Г Л А В A 11 – Да се поучат уште од најраното детство
Да се почне со учење од најраното детство. Почитта кон родителскиот авторитет треба да биде всадена уште од најраното детство и подоцна негувано во младоста. Некои родители мислат дека тие можат на своите млади да им дозволат свој начин на однесување во најраното детство, мислејќи дека кога тие ќе бидат повозрасни, ќе резонираат со нив, но тоа е голема грешка. Почнете уште од бебешкиот живот да ги поучувате на послушност… Барајте послушност во вашето домашно училиште.
Од нивното најрано детство децата треба да бидат воспитувани да бидат послушни на своите родители, да го почитуваат нивниот збор и да имаат стравопочит кон нивниот авторитет.
Пред разумот да биде развиен. Послушноста е една од првите лекции што детето треба да ги научи. Пред тоа да стане доволно возрасно да резонира, треба да биде научено да биде послушно.
Работата на мајката треба да почне кога детето е уште доенче. Таа треба да ја совлада волјата и темпераментот на детето и да ја доведе неговата наклонетост во покорност. Поучувај го на послушност и како што детето расне, не се опуштај.
Пред своегпавоста да се развие. Малкумина родители почнуваат доволно рано да ги учат своите деца на послушност. Обично детето се остава две или три години од своите родители, кои се воздржуваат да го дисциплинираат, мислејќи дека е премногу мало за да се научи на послушност. Но цело ова време неговото јас се засилува во него и секој ден задачата на родителите да стекнат контрола врз детето станува се потешка.
Од најраните години децата можат да го сфатат она што им е разбирливо и едноставно кажано и со љубезно и разумно управување, можат да бидат научени на послушност… Мајката не треба да му дозволи на своето дете да стекне предност над неа ниту во еден случај, и со цел да го одржи својот авторитет, не е неопходно да се прибегне кон остри мерки; цврста, постојана рака и љубезност, која ќе го убеди детето за вашата љубов ќе ја постигне целта.
Но ако се дозволи себичност, гнев и своеглавост во првите три години животот на детето, ќе биде премногу тешко да се постигне покорност кон корисната дисциплина. Неговиот карактер станува неподнослив и тоа наоѓа задоволство во својот сопствен начин на однесување, при што родителската контрола за него е неподнослива. Како што детето расте, растат и овие зли тенденции, се до неговата полна зрелост, кога крајната себичност и недостаток на самоконтрола го препуштаат на милоста и немилоста на злодејствата кои владеат во нашата земја.
Никогаш не треба (на децата) да им се дозволи да покажат непочитување кон своите родители. Своеглавоста не треба да помине неукорена. Идната благосостојба на децата изискува љубезна, полна со љубов, но цврста дисциплина.
Послушноста кон родителите води кон послушност на Бога.
Младите и децата кои имаат родители кои се молат имаат голема привилегија, затоа што имаат можност да го познаваат и љубат Бога. Во почитувањето и послушноста кон нивните родители, тие можат да научат како да го почитуваат и му бидат послушни на нивниот небесен Отец.
Само послушните влегуваат во рајот. Родителите и учителите нека остават силен впечаток врз умот на децата дека Бог ги испитува во овој живот, за да се види дали тие кон Него ќе покажат послушност со љубов и стравопочит. Оние кои нема да му се потчинат на Христа на оваа земја, нема да му бидат послушни ниту во вечниот живот. Ако родителите или децата некогаш бидат добредојдени во небесните домови, тоа ќе биде само заради тоа што тие уште во овој свет научиле како да бидат послушни на Божјите заповеди.