таа не смее да дозволи ништо да го сврти нејзиното внимание. Таа не смее да им дозволи на своите деца да ја следат нивната невоспитана волја во нивното ракување со нештата во домот. Тие треба да научат дека не треба да го остават домот во постојан неред со тоа што ќе ракуваат со нештата заради своја забава. Мајки, поучете ги своите деца уште од мали дека не треба да сметаат дека сите работи што се во домот се играчки. Преку овие малечки нешта тие учат како да го почитуваат редот во домот. Без оглед на тоа какво возбудување децата можат да предизвикаат, родителот не треба да му дозволи на „органот“ за уништување, кој е голем во бебешките и детските години, да биде засилен и негуван. „Ти можеш,“ и „Немој“ вели Бог. Без да го загубат темпераментот, но решително, родителите треба да им речат Не! на своите деца, и навистина да го мислат тоа.
Тие цврсто треба да одбијат сите работи во домот децата слободно да ги допираат и да ги фрлаат на подот или во правта. Оние што ќе им дозволат на своите деца да постапуваат така, им нанесуваат голема штета. Тоа може да не е лошо дете, но неговото воспитување ќе направи тоа да стане неудобно и разурнувачко.
Поучувајте ги децата да имаат почит кон сопственоста на другите. Некои родители им дозволуваат на своите деца да расфрлуваат, и некои од работите, кои немаат право да ги допираат, да ги прават свои играчки. Децата треба да бидат упатени дека не треба да го допираат она што им припаѓа на другите луѓе. Заради удобност и среќа на семејството, тие мора да научат да се придржуваат кон правилата за пристојно однесување. Децата не се посреќни кога им се дозволува да го допрат се она што го гледаат. Доколку не се воспитани да бидат грижливи, тие ќе пораснат со немилни, деструктивни црти на карактерот.
Силни и трајни играчки. Не им давајте на децата играчки кои се лесно кршливи. Да се чини така значи како да се даваат лекции за уништување. Нека имаат неколку играчки и тие нека бидат силни и трајни. Овој предлог, и покрај тоа што можеби се чини беззначаен, има голема вредност во воспитувањето на детето