9. Променете се

Сподели го ова:

9. лекција Сабота, 1. декември2018.

 

Променете се

 „Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на вашиот ум за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено.“ – Римјаните 12:2.

„Кога Божјиот Дух презема контрола врз срцето, животот се преобразува. Грешните мисли се отфрлаат, злите дела се оставаат; љубовта, понизноста и мирот доаѓаат на местото на гневот, зависта и кавгата. Радоста го зазема местото на тагата, а на лицето се одразува небесна светлина.“ – Копнежот на вековите, 173.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: The Upward Look, 236-241.248. 345.346.

Недела 25. ноември

1. ПРОМЕНИТЕ НА ДУХОТ

а. Која е улогата на Светиот Дух во процесот кој не прави слични на Христа? 2. Коринтјаните 3:18.

„Да се набљудува Христос значи да се проучува Неговиот живот онака како што е опишан во Неговото Слово. Ние треба да ја истражуваме вистината како скриено богатство. Својот поглед треба секогаш да го насочиме кон Христа. Кога се повикуваме на Него како на наш личен Спасител, тоа ни дава смелост да се приближиме до престолот на благодатта. Набљудувајќи го Христа, ние се менуваме, стануваме морално слични на Оној кој е совршен во карактерот. Со посредство на пробразувачката сила на Светиот Дух и прифаќањето на Христовата правда која нам ни е припишана, ние стануваме слични на Него.“ – Коментари на библиските текстови, 694.

б. Што прави Исус за нас преку Светиот Дух? 1. Коринтјаните 6:11.

„Отсуството на посветеност, побожност и лојалност кај површниот човек, настанува кога ќе се откаже од Исуса Христа, нашата праведност. Љубовта кон Бога постојано мора постојано да се негува.“ – Faith and Works, 15.

Понеделник 26. ноември

2. ДУШАТА ОСВЕДОЧЕНА ЗА ГРЕВОТ

а. На кој начин Светиот Дух ја осведочува душата? Јован 16:8-10.

„Срцето е допрено и доведено до покајание. Покајанието ја чисти моралната атмосфера на душата и ги буди светите начела. Христовата благодат која потчинува, доаѓа во срцето… Гревовите ги гледаме со иста светлина со која Бог ги гледа. Ако ги признаеме, тие ќе бидат простени.“ – The Review and Herald, June 28, 1898.

б. Кој е Божјиот одговор на укорот? Дела 2:37; Изреки 9:8.

„Оние кои се погодени со укорот на Божјиот Дух не треба да застануваат против понизното орудие кое тој укор го пренесува. Оној кој го изговорил ова, за да ги спаси од пропаст е самиот Бог, а не некој грешен смртник.“ – 3. Сведоштво, 257.
„Не и е угодно на човечката природа да прима укор, ниту, пак, е можно срцето на човекот ако не е просветлено од Божјиот Дух, да ја сфати потребата од укор ниту благословот кој треба да го донесе. Колку повеќе човекот им подлегнува на искушенијата и гревот, толку повеќе неговиот ум станува помрачен. Моралното чувство се изопачува. Не се обрнува внимание на предупредувањата на совеста, а нејзиниот глас се послабо се слуша. Човекот постепено ја губи моќта да прави разлика помеѓу доброто и злото, се додека не изгуби претстава за својата вистинска состојба пред Бога… Бог дал доволно докази, така што сите што сакаат можат да се осведочат во вистинитоста на Сведоштвата; и кога ќе се осведочат дека тие се Божји, должноста им налага да прифатат укор, дури и тогаш кога сами не ја гледаат целата грешност на своите постапки. Кога тие во целост би биле свесни за својата вистинска состојба, зошто тогаш би им бил потребен укор? И токму затоа што не знаат, Бог милостиво им укажува на тоа, за да можат да се покаат и реформираат пред да биде предоцна.“ – 5. Сведоштво, 682.

в. Откако сме укорени за гревот во нашиот живот, и имаме желба да се промениме, што треба да имаме на ум? Исаија 55:7; Осија 6:1; 1. Јованово 1:9.

„Секој што ќе ја послуша опомената и со понизна душа ќе го признае својот грев и ќе се покае, како Давид, може да биде сигурен дека за него постои надеж. Секој кој со вера ќе ги прифати Божјите ветувања, ќе добие проштавање. Господ никогаш нема да ја отфрли душата која искрено се кае.“ – Патријарси и пророци, 726.

Вторник 27. ноември

3. СОЗДАВАЊЕ НА НОВО СРЦЕ

а. Кое создавачко дело Светиот Дух го врши во секој човек? Јован 16:8,9; 12:32.

„Истиот божествен ум, кој делува во природата, им се обраќа и на срцата на луѓето, будејќи во нив неискажан копнеж за она што го немаат. Она што е во светот не може да го задоволи нивниот копнеж. Божјиот Дух ги преколнува да се стремат кон она што единствено може да им даде мир и одмор – кон Христовата благодат и радоста на светоста. Служејќи се со видливи и со невидливи влијанија, нашиот Спасител е постојано на дело со цел умот на луѓето да го одврати од грешните уживања што не ситат и да го насочи кон неизмерните благослови што можат да ги добијат во Него.“ – Патот кон Христа, 28.

б. Каква е духовната состојба на природното срце? Еремија 17:9; Римјаните 3:23.

„Никој не е во состојба сам од себе да ги сфати своите грешки… Меѓутоа, вистинска претстава за својата сопствена состојба можеме да стекнеме само на еден единствен начин. Мораме да го посматраме Христа! Токму непознавањето на Христа ги наведува луѓето толку многу да ја возвишуваат својата праведност. Кога ќе размислуваме за Неговата чистота и за Неговото совршенство, тогаш ќе ја согледаме својата слабост, своето сиромаштво и маните во вистинска светлина. Ќе видиме дека сме изгубени и без надеж, облечени во облеката на својата праведност, како и сите други грешници. Ќе увидиме дека спасението не можеме да го заработиме со нашата добрина, туку единствено со Божјата бесконечна милост.“ – Христовите очигледни поуки, 159.

в. Што сака Бог да направи за нас кога ќе ја согледаме вистинската состојба на нашето срце? Исаија 1:18; Езекиел 18:31; 36:26.

„Дали ќе му дозволите да се правда со вас? Дали ќе му ја доверите грижата за својата душа како на верен Творец? Дојдете и почнете да живеете во светлината на Неговото лице, молејќи се како Давид: ‘Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег.’ (Псалм 51:7) Со вера измијте го своето срце во Христовата крв, само таа може да го направи побело од снег. Но вие велите: ‘Оставањето на моите идоли ќе ми го скрши срцето.’ Ова откажување од се со цел да го придобиете Бога претставено е со падот и кршењето врз Карпата. Затоа откажете се од сето тоа за Него; бидејќи, ако не сте скршени, вие сте безвредни.“ – Одбрани пораки 1,330.

Среда 28. ноември

4. ОДЕЊЕ ПО ДУХОТ

а. Како е можно да се живее победнички живот? Римјаните 8:1-4; Галатјаните 5:16.

„Нашата идна вечна среќа зависи од тоа дали нашата човечка природа, со сите свои способности и сили, е доведена во послушност кон Бога, под контрола на Божеството…
„Преку морална сила која Христос му ја подарил на човекот, можеме да му се заблагодариме на Бога кој не направил достојни за наследство со светите во светлината. Преку Исуса Христа секој човек може да извојува победа за себе, стоејќи во својата индивидуалност на карактерот.“ – That I May Know Him, 291.

б. Како ќе живее христијанинот додека е под водство на Светиот Дух? Галатјаните 2:20.

„Оној што најмногу го љуби Исуса ќе направи најмногу добра. Нема граници на корисноста на оној кој, ставајќи го своето ,,јас“ настрана, отвора пат Светиот Дух да делува на неговото срце и да живее целосно посветен живот на Бога. Ако луѓето се подготвени да се потчинат на потребната дисциплина, не жалејќи се и не малаксувајќи на патот, Бог ќе ги учи постојано, од час во час и од ден на ден. Тој копнее да ја манифестира Својата благодат. Ако Неговиот народ е подготвен да ги отстрани препреките, Тој ќе ја излее водата на спасението и таа обилно ќе протече низ човечките канали.“ – Копнежот на вековите, 250.251.

в. Кое е клучното средство кое Духот го користи за да го очисти нашиот живот? 1. Петрово 1:22.23.

„Библијата е силно средство за преобразба на карактерот. Христос се молел: ‘Посвети ги со вистината; твојата Реч е вистина’ (Јован 17:17). Кога се проучува и извршува, Божјата реч влијае врз срцето, покорувајќи ја секоја несвета особина. Светиот Дух доаѓа да го осуди гревот и верата, која извира во срцето, работи со љубов кон Христа, помагајќи ни со телото, со духот и душата да стануваме слични со Него. Тогаш Бог може да не употреби да ја вршиме Неговата волја. Силата што ни е дадена дејствува одвнатре, гонејќи не на другите да им ја објавиме вистината што ни е откриена.“ – Христови очигледни поуки, 100.

Четврток 29. ноември

5. ПРОМЕНЕТО СРЦЕ, ПРОМЕНЕТ ЖИВОТ

а. Каква промена ќе се забележи во животот на преобратената личност? Како Светиот Дух влијае на постапките? Римјаните 8:13.14; Езекиел 36:27.

„Иако не можеме да го видиме Божјиот Дух, ние сепак знаеме дека Тој со своето влијание ги осведочува и ги преобратува луѓето кои биле мртви во престапите и гревовите. Непромислениот и своеволен, станува сериозен. Тврдокорните се каат за нивните гревови, а оние кои немале вера, сега веруваат. Коцкарот, пијаницата, развратникот, стануваат доверливи, трезвени и чисти. Бунтовните и тврдоглавите стануваат кротки и слични на Христа. Кога ќе ги видиме овие промени во карактерот, можеме да бидеме сигурни дека Божјата сила која ги преобратува срцата го преобразила целиот човек. Светиот Дух не сме го виделе, но сме го виделе доказот на Неговото делување на промената на карактерот на оние кои биле тврдоглави и презрени грешници.“ – Евангелизам, 219.

б. Кој чекор Бог сака да го преземеме, за да покажеме дека сме го прифатиле новото срце кое Тој ни го нуди? Дела 2:38; 22:16.

„Преродениот човек повторно ужива во Божјата наклонетост. Крштевањето било погреб со Христа во водата, слично на Неговата смрт, прикажувајќи дека сите што се каат поради престапот на Божјиот закон се очистени преку делувањето на Светиот Дух. Крштевањето претставува вистинско преобратување преку обновувањето на Светиот Дух.“ – The Faith I Live By, 143.

Петок 30. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога само можеме вистински да им го претставиме Бога на другите?
2. Зошто ни е потребен укор? Ако нашето срце е просветлено од Светиот Дух, како ќе реагираме на укорот?
3. Што ќе ни се случи додека го набљудуваме Христа во Неговата чистота и совршеност?
4. Што се случува со нас кога нашиот ум е обновен од Светиот Дух?
5. Како знаеме дека Светиот Дух делувал на нечиј живот?

Сподели го ова:

Слични објави