7. Управување со Божјата црква

Сподели го ова:

7. лекција Сабота, 17. ноември 2018.

Управување со Божјата црква

„И кога им го кажа ова, дувна и им рече: ‘Примете Дух Свети!’“ – Јован 20:22.

„Сите кои имаат жива врска со Бога се водени од Неговиот совет. Соединети во црковните работи, тие се предаваат на Христовото дело. Ако му отвориме врата на Исус, Тој ќе влезе и ќе престојува во нас; Нашата сила ќе биде засилена со Неговиот вистински претставник, Светиот Дух.“ – The Review and Herald, February 23, 1897.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 87-96.

Недела 11. ноември

1. СВЕТИОТ ДУХ ВО СТАРОЗАВЕТНО ВРЕМЕ

а. Во која посебна прилика од Мојсеевиот живот можело да се види делувањето на Светиот Дух било? Броеви 11:16.17.25.

„Слично на учениците на денот Педесетница, тие биле ‘облечени во сила од височината’. Господ сакал на тој начин да ги приготви за нивното дело и да им укаже чест пред собирот за народот да има доверба во нив како луѓе избрани од Бога кои требало да ја делат власта со Мојсеја при управувањето со Израел.“ – Патријарси и пророци, 381.

б. На кој начин Бог го водел Исус Навин и го подготвувал за неговото дело? Броеви 27:18; Повторени закони 34:9; 31:22.23.

„(Исус Навин) бил најсвечено посветен за идната важна работа која му претстоела – како верен пастир да го води израелскиот народ. ‘И Исус, синот Навинов, се исполни со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги беше положил рацете свои врз него, и му се покоруваа синовите на Израел и правеа така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.’ (Повторени закони 34:9).“ – Spiritual Gifts 4a, 56.

Понеделник 12. ноември

2. ВО ДЕНОВИТЕ НА АПОСТОЛИТЕ

а. Како првите ученици добиле сила потребна за извршување на евангелскиот налог? Јован 20:21-23; Марко 16:20.

„Тие не можеле да ги исполнат своите должности во врска со црквата, се додека Христос не ги вдахнал со Својот Дух. Тој им доверил најсвета доверба и сакал добро да сфатат дека тоа дело не може да се изврши без Светиот Дух.
„Светиот Дух е здив на духовниот живот во душата. Давањето на Духот значи давање на Христовиот живот. Тој го исполнува примателот со Христови особини. Само оние кои Бог ги учи на тој начин, во кои делува Духот и во чиј живот се манифестира Христовиот живот, треба да стојат како луѓе претставници и да служат во корист на црквата.“ – Копнежот на вековите, 805.
„Налогот што им го дал Христос на своите ученици тие верно го исполниле. Кога тие гласници на крстот тргнале да го објавуваат евангелието, се открила Божја слава каква што смртните луѓе до тогаш не виделе. Благодарение на соработката со божествениот Дух, апостолите го извршиле делото кое го потресло светот.“ – Делата на апостолите, 593.

б. Што направила првата црква за да расте духовно? Дела 2:42.

„Од денот Педесетница па се до денес, Утешителот е упатуван на сите кои потполно се посветиле на Бога и Неговата служба. Светиот Дух доаѓал како советник, просветител, водич и сведок на сите кои го примиле Христа како личен Спасител. Колку поблиску верниците оделе со Бога, толку појасно и посилно сведочеле за љубовта и спасоносната милост на својот искупител.“ – Делата на апостолите, 49.
„Тогаш да престанеме да гледаме на самите нас, туку да гледаме на Оној од кого доаѓаат сите доблести. Никој од нас не може себе си да се направи подобар, затоа е потребно да дојдеме кај Исуса такви какви што сме, искрено посакувајќи да бидеме очистени од секакви дамки и нечистотии на гревот и да го примиме дарот на Светиот Дух… Со жива вера можеме да се потпреме на Неговото ветување, бидејќи Тој рекол: ‘Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели.’ (Исаија 1:18).“ – Reflecting Christ, 213.

Вторник 13. ноември

3. ЖИВА, РАСТЕЧКА ЦРКВА

а. Во што се состоела силата на раната црква? Дела 4:32; 2:46.47 (прв дел).

„Секој христијанин во својот брат гледал божествено лик на добрина и љубов. Еден интерес преовладувал. Еден предмет на натпревар ги потиснал сите други. Единствен копнеж на верниците бил во карактерот да станат слични на Христа и да работат на проширување на Неговото царство.“ – 8. Сведоштво, 20.

б. Како единството меѓу верниците влијае врз делота на еван-гелието? Дела 4:33; 2:47 (последен дел).

„Учениците не го барале тој благослов само за себе. Нив ги притискал товар за душите. Евангелието требало да се однесе во сите краеви на светот и тие барале да им се даде силата што Христос им ја ветил. Тогаш се излеал Светиот Дух и во еден ден се обраќале илјадници души.“ – 8. Сведоштво, 21.

в. Како и ние можеме да го имаме истиот дух на единство? Каде започнува тоа? Филипјаните 2:3.

„Колку повеќе се приближуваме до Христа, толку поблиску ќе бидеме еден кон друг. Бог се прославува кога Неговиот народ ќе се соедини во заедничката работа.“ – Темелите на среќниот дом, 179.
„Мислете за Господ Исуса, за Неговите заслуги и за Неговата љубов, но не се обидувајте да ги пронајдете недостатоците и да се занимавате со грешките кои другите ги направиле. Повикувајте се и сеќавајте се само на она што е достојно за вашето признание и пофалба; и ако порано со желба сте ги откривале недостатоците кај другите, сега со уште поголема желба признајте го и пофалете го она што е добро. Кога би се критикувале самите себе, можеби ќе пронајдете исто така негативни мани како оние кои сте ги виделе кај другите. И затоа да се трудиме без престан да се зајакнуваме едни со други во најсветата вера.“ – Our High Calling, 232.
„Ако се трудиме ближните да ги придобиеме за Христа, ако во молитва ја искажуваме нашата грижа за нивното спасение, нашето срце ќе затрепери од животворното влијание на Божјата благодат; нашите чувства ќе заблескаат со божествена ревност; целокупниот наш христијански живот ќе стане повистинит, посериозен и побогат со молитви.“ – Христови очигледни поуки, 354.

Среда 14. ноември

4. ДОВЕРЕНИ ОДГОВОРНОСТИ

а. Што било потребно кога црквата станала поголема? Дела 6:1.2.

„Под мудрото раководство на апостолите, кои работеле сложно во силата на Светиот Дух, делото доверено на гласниците на евангелието брзо напредувало. Заедницата постојано се зголемувала, и тој пораст на членството им носел се поголемо бреме на одговорности на оние кои го воделе делото. Ниту еден човек или група не биле во можност да го носат тоа бреме, а при тоа да не го загрозат идниот развој на Заедницата. Требало да се изврши поделба на должностите и одговорностите, кои на почетокот верно ги извршувале неколку од нив. Еден дел од одговорностите кои до тогаш во главно ги носеле сами, апостолите сега морале да им ги пренесат на други.
„Бидејќи свикале состанок со верниците, апостолите водени од Светиот Дух го изнеле планот за подобра организација на сите делотворни сили на Заедницата. Дојде време, соопштиле апостолите, духовните служители кои вршат надзор над Заедницата, да бидат ослободени од должноста на распределување на милостина на сиромашните и слични други обврски, за исклучиво да се посветат на проповедање на евангелието.“ – Делата на апостолите, 88.89.

б. Врз основа на што се избирале новите службеници во црквата? Дела 6:1.2. Кој треба да раководи со таквите работи? Дела 13:2; 20:28.

„Назначувањето на овие седуммина (ѓакони) за надзор над посебната гранка на евангелскиот дел се покажало како голема благодат за Заедницата. Тие служители совесно воделе грижа за потребите на поединците и за општите материјални интереси на Заедницата, па со своето мудро управување и побожен пример биле од голема корист на останатите одговорни соработници во поврзувањето на различните интереси на Заедницата во една единствена целина.“ – Делата на апостолите, 89.
„Господ во својата мудрост одредил преку членството во Заедницата како христијанско братство сите верници да бидат меѓусебно тесно поврзани, верник со верник, црква со црква. Така човечкото орудие ќе биде оспособено да соработува со божественото. Секое битие мора да Му се потчини на Светиот Дух, и сите верници мора да се соединат во организирани и добро насочени напори, за да му ја донесат на светот радосната вест за Божјата милост.“ – Делата на апостолите, 164.

Четврток 15. ноември

5. ПОТРЕБА ОД БОЖЕСТВЕНО ВЛИЈАНИЕ

а. Како треба Светиот Дух да влијае на оние кои другите ги поучуваат од Божјото Слово? 1. Коринтјаните 2:1-4, 10-13.

б. Кои биле условите за примање на дарот што Христос им го ветил на своите следбеници во текот на вековите? Дела 2:38.39; 5:32. Зошто денес не го примаме овој дар поцелосно?

„Им сведочам на моите браќа и сестри дека Христовата црква, колку и да е слаба и несовршена, е единствениот предмет на земјата на кој Христос и го посветува своето најголемо внимание. И додека својата покана да дојдат кај Него му ја упатува на целиот свет, и ги овластува своите ангели да и пружат божествена помош на секоја душа која Му приоѓа со покајание и понизност, Тој лично доаѓа преку Неговиот Свет Дух среде Неговата црква.“ – Сведоштво за проповедници, 1.

„Христос изјавил дека божественото влијание на Духот ќе биде до крајот со Неговите следбеници. Но тоа ветување не е ценето така како што би требало да биде; затоа ниту неговото исполнување не се видело такво какво што би можело да биде. Малку се мислеше на ветувањето на Духот и последиците беа такви какви што можеше да се очекува – духовна суша, духовна темнина, духовно опаѓање и смрт. Внимание се посветува на помалку важни прашања и затоа божествената сила, која е неопходна за развој и напредок на црквата и која со себе би ги донела и сите други благодати, недостига, иако е понудена во своето безгранично изобилие.“ – 8. Сведоштво, 21.

Петок 16. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како Бог ги признал седумдесетте старешини како свои избрани гласници во времето на Мојсеј ?
2. Зошто Христос го дувнал својот Дух врз учениците? Какво значење има ова за нас денес?
3. Што е денес неопходно, пред да може Бог да го излие својот Дух во својата црква?
4. Како Светиот Дух помага во организацијата на црквата?
5. Зошто Духот нема поголемо влијание во црквата денес?

Сподели го ова:

Similar Posts