УВОД

Сподели го ова:

Бог е извор на сета мудрост и знаење. Првиот чекор кон Бога се прави со вера. Стравот Господен е почеток на мудроста и колку повеќе му се приближуваме, се повеќе напредуваме во вистинското знаење и разбирање. Ние му припаѓаме на Бога според создавањето, а исто така и според откупот преку Исуса Христа. Живееме и се движиме благодарение единствено на Неговата милост. Во нашата грешна природа не можеме да го видиме и да останеме живи. „Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина” (Јован 4,24).
Исус Христос е Божји Син кој дошол од небото да му ја открие на грешниот човек славата на својот Отец. Преку Исуса стекнуваме сознанија за личноста на Бога, чија што љубов кон паднатиот свет најмногу дошла до израз во жртвувањето на својот сакан Син за откуп на човечкиот род. Бог нас нѐ љубел уште пред да му се обратиме; и најмалку што можеме да сториме е да му ја возвратиме таа љубов пренесувајќи им ја на другите.
Оваа брошура јасно укажува на патот по кој треба да одат сите оние што сакаат да го најдат Христа. Мнозина се прашуваат како да го почнат христијанскиот живот и како да го прифатат повикот на евангелската вест. Целта на оваа книшка е да даде одговор на тие прашања на начин којшто лесно ќе можат да го сфатат и старите и младите.
Сесрдниот читател на овие зборови ќе биде богато благословен и коѓа ќе ги прими тие драгоцени вистини, своите искуства и радост ќе им ги пренесува и на другите.
ИЗДАВАЧИТЕ

Сподели го ова:

Слични објави