Глава VIII Животот на Христијанинот

Сподели го ова:

Почетокот на христијанскиот живот е дело на Светиот Дух. Не може да се даде подобро објаснување од она што го употребил Христос при рачговорот со Никодим. „А Исус му одговори: Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; зашто, роденото од тело, тело е; а роденото од Духот, дух е. Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот” (Јован 3,5.6.8).
Христос тука се прикажал како Творец на духовниот човек. Никогаш Евреите не чуле такви непобитни вистини какви што му се кажани на тој учител во Израел. Иако муѓу еврејскиот народ важел како мудар и голем човек, Никодим бил изненаден со тие едноставни зборови за новото раѓање. И денеска постојат учени и почитувани луѓе и големи проповедници, но сепак, слично на Никодима, тие ништо не знаат за новото раѓање. Само светиот живот може да докаже дека човекот е наново роден. Мнозина тврдат дека се наново родени и поминале низ водно крштавање. Крштавањето е неопходно и на свое место, но тоа не дава пропусница за влегување во Божјото царство без свет карактер.
Има многу начини на кои Божјиот Дух дејствува за да го наведе грешникот да се обрати, а вистински Божји синови се само оние кои на таков начин ги води неговиот Дух. На некого Божјата реч може да влијае при читањето и ќе најде место во неговото срце. Други слушаат живо сведоштво од некоја посветена уста или му доаѓа до рака литература за сегашната вистина. Уверувањето до совеста може да дојде и преку сон. Болеста и жалоста можат да бидат благословени орудија нашето срце да го обратат кон Бога.
Тоа не значи дека нашето срце целосно му се потчинило на Бога, туку дека е зачнат свет живот и дека ќе се развива се додека не постигнеме целосна големина на маж или жена во Исуса Христа. Примајќи го Божјиот дар, ние го прифаќаме Христа како свој личен Спасител. Во врска со тоа, Павле кажува: „Од него сте и вие во Исуса Христа, кој за нас стана премудрост од Бога, и правда, и осветување, и откуп” (1. Коринтјаните 1,30).
Во тој стих наполно е откриена смислата на зборовите „оправдан со вера” што овде е поделено на четири фази.
1. Премудрост. – Со тој поим може да се опише почетокот на христијанскиот живот. „Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат. Похвалата негова пребива вечно” (Псалм 111,10).
2. Правда. – Со тој збор ни се кажува дека нашата сопствена правда во никој случај не не препорачува на Бога, туку не оддалечува од него. „Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како извалкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветер нѐ однесуваат. Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе; затоа Ти го сокри лицето свое од нас и не остави да гинеме од беззаконијатд свои” (Исаија 64,6.7). Тука Павле мисли на понудата на Божјиот Син да не сгори праведни и прифатливи за Отецот. Примајќи ја облеката на неговата правда, ние повторно сме примени во Божјото семејство. „Оправдувајќи се со вера, имаме мир со Бога преку нашиот Господ Исус Хрисгос” (Римјаните 5,1).
3. Посветување. – Откако ќе ни се простат гревовите и откако ќе бидеме примени во кругот на Божјото семејство, должни сме да ја покажуваме својата љубов и благонаклоност на тој начин што нема да дозволиме светот да ја извалка нашата облека. Делото на посветување е постепено дело и треба да трае во текот на целиот наш живот.
4. Избавување. – Со тој збор Павле го опфаќа целокупното дело на Христа како Избавител на светот. Тој не само што го проштава нашето беззаконие, туку ветува дека ќе не ослободи од гревот и на крај ќе не поведе со себе во своето царство. Тоа дело го опфаќа целиот план на спасение, не само првите чекори по добивањето на милоста, туку целокупниот развој во христијанскиот живот кој не приготвува ча небото.

Крштавање
Одредувајќи ја големата задача за проповедање на евангелието, Христос тука ја вклучил и заповедта за крштавање на оние што ќе поверуваат: „А Исус, кога се приближи, проговори и рече: Ми се даде секоја власт на небото и земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедил; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!” (Матеј 28,18-20).
Тоа крштавање што го споменува Христос не е наменето за малечките деца, туку за оние што постигнале зрелост во сфаќањето и што можат да веруваат. Денеска мнозина не го сфаќаат значењето на крштавањето зашто, поради погрешните поими, станала општа пракса наместо оние што постигнале години на зрелост и одговорност, да се крштаваат (поправилно кажано се прскаат со вода) малечки деца. Исто така мнозина, кои биле крстени, отстапиле од приврзаноста кон својот завет што го сториле при крштавањето. Но патот по кој се влегува во Божјото царство останува ист. Апостол Павле сметал дека крштавањето има големо значење и дека сите што сакаат да ги користат Божјите дарови, треба да поминат низ тој свет обред.
На прво место крштавањето ја претставува смртта, закопот и воскресението на Исуса Христа. „Откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, кој Го воскресна од мртвите” (Колосјаните 2,12). Тоа исто така ја претставува смртта на гревот, закопот на нашиот стар човек или на грешната природа. Како Христос што станал од мртвите, така крштавањето, кога стануваме од водата, го претставува нашето духовно воскресение за да почнеме нов живот во Духот. Крштавањето има своја вредност се дотогаш додека го одржуваме својот завет и својата облека чиста. Крштавањето исто така го симболизира проштавањето на гревот и изделувањето од светот и од секоја лажна вера. Крштавањето не се врши во име на која било црква или човек. туку во име на Отецот, Синот и Светиот Дух.
Оправданиот грешник непосредно е поврзан со Божеството. Откако прописно именуван Божји слуга ќе го изврши обредот крштавање, дури тогаш на обратеникот му се подава рака како на верник на црквата. За тој среќен настан Павле кажува: „И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и свои на Бога” (Ефесјаните 2,19).
Мнозина се во недоумица во врска со прашањето кога ја примаат Христовата правда и дарот на милоста (благодатта).
„Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – Божји дар е” (Ефесјаните 2,8).
Секој што ги чита овие редови треба да сфати дека, ако го примил Христа како свој личен Спасител, Божјата црква е должна да го приготви за свечениот обред крштавање. Кога ќе се изврши крштавањето во име на Отецот, Синот и Светиот Дух, тогаш Христовата правда се пренесува на верникот.
„Христос крштавањето го сторил знак за влегување во неговото духовно царство и одреден услов што целосно мора да го исполнат сите што скаат да бидат признати како оние што го прифаќаат авторитетот на Отецот, Синот и Светиот Дух. Пред да најде во црквата свој дом, пред да го пречекори прагот на духовното Божјо царство, човекот мора да прими печат на божественото име: „Господ правда наша” (Еремија 23,6); (6. Свед. 58,4).

Сподели го ова:

Слични објави