4. Светиот Дух во Христовиот живот
4. лекција Сабота, 27. октомври 2018.
Светиот Дух во Христовиот живот
„Еве го Мојот Слуга, Кого Го поддржувам, Мојот Избраник, љубимецот на душата Моја. Ќе Го положам Духот Свој врз Него.“ – Исаија 42:1.
„Почнувајќи од јасли па до крстот, Исусовиот живот претставува повик на самоодрекување и страдање. Тој го тргнал превезот од човековите цели. Исус дошол со небесната вистина и ги привлекол кај себе оние кои го слушале гласот на Светиот Дух.“ – Копнежот на вековите, 57.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на век., 109-113;236-243.
Недела 21. октомври
1. ХРИСТОВОТО ДЕЛО БИЛО ПРОРЕЧЕНО
а. Кои пророштва се исполниле при Исусовото раѓање? Исаија 7:14; Михеј 5:2; Лука 1:35.
„Пред да бидат поставени темелите на светот, Христос, Единороден од Бога, ветил дека ќе стане Откупител на човековиот род, ако Адам погреши. Адам паднал, и Оној кој учествувал во славата на Отецот уште пред да постои светот, ја оставил својата царска облека и царската круна и се повлекол од Неговата висока власт за да стане новороденче во Витлеем, со цел минувајќи преку тлото на кое Адам се сопнал и паднал, да може да го откупи паднатиот човечки род. Се изложил на сите искушенија кои непријателот ги користи против мажите и жените, и сите напади на сатаната не можеле да Го натераат да отстапи од својата лојалност кон Отецот. Живеејќи безгрешен живот, посведочил дека секој Адамов син и ќерка можат да им се спротивстават на искушенијата на оној што првпат донел гревот во светот.“ – Одбрани пораки 1,215.
б. Што објавил Јован Крстител за делото на Исус? Матеј 3:11.
Понеделник 22. октомври
2. ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРОРОШТВОТО
а. Каква требало да биде улогата на Светиот Дух во животот на Месијата? Исаија 11:2-3; 61:1-3.
„Потполно јасно било опишано делото кое Спасителот требало да го врши на земјата: ‘ќе почива врз Него Дух Господов, дух на мудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и богобојазливост; ќе се исполни со страв Господов, ќе суди, не според тоа како што очите Негови гледаат; и ќе ги решава делата, не според тоа како што ушите Негови слушаат’ (Исаија 11:2.3). ‘Духот на Господ Бог е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените и на затворениците – отворање на темницата, да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог; да ги утешам сите оние што тагуваат, да им соопштам на оние што тагуваат на Сион дека ним место пепел ќе им се даде украс, место плачење – мирисно масло на радост, место опаднат дух -славна облека; и ќе ги наречат дабови на правда, градина на Господ за Негова слава.’“ – Делата на апостолите, 224.
„Нему животот не му носел никаква слава и Му биле туѓи почестите кои светот им ги оддава на богатството, положбата и талентот. Тој не се служел со ниту едно средство со кое се служат луѓето за да стекнат пријатели и почитување…
Месијата требало да биде сокриен во Бога, а Бог да се открие во карактерот на Својот Син.“ – Пророци и цареви, 692.693.
б. Кога се исполниле пророштвата на Исаија во поглед на службата на Месијата? Лука 4:16-21.
„Исус стоел пред народот како жив толкувач на пророштвата кои се однесувале на Него. Објаснувајќи ги зборовите кои ги прочитал, Тој зборувал за Месијата како за избавител на угнетените, лекар на болните, некој кој го враќа видот на слепите и му ја открива на светот светлоста на вистината. Неговото достоинствено држење и прекрасниот начин на излагање на зборовите ги протресле слушателите со сила што никогаш претходно не ја почувствувале.“ -Копнежот на вековите, 237.
Вторник 23. октомври
3. ДУХОВНО ИСПОЛНЕТА СЛУЖБА
а. Како Светиот Дух влијаел на Исусовиот живот? Лука 2:40.52.
„Осветлен од лицето на Својот Татко, ‘Исус, пак, напредуваше во мудроста и возраста и во милост кај Бога и кај луѓето’ (Лука 2:52). Неговиот ум бил активен и продорен, а Неговата моќ на размислување и мудрост била многу поголема од онаа која одговарала на Неговата возраст. Сепак убавината на Неговиот карактер била во складноста. Моќта на умот и телото постепено се развивале во склад со законите на детството.
Како дете, Исус покажувал посебна убавина на карактерот. Неговите вредни раце секогаш биле спремни да им помогнат на другите. Тој покажувал трпеливост која ништо не можело да ја наруши и вистинољубивост која никогаш не ја жртвувала искреноста. Во принцип цврст како карпа, Неговиот живот ни ја открива благодатта на несебичната учтивост.“ – Копнежот на вековите, 68.69.
б. Што се случило на почетокот од Исусовата служба на оваа земја? Каков пример ни дал Исус за да го следиме? Марко 1:12.13; 1. Петрово 2:21.22.
„Кога Исус бил однесен во пустината за да биде искушуван, Тој бил воден од Божјиот Дух. Тој не го поканил искушението. Отишол во пустината за да биде сам, да размислува за Неговата мисија и дело. Со пост и молитва Тој требало да се подготви за крвавата патека низ која требал да патува.“ – Одабрани пораки 1,227.
„’Иде кнезот на овој свет и во Мене Тој нема ништо’ (Јован 14:30). Во Него немало ништо што би било подложно на лукавствата на сатаната. Тој не погрешил. Не им попуштал на искушенијата дури ни во Своите мисли. Така може да биде и со нас. Христовата човечка природа била здружена со божествената; Тој за судир бил подготвен со присуството на Светиот Дух. Тој дошол да не направи соучесници во божествената природа. Додека сме соединети со Него преку вера, гревот нема власт над нас. Бог ни овозможува преку раката на верата да се насочиме и брзо да се фатиме за божествената Христова природа, за да постигнеме совршенство во карактерот.“ – Копнежот на вековите, 123.
Среда 24. октомври
4. ВО СИЛАТА НА ДУХОТ
а. Што се случило веднаш по Христовото крштевање? Матеј 3:16.17.
„Откако излегол од водата, Исус клекнал и се помолил на брегот од реката…
Никогаш до тој момент ангелите не слушнале таква молитва. Тие се желни да му донесат на својот Војсководец вест на уверување и утеха. Но не: Таткото ќе одговори на молитвата на Синот. Непосредно од престолот се изливаат зраци на Неговата слава. Небото се отвори и на главата на Спасителот се спушти најчистата светлост во облик на гулаб – соодветен симбол за Оној кој е кроток и смирен.
Славата која почивала на Христа претставува залог на Божјата љубов спрема нас… Светлоста кој од отвореното заблескала на главата на нашиот Спасител ќе не осветли и нас кога ќе замолиме за помош да му се спротивставиме на искушението. Гласот кој му зборувал на Исуса и зборува на секоја душа која верува: ’Ова е мојот љубезен син кој е по моја волја’.“ – Копнежот на вековите, 111-113.
б. Што направил Исус преку силата на Светиот Дух? Лука 4:14; Дела 10:38; Матеј 12:28.
„Како човек (Исус) понизно му се обраќал на Божјиот престол се додека човечкото во Него не било наполнето со небесна струја, која го поврзувала човечкото со божественото. Примајќи живот од Бога, им давал живот на луѓето.“ – Воспитување, 80.81.
„Таков евангелист каков што бил Христос немало никогаш. Тој бил Величеството на небото, но се понижил земајќи ја на себе нашата природа, за да им пријде на луѓето во нивната положба. На сите луѓе, било богати или сиромашни, слободни или робови, Христос им ја донел веста за спасение. Гласот за Него како за Голем лекар се пренесувал низ цела Палестина. Болните доаѓале на местата низ кои Тој поминувал за да му се обратат за помош.“ – Здравје и среќа, 22.
„Кон крајот на Неговата служба во Галилеја, Тој повторно го посетил домот на Неговото детство. Откако Го отфрлиле таму, гласот за Неговото проповедање и Неговите чуда ја исполнил целата земја. Сега никој не може да одрекнува дека Тој поседува сила која е поголема од човековата. Жителите на Назарет знаеле дека Тој отишол и правел само добро и ги исцелувал сите кои ги мачел сатаната. Околу нив биле цели села во кои не постоела куќа во која има болен човек; бидејќи Тој поминал низ нив и ги исцелил сите нивни болни. Милоста која се откривала во секој чин од Неговиот живот сведочела за Неговото Божествено помазание.“ – Копнежот на вековите, 241.
Четврток 25. октомври
5. ДА СЕ ЖИВЕЕ СПОРЕД СЛОВОТО
а. Кој ги вдахнал зборовите што ги изговарал Исус? Јован 6:63; 8:28.
„Христовиот живот, кој му дава живот на светот, се наоѓа во Неговите зборови. Со своите зборови Со своите зборови Исус ги лекувал болестите и ги истерувал демоните. Со своите зборови го стивнал морето и ги подигал мртвите, а народот бил сведок дека Неговите зборови имале сила. Тој ги говорел Божјите зборови, како што говорел преку сите пророци и учители од Стариот Завет. Целата Библија е манифестација на Христа и Тој сакал да ја поврати верата на своите следбеници во светот. Кога ќе го снема Неговото видливо присуство, Словото мора да биде извор на Неговата слава. Како и својот Учител и тие мора да живеат ‘од секој збор што излегува од устата на Бога’ (Матеј 4:4).“ – Копнежот на вековите, 390.
6. Како може да го направиме Божјото Слово извор на нашата сила? Еремија 15:16.
„Како што го одржуваме својот телесен живот со помош на храната, така нашиот духовен живот се одржува со помош на Божјото Слово. И секоја душа мора да прими живот за себе од Словото Божјо. Како што мораме сами да јадеме за да добиеме енергија, така сами мора да го примиме Словото. Не можеме да го примиме со посредство на некој друг. Мораме внимателно да ја проучуваме Библијата, молејќи му се на Бога да ни овозможи со помош на Светиот Дух да го разбереме Неговото Слово. Треба да земеме еден стих и да го сконцентрираме умот трудејќи се да ја пронајдеме смислата која Бог за нас ја ставил во конкретниот стих. Треба толку многу да размислуваме за таа мисла додека не стане наша сопствена мисла и да разбереме што ни ‘зборува Бог.’“ – Копнежот на вековите, 390.
Петок 26. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која е една од причините поради која Синот Божји дошол на оваа земја како вистински човек?
2. Како силата на Светиот Дух се покажала во Исусовиот живот?
3. Како Светиот Дух бил видливо присутен на почетокот на Исусовата служба?
4. Какво значење за верниците има Христовиот отпор на искушението?
5. Што мораш да направиш за себе за да живееш онака како што живеел Христос?