Г Л А В A 12 – Послушноста мора да стане навика
Приложете благи, но упорни напори. Децата треба да бидат поучувани дека нивните способности им се дадени за да ги употребат во чест и слава на Бога. Кон таа цел тие мора да ја научат лекцијата на послушност… Таа навика треба да биде воспоставена преку благи и истрајни напори. Така во голема мера можат да бидат спречени идните конфликти помеѓу волјата и авторитетот кои во умот на младите често водат кон одвојување и огорченост кон родителите и учителите, и премногу често противење на секој авторитет, како човечки, така и божествен.
Не дозволувајте ниту аргументи ниту избегнувања. Прва грижа на родителите треба да биде да воспостават добро устројство во семејството. Зборот на родителите треба да биде закон, недопуштајќи ги сите видови на аргументи или избегнувања. Децата од својата најрана возраст треба да бидат учени без прашање да им бидат послушни на своите родители.
Строгата дисциплина понекогаш може да причини незадоволство и децата ќе сакаат да им биде угодено; но оние коишто ја научиле лекцијата на послушност кон своите родители, се подобро подготвени да се предадат на барањата Божји. Така воспитувањето кое е примено во детството влијае врз верското искуство и го образува карактерот на човекот.
Не дозволувајте искпучоци. Како учители во своето семејство, родителите треба да настојуваат правилата да бидат почитувани… Дозволувајќи им на своите деца да продолжат во непослушноста, тие занемаруваат да практикуваат соодветна дисциплина. Децата мора да бидат донесени до точка на потчинетост и послушност. Непослушноста не смее да биде дозволена. Гревот лежи пред вратата на родителите кои на своите деца им дозволуваат да бидат непослушни… Децата треба да разберат дека треба да бидат послушни.
Барајте неодпожна, совршена поспушност. Кога родителите занемаруваат да бараат неодложна и совршена послушност од своите деца, тие занемаруваат да постават правилен темел во карактерот кај нивните малечки. Тие ги подготвуваат своите деца да покажат непочитување кон нив кога ќе пораснат и да им донесат жалост кога тие се приближуваат кон гробот.
Барањата треба да бидат разумни. Барањата на родителите треба секогаш да бидат разумни; љубезноста треба да се изразува, но не со неразумно попуштање, туку преку мудро насочување. Родителите треба да ги поучуваат децата на пријатен и угоден начин, без укорување или наоѓање на мани, настојувајќи да ги врзат срцата на малечките со себеси преку свилените врвки на љубовта.
Во своето воспитување на децата и во воспитувањето на туѓите деца, докажано е дека тие никогаш не ги сакале своите родители и старатели помалку затоа што тие ги ограничувале во чинењето на злото.
Треба да се кажат причините за послушност. Децата треба да научат да бидат послушни во домот. Тие треба да обликуваат симетричен карактер кој Бог може да го одобри, држејќи го законот во домашниот живот. Родителите христијани треба да ги воспитаат своите деца да бидат послушни на законот Божји… Причините за оваа послушност и почит кон Божјиот закон треба да бидат втиснати во децата тогаш кога тие ќе можат да ја разберат неговата природа, зашто така ќе знаат што треба да чинат и од кои нешта треба да се воздржуваат.
Зборот на родителот треба да биде закон. Вашите деца, кои се под ваша контрола, треба да бидат научени да ви бидат послушни. Вашиот збор треба да биде нивен закон.
Многу родители христијани не им заповедаат на своите деца и потоа се чудат зошто нивните деца се перверзни, непослушни, неблагодарни и несвети. Таквите родители се наоѓаат под Божји укор. Тие занемариле своите деца да ги подигнат во грижата и науката Господова. Тие пропуштиле да ги научат на првата лекција на христијанството: „Стравот од Господа е почеток на мудроста.“ „Безумноста,“ вели мудриот човек, „е врзана во срцето на детето.“ Љубовта кон безумноста, желбата да се чини зло, омразата кон светите
нешта, се некои од потешкотите со кои родителите ќе мора да се соочат во домашното мисионско поле…
Со Божјата сила, родителите мора да се подигнат и да им заповедаат на своите домови. Тие мора да научат цврсто да го потиснат злото, но сепак без нетрпеливост или страст. Тие не треба да ги остават децата да претпоставуваат што е правично, туку треба да го посочат патот со непогрешливи зборови и да ги поучат да одат по него.
Блијанието на едно непослушно дете. Едно непослушно дете ќе им причини голема штета на оние со кои се дружи, затоа што тоа ќе ги обликува другите деца според својот пример.
Замижување пред гревот. Учете ги своите деца да ве почитуваат, затоа што Божјиот закон ја поставува оваа обврска врз децата. Доколку им дозволите на вашите деца да не ги вреднуваат вашите желби и да не ги почитуваат законите на семејството, вие замижувате пред гревот; вие му дозволувате на ѓаволот да прави што сака; и истата непотчинетост, недостигот на стравопочит и љубовта кон себеси ќе биде носена со нив дури и во верскиот живот и во црквата. И причината за сето ова зло е запишана во небесните книги како резултат на занемареноста на родителите.
Навиката на послушност е воспоставена преку повторување. Поуките на послушност и почит на авторитетот, треба често пати да бидат повторувани. Ова дело извршено во семејството ќе биде сила за добро, и не само што децата ќе бидат ограничени од злото и натерани да ја љубат вистината и праведноста, туку и родителите еднакво ќе имаат полза. Ова дело кое што Господ го бара не може да биде извршено без многу сериозно размислување и многу проучување на Зборот Божји, со цел тие да можат да бидат поучени според Неговите подучувања.