6. Сила од небото

Сподели го ова:

6. лекција  Сабота,10. ноември 2018.

 

Сила од небото

 „Тој не спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух, Кого изобилно Г о излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител.“ – Тит 3:5.6.

„Да се пружи отпор на гревот и да се совлада може само со моќното делување на Третото Лице на Божеството, кој не доаѓа со никаква ограничена енергија, туку со целосна божествена сила.“ – Копнежот на вековите 671.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 662-680.

Недела 4. ноември

1. СОЗДАВАЧКА СИЛА

а. Под водство на Бога, Отецот, во кое дело Божјиот Дух бил непосредно вклучен? Создавање 1:1-3.26; Јов 33:4.

„Сите нешта, материјални или духовни, се појавувале пред Господ Јехова по заповед на Господовиот глас и биле создадени според Неговата замисла. Небесата и сето нивно мноштво, Земјата и сѐ што е на неа, настанале со здивот на Неговата уста.“ – Здравје и среќа, 414.

б. Што примил првиот човек од Бога? Како тоа можеме да го споредиме со обновувањето на духовниот живот? Создавање 2:7; Јован 20:22.

„Светиот Дух е здивот на животот во душата. Христос на своите ученици им дувнал здив на вистински духовен живот. Тоа за учениците требало да значи дека се обземени со особините на својот Спасител, дека во чистота, вера и послушност можат да го возвишат законот и да го направат достоинствен.“ – The Review and Herald, June 13, 1899.

Понеделник 5. ноември

2. СИЛА КОЈА ОБНОВУВА

а. Каква паралела постои помеѓу создавањето на нашиот свет и искупувањето на душата? 2. Коринтјаните 4:6; Ефесјаните 2:10.

„Иако расипана од гревот, таа (природата) нам ни зборува не само за создавањето туку и за откупувањето. Иако Земјата сведочи за проклетството кое се покажува во знаците на пропаѓањето, таа се уште е богата и прекрасна во доказите на животворната сила. Дрвјата ги отфрлаат лисјата само за повторно да се облечат во свежо зеленило; цвеќето венее, за да се појави во нова убавина; во секое откровение на создавачка моќ се наоѓа гаранција дека ние можеме да бидеме наново создадени ‘во праведноста и светоста на вистината’ (Ефесјаните 4:24). Така самите предмети и природни појави, кои толку живо не потсетуваат на нашата голема загуба, истовремено стануваат весници на надеж.“ – Воспитување, 27.

б. Кога човекот погрешил и на тој начин го изгубил вечниот живот, кој станал застапник за новото раѓање? Јован 3:5,6.

„Промената на срцето, претставена со новото раѓање, може да се постигне само со делотворната работа на Светиот Дух. Само Тој може да не очисти од сите нечистотии. Ако Нему му дозволиме да ги обликува и очисти нашите срца, ќе можеме да го спознаеме карактерот на Божјото царство и да ја сфатиме потребата од промена пред да можеме да влеземе во тоа царство. Гордоста и самољубието се спротивставуваат на Божјиот Дух; секоја природна склоност на душата се противи на промена – од високото мислење за себе и гордоста кон Христовата кротост и понизност. Но, ако сакаме да се упатиме кон патеката на вечниот живот, тогаш не смееме да го слушаме она што ни го шепоти нашето ‘јас’. Со понизност и смиреност ние мораме да му се молиме на нашиот небесен Татко: ‘Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене.’ (Псалм 51:10). И додека примаме божествена светлина и соработуваме со небесните суштества, Ние сме ‘повторно родени’, ослободени од нечистотијата на гревот преку Христовата сила.“ – Ye Shall Receive Power, 24.
„Ова ново раѓање е резултат на примањето на Христос како Божјо Слово. Кога божествените вистини со посредство на Светиот Дух ќе се втиснат во срцето, се создаваат нови сфаќања, а енергијата на дотогаш успиените, се буди за соработка со Бога.“ – Делата на апостолите, 520.

Вторник 6. ноември

3. СИЛА КОЈА ОСВОЈУВА

а. Кој постојано работел на совеста на грешникот пред и по потопот? Создавање 6:3.

„Божјиот Дух продолжил да се бори со бунтовниот човек се додека одреденото време не истекло, кога Ное и неговото семејство влегле во ковчегот и Божјата рака ја затворила вратата. Милоста слегла од златниот престол, за повеќе да не посредува за виновниот грешник.“ – Reflecting Christ, 321.
„Божествениот Утешител е полн со сожалување и сочувство; Тој се обидува да ги привлече луѓето кон Бога, да го насочи нивното внимание кон Христа, онаков каков што Тој навистина е – полн со милост, сочувство и љубов која простува.“ – The Bible Echo, March 19, 1894.

б. Во каква битка ние сме вклучени и кој управува со неа? Ефесјаните 6:12.

„Кнезот на силата на злото може да се стави под контрола само од страна на Божјата сила во третото лице на Божеството, Светиот Дух.“ – Евангелизам, 464.
(Христовите следбеници) ќе мораат да се борат против натприродни сили, но им е загарантирана и натприродна помош. Во таа војска се наоѓа сета небесна интелигенција. Во нејзините редови се наоѓа и некој поголем од ангел. Светиот Дух, претставник на Заповедникот на Господовите војски, слегува за да управува со битката. Можеме да имаме многу слабости, сериозни гревови и грешки, но Божјата благодат им е ветена на сите што во покајание ја бараат. Силата на Семоќниот е со оние кои се надеваат во Бога. – Копнежот на вековите, 352.

в. Кој е единствениот начин да му се спротивставиме на злото? 1. Коринтјаните 2:4.5; Ефесјаните 3:16.

„Да се пружи отпор на гревот и да се совлада може само со моќното делување на Третото Лице на Божеството, Кој не доаѓа со никаква ограничена енергија, туку со целосна божествена сила. Духот го спроведува во дело она што го извојувал Спасителот на светот. Преку Духот срцето се чисти од гревот. Со помош на Духот верникот станува учесник во божествената природа. На своите следбеници Христос им го дава Својот Дух, како божествена сила, за да ги совладаат сите наследени и стекнати склоности кон злото и црквата да го прими печатот на Неговиот карактер.“ – Копнежот на вековите, 671.

Среда 7. ноември

4. СИЛА КОЈА ПРОСВЕТЛУВА

а. Која светла водилка Светиот Дух ќе им ја даде на оние што ќе му дозволат да престојува во нивните срца? Псалм 119:105; Исаија 30:21.

„Ние не можеме да го употребуваме Светиот Дух, туку Тој треба да не употребува нас. Преку Него Бог влијае на Неговиот народ ‘да сака и да постапува според Неговата волја.’ (Филипјаните 2:13) Меѓутоа, многумина не се подготвени да се покорат на тоа. Тие сакаат да управуваат сами со себе. Поради тоа тие не го примаат небесниот дар. Духот се дава само на оние кои понизно Го чекаат Бога и кои го очекуваат Неговото водство и благодат. Таа божествена сила подготвено чека да ја побараме и ќе ја примиме. Побаран со вера, овој ветен благослов ги донесува со себе и сите останати благослови. Тој се дава во сообразност со изобилството на Христовата благодат, а Тој е подготвен на секоја душа да и даде онолку колку што таа е способна да прими.“ – Копнежот на вековите 672.
„Бог ни зборува преку Неговото Слово, укажувајќи на патот на верата и праведноста како единствен пат кон славата. Сите оние што го имаат Христовиот Дух ќе му придаваат голема вредност на Писмото, бидејќи тоа се Божји пророштва. Бог преку нив толку јасно ни се обраќа со зборовите: ‘ете го патот, врвете по него’ (Исаија 30:21), како овие зборови да дошле до нас директно од Исаија, со глас кој можеме да го чуеме. О, кога луѓето би верувале во тоа, каква чест, каква стравопочит, каков благослов на душата би го следело нивното проучување на Писмото, кое го покажува патот до вечниот живот!“ – Manuscript Releases 4, 212.

б. Кон што треба секогаш да тежнееме во својот христијански живот? Дела 24:16.

„Испитајте ја својата совест во светлината на Божјото Слово и видете дали вашиот живот и карактер се во согласност со мерилото на праведноста која Бог ја открил таму. И тогаш ќе можете да заклучите дали имате или не разумна вера и каква е вашата совест. На совеста на човекот не може да и се верува доколку не е под влијание на божествената благодат…
„Не е доволно човекот да е сигурен додека ги следи упатствата на својата совест… Прашањето на кое мора да одговори гласи: Дали мојата совест е во согласност со Божјото Слово? Ако не е, сигурно не може да се следи, бидејќи ќе ме измами. Совеста мора да биде просветлена од Бога. Мора да се посвети време за проучување на Писмото и за молитва. На тој начин мојот ум ќе биде унапреден, зајакнат и стабилен.“ – Our High Calling, 143.

Четврток 8. ноември

5. ПОСРЕДНИЧКА СИЛА

а. Која е Исусовата улога во присуство на Отецот на небото? 1. Тимотеј 2:5; Римјаните 8:34.

„Исус служи во присуство на Бога, нудејќи ја Својата пролеана крв како јагне заклано за гревовите на светот. Тој принесува жртва за сите престапи и недостатоци на грешникот.“ – Коментари на библиски текстови, 648.
„(Исус) мисли на секој од нас поединечно и ја знае секоја наша потреба. Кога си во искушение само кажи: Тој се грижи за мене, Тој ме застапува, Тој ме сака, Тој умре за мене. Јас ќе Му се предадам безрезервно.“ – Сведоштво за проповедници, 353.

б. Како Светиот Дух му помага на грешникот кога тој во молитва доаѓа пред Бога? Римјаните 8:26.

„Христос, нашиот Посредник, и Светиот Дух постојано се залагаат за човекот, но Духот не посредува така како што тоа го прави Христос кој се повикува на сопствената крв, пролеана од создавањето на светот. Духот делува на нашите срца, поттикнувајќи не на молитва, покајание и оддавање слава и благодарност на Бога. Благодарноста што тече од нашите усни е резултат на влијанието на Духот кој ги допира жиците на светите сеќавања во нашата душа, будејќи ја музиката на срцето.“ -Коментари на библиски текстови, 648.

Петок 9. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што претставува Светиот Дух за нашата душа?
2. Како работи Светиот Дух како обновувачка сила?
3. Каква улога игра Светиот Дух во борбата против силите на злото?
4. Што значи да се живее со добра совест пред Бога и пред луѓето?
5. Како посредувањето на Духот се разликува од Христовото посредување?

Сподели го ова:

Слични објави