Глава X Надевање во Бога

Божјата реч е неисцрпна ризница на поуки за луѓето на сите слоеви. Ниедна друга книга не може да се спореди со неа, бидејќи таа е комплетен патоказ на животот. Можеме да бидеме наполно сигурни само тогаш ако целосно се потпреме врз Бога, примајќи ги советите што ни ги дава неговата Реч: „Верувајте му на својот…

Глава IX Домашни во верата

Иако живееме среде христијанска цивилизација која се фали со голема светлина, сепак има многу такви кои не веруваат дека Бог има на земјата една црква или заедница. Секогаш имало такви луѓе и нив ќе ги има до крај. Иако тие не веруваат во црквата, сепак нивниот социјален инстинкт ги наведува да се здружуваат во разни…

Глава VIII Животот на Христијанинот

Почетокот на христијанскиот живот е дело на Светиот Дух. Не може да се даде подобро објаснување од она што го употребил Христос при рачговорот со Никодим. „А Исус му одговори: Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; зашто, роденото од тело, тело…

Глава VII Вест која спасува

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде и својот единороден Син, за ниеден кој верува во него да не загине, туку да има живот вечен” (Јован 3,16).Божјата љубов е толку голема што го опфаќа секој човек, жена или дете кои се родени на овој свет. Тука сите луѓе се еднакви – било да…

Глава VI Враќањето на грешникот

Мнозина и денеска го поставуваат истото она прашање од времето на апостолите: „Што треба да правам за да се спасам?” Истoто тоа прашање еден ден му го поставил на Христа еден млад богат човек кој сакал да дознае како може да учествува во Божјото царство. Прашањето гласело: „Учителе добар што треба да направам за да…

Глава V Љубовта на Отецот

Најпознат и најчесто цитиран текст од Библијата е текстот во Евангелието на Јован 3,16: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде и својот единореден Син, за ниеден кој верува во него да не загине, туку да има живот вечен.” Божјата љубов го надминува сфаќањето на човечкиот ум, а зборовите се недоволни да ја…

Глава IV Божји план за откуп на човекот

Бог не одредил на овој свет да дојде зло, но Тој однапред знаел за неговото постоење и создал план за спасение на човекот од гревот и пропаста. Планот бил создаден, но небесните суштества за тоа дознале дури по падот на човекот. Најголем проблем што кога било се поставил пред вселената бил проблемот како може да…

Глава III Падот на човекот

На првите страници на Светото писмо јасно е запишано дека Бог ја создал првата човечка двојка – Адам и Ева. „Потоа рече Бог: Да создадеме човек според нашиот образ и подобие како што сме ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја, и над…

Глава II Потеклото на злото

Потеклото на злото за мнозина претставува голема тајна. Секое разумно суштество што размислува е свесно за постоењето на некоја зла сила спротивна на сѐ што е добро и право. Насекаде гледаме болест, страдање, жалост и смрт. Во секој лист што паѓа и во секој цвет што венее забележуваме знаци на проклетство што лежи на овој…

Глава I Дарот на животот

Животот ни е драгоцен дар што сме го добиле од Творецот. Малку има такви кои знаат да ја ценат неговата вредност и кои се трудат да сфатат каква цел има Бог за нив. Милиони човечки суштества поминуваат по животната патека на оваа земја дури и не познавајќи го Оној што им го подарил животот. Според…