8. Потреба за претпазливост
8. лекција Сабота, 24. ноември 2018.
Потреба за претпазливост
„И не оскрбувајте Го Светиот Дух Божји со Кој сте запечатени за денот на откупувањето.“ – Ефесјаните 4:30.
„Кога во Заедницата во нашите денови ќе се покаже дека членовите, благодарение на силата на Духот, се одвратиле од земните работи, дека се спремни да поднесат жртва за да можат нивните ближни да го чујат евангелието, тогаш објавувањето на вистината ќе има силно влијание на слушателите.“ – Делата на апостолите, 71.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 70-76;
Копнежот на вековите, 321-327.
Недела 18. ноември
1. ПРЕКРАСНИОТ ДУХ ВО РАНАТА ЦРКВА
а. Која карактеристика ја разликуваше раната црква? Дела 2:44. 45; 4:34-37.
„Верскиот фанатизам и заостанатоста на Евреите многумина од првите верници ги одвоиле од нивните семејства и пријателите, така да било неопходно да им се пружи храна и засолниште.
„Библиските записи сведочат дека ‘ниту еден од нив не беше сиромашен’, и дека нивните потреби биле задоволени. Оние верници кои имале пари и имоти со задоволство ги жртвувале за да се задоволат потребите на сите. Ги продавале своите куќи и ниви, ги носеле парите и им ги ставале пред нозете на апостолите, ‘и се даваше на секому кому што требаше.’
„Таа великодушна дарежливост на верниците била последица на изливањето на Светиот Дух. Оние кои го прифаќале евангелието биле ‘едно срце и една душа.’ Нив ги раководела една заедничка желба -успех на мисијата која им била доверена, и лакомоста немала место во нивниот живот. Големата љубов кон браќата и делото кое го прифатиле била многу поголема од љубовта кон парите и имотот. Со своите дела тие сведочеле дека вредноста на човековата душа ја ценат повеќе од било кое земно богатство.“ – Делата на апостолите, 70.71.
Понеделник 19. ноември
2. ЛИЦЕМЕРИЕ И БРЗА КАЗНА
а. Заедно со несебичниот дух на многумина, кој духовен пробл-ем се појавил во раната црква? Дела 5:1.2.
„Длабоката осведоченост ги обзела сите присутни, и Ананија и Сапфира под длабоко влијание на Божјиот Дух, дале завет дека ќе му дадат пари на Господа од продажбата на една своја нива.
„Меѓутоа, Ананија и Сапфира подоцна го ожалостиле Светиот Дух, оддавајќи се на грев и лакомост. Почнале да жалат што воопшто дале завет и набрзо го загубиле благотворното влијание на благословот кој ги загреал нивните срца со желбата да направат нешто големо во корист на Христовото дело. Им се чинело дека избрзале и дека повторно мораат да размислат за својата одлука. Разговарале околу тоа и одлучиле да не го исполнат своето ветување.“ – Делата на апостолите, 71.72.
б. Што открил Петар под водство на Светиот Дух? Кој бил вистинскиот грев на Ананија? Дела 5:3.4.
„На Ананија ни му бил вршен никаков притисок својот имот да го жртвува за општо добро. Тој постапил по својата слободна волја. Но обидувајќи се да ги измами учениците, тој го излажал Семоќниот.“ – Делата на апостолите, 73.
в. Што се случило кога гревот на Ананија станал очигледен? Дела 5:5.6.
„Во својата бескрајна мудрост Бог видел дека ваков очевиден доказ на Неговиот гнев бил потребен за да не се деморализира младата црква. Бројот на членови нагло се зголемил. Црквата би дошла во опасност ако при рапидниот пораст на преобратени пристапат и оние кои тврдат дека му служат на Бога, а всушност му служат на мамона. Таа казна докажува дека не е возможно Бог да биде измамен, докажува дека Тој ги открива гревовите скриени во срцето и не дозволува некој да Му се потсмева. Тоа требало да послужи како опомена за целата Заедница да се чува од преправање и лицемерство и да не го краде Бога.“ – Делата на апостолите, 73.74.
Вторник 20. ноември
3. БОЖЈИ ПОГЛЕД НА ЛИЦЕМЕРИЕТО
а. Кое прашање подоцна беше поставено на сопругата на Анани-ја, и како одговорила? Дела 5:7.8.
„Овој пример кој толку очигледно покажува колку му се гадни на Бога алчноста, измамата и лицемерството е даден како сигнал на опасност не само на првата црква, туку и на сите идни поколенија. Кај Ананија и Сапфира алчноста била на прво место. Желбата да сочуваат за себе еден дел од она што му го ветиле на Бога ги навела на проневера и дволичност.“ – Делата на апостолите, 74.
б. Кој грев и го предочил Петар на Сапфира, и каков бил трагични-от резултат? Дела 5:9.10.
„Но Бог мрази дволичност и невистина. Ананија и Сапфира извршиле затајување и проневера спрема Бога, го излажале Светиот Дух и нивниот грев брзо и страшно бил казнет.“ – Делата на апостолите, 72.
в. Како Бог гледа на сите лаги? Изреки 12:22; Откровение 21:27.
„Луѓето во овој свет во голема мера се служат со претерување, измама и лага; но оние што тврдат дека веруваат во вистината прават неправда? Дали сакаат да ја собираат нечистотијата која се наоѓа насекаде околу нив, и да се идентификуваат со оние кои, иако се сметаат за праведни, прават зло? Оној кој гледа на срцето и не може ни во најмала мера да го прифати гревот, нема да толерира лицемерство кај оние што тврдат дека се негови деца.“ – The Review and Herald, December 19, 1893.
„Оној кој зборува невистина многу ефтино ја продава својата душа. Неговите лаги понекогаш можат да изгледаат корисни; може да изгледа дека на тој начин постига некаква деловна корист која не може да ја постигне на поштен начин! Меѓутоа, таквиот човек на крајот оди толку далеку што повеќе нема доверба во никого. Бидејќи и самиот лаже, тој нема доверба ни во другите…
Истиот грев (на Ананија и Сапфира) често е повторуван и во подоцнежната историја на црквата, а многумина го прават и во наше време. Но иако не се покажува веднаш знак на Божјото несогласување, тој грев е исто така одвратен пред лицето на Бога како што бил и во деновите на апостолите.“ – Делата на апостолите, 76.
Среда 21. ноември
4. ГРЕВОТ ПРОТИВ СВЕТИОТ ДУХ
а. Што обично вклучува гревот против Светиот Дух? Еремија 29:19; Лука 13:34.
„Нема потврдокорни луѓе од оние, кои го игнорирале повикот на милост и го презреле Духот на благодатта. Гревот против Светиот Дух најчесто се манифестира во упорно одбивање на небесниот повик на покајание. Секој чекор во отфрлање на Христа е еден чекор кон отфрлање на спасението и кон гревот против Светиот Дух.“ – Копнежот на вековите, 324.
б. Кои други гревови можат да доведат до грев против Светиот Дух? Матеј 12:34-37.
„Со Христовата опомена во поглед на гревот против Светиот Дух тесно е поврзана опомената против празните и зли зборови. Зборовите го манифестираат она што е во срцето… Опасно е да се изговори некој збор на сомневање, опасно е да се става под прашање и критикува божествената светлина. Навиката за лекомислено критикување без стравопочит влијае на карактерот, бидејќи негува недостаток на стравопочит и неверие. Човекот што се оддава на таа навика несвесно стапува на опасен пат и на крај е подготвен да критикува и да го отфрли делото на Светиот Дух“ – Копнежот на вековите, 323.
в. Што треба да имаме на ум во борбата против гревот? Матеј 6:24.
„Неминовно мораме да бидеме под контрола на едната или на другата голема сила, кои се борат за превласт во светот. Не е неопходно да избереме служба на царството на темнината за да потпаднеме под нејзина власт. Доволно е само да занемариме да се соединиме со царството на светлината. Ако не соработуваме со небесните сили, сатаната ќе го заземе срцето и ќе го направи свое живеалиште. Единствена одбрана против злото е Христос да престојува во срцето преку вера во Неговата праведност… Можеме да се откажеме од многу лоши навики, извесен период можеме да се одвоиме и од друштвото на сатаната, но ќе бидеме победени, ако немаме животна врска со Бога со тоа што ќе му се предаваме секој момент.“ – Копнежот на вековите, 324.
Четврток 22. ноември
5. НЕГУВАЊЕ НА ДУХОТ НА ВИСТИНАТА
а. Која карактерна особина ја цени Бог, и под кои околности? 2. Коринтјаните 8:21; Евреите 13:18.
„Оние кои тврдат дека се Христови следбеници, секогаш треба да ги негуваат вистината и искреноста во својот живот. Бог и правдата треба да бидат нивно мото. Да постапуваме чесно и праведно во овој злобен свет. Некои се чесни само кога ќе видат дека чесноста нема да ги загрози нивните световни интереси; но имињата на сите оние кои се придржуваат до ова правило ќе бидат избришани од книгата на животот.
„Строга чесност мора да се негува. Низ животната патека на овој свет поминуваме само еднаш. Еднаш направената грешка не можеме да ја вратиме назад за да ја исправиме; затоа секој чекор што треба да се направи треба да биде направен со побожен страв и внимателно разгледан.“ – Коментари на библиските текстови, 655.
6. Како Светиот Дух ни помага додека ја бараме вистината? Јован 16:13.
„Верните истражувачи на вистината не мора да талкаат, бидејќи не само што Библијата јасно и едноставно укажува на патот на животот, туку и Светиот Дух им се дава како водич за да можат да го сфатат патот што е толку јасно откриен низ неа.“ – Рани списи, 221.
„Светиот Дух се нарекува и Утешител и Дух на вистината, бидејќи постои утеха и надеж во вистината. Лагата не може да даде вистински мир; туку преку вистината ние стануваме учесници во мирот кој ја надминува моќта на разумот.“ – Gospel Workers (1892), 310.
Петок 23. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Какво влијание имало излевањето на Светиот Дух врз учениците и како тие се однесувале еден кон друг?
2. Како Ананија и Сапфира го нажалиле Светиот Дух?
3. Кон што водела нивната алчност, и зошто тоа претставува предупредување за нас денес?
4. Како критикувањето и сомнежот можат да доведат до грев против Светиот Дух?
5. Како можеме да бидеме искрени во овој живот, и каков ќе биде резултат?