Г Л А В A 14- Тивкост, почитување и стравопочит
Потиснете ја претераната врева и немирот. Нека мајката не му дозволи на својот ум да биде преокупиран со премногу нешта… Со најголема работливост и највнимателна будност таа мора да се грижи за малечките на кои, ако им се дозволи, ќе го следат секој импулс кој извира од полнотата на нивните неискусни, неупатени срца. Во нивната бујност на духот тие ќе прават врева и турбуленција во домот. Тоа треба да биде отстрането. Децата ќе бидат исто толку среќни кога би биле воспитани да не ги чинат тие нешта. Тие треба да бидат поучувани дека кога ќе дојдат посетители тие треба да бидат тивки и полни со почит.
Нека владее мир во домот. Татковци и мајки,… учете ги своите деца дека тие мора да бидат потчинети на закон. Не им дозволувајте да мислат дека заради тоа што се деца можат да бидат колку сакаат бучни во домот. Мудри правила и регулации мора да бидат направени и присилени, за убавината на домашниот живот да не биде расипана.
Родителите на своите деца им чинат голема штета кога им дозволуваат да врескаат и плачат. Нив не треба да им биде дозволено да бидат безгрижни и бучни. Доколку тие непожелни црти на карактерот не се спречат во нивните рани години, децата истите ќе ги понесат со себе, засилени и развиени во верскиот и деловниот живот. Децата ќе бидат исто толку среќни ако бидат поучувани да бидат тивки во домот.
Поучувај почитување кон судот на искусните. Децата треба да бидат поучувани да го почитуваат расудувањето стекнато врз основа на лично искуство. Тие треба да бидат така воспитани што своето мислење и волјата ја ускладуваат со мислењето на своите родители и учители, и така поучени да ја согледаат исправноста и умешноста во прифаќањето на нивниот совет. Тогаш нивниот карактер, и кога веќе нема да биде под контрола и раководство на постарите, нема да биде сличен на трска која се вее на ветрот.
Млитавоста на родителите поттикнува на непочитување.
Доколку во нивните домови на децата им е дозволено да бидат неучтиви, непослушни, неблагодарни и раздразливи, нивните гревови лежат пред вратата на нивните родители.
Мајката… треба да управува со своето домаќинство мудро, во достоинството на нејзиното мајчинство. Нејзиното влијание во домот треба да биде највисоко; нејзиниот збор, закон. Доколку таа е христијанка, која Бог ја води, таа ќе ужива почит од нејзините деца. Кажете им на своите деца што точно барате од нив.
Кога родителите не го одржуваат својот авторитет, кога детето ќе појде на училиште, тие немаат посебна почит кон учителите или управителите на училиштата. Респектот и почитта која треба да ја имаат, тие никогаш не биле поучени да ја поседуваат во домот. Таткото и мајката биле на исто ниво како и децата.
Покажете почит кон вашите деца и не им дозволувајте да ви кажат ниту еден неучтив збор.
Стравопочитта да биде внимателно негувана. Ние треба да ги учиме (децата) да бидат учтиви еден кон друг и учтиви кон Бога. „Што мислиш“ можеби ќе се запрашате, „со тоа што велиш дека треба да ги учиме да бидат учтиви кон Бога?“ Јас мислев на тоа дека тие треба да бидат учени на стравопочит кон нашиот небесен Татко и да ја вреднуваат големата и бесконечна жртва која што Христос ја направи во наша полза… Родителите и децата треба да имаат толку блиска врска со Бога така што небесните ангели да можат да комуницираат со нив. Овие гласници се истерани од многу домови каде што беззаконието и неучтивоста кон Бога изобилува. Да се потрудиме од Неговиот Збор да се здобиеме со духот на небото и истиот да го внесеме во нашиот живот на оваа земја.
Како да се поучува детето на стравопочит. Родителите можат и треба да ги заинтересираат своите деца на разни начини да го бараат знаењето кое се наоѓа во светите страници. Но, ако сакаат своите синови и ќерки да ги заинтересираат за Божјата реч, мораат и сами да се заинтересираат за неа. Тие мора да се запознаат со нејзиното учење и за тоа да зборуваат, како што Бог му заповедал на Израел: „Кога седиш дома и кога одиш на пат, кога легнуваш и кога стануваш.“ Второзаконие 11:19. Сите кои копнеат нивните деца да имаат љубов и стравопочит кон Бога, морал да зборуваат за Неговата добрина, за Неговата величественост и за Неговата сила онака како што е откриено во Неговата Реч и во делата на создавањето.
Стравопочита се открива преку послушноста. На децата треба да им биде покажано дека вистинската стравопочит се открива преку послушноста. Бог не заповедал ништо што не е неопходно и не постои друг начин за манифестирање на стравопочит толку угоден за Него како што е послушноста кон она што Тој го кажал.