2. Симболи на Светиот Дух

Сподели го ова:

2. лекција Сабота, 13. октомври 2018.

Симболи на Светиот Дух

 „Кој верува во Мене од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода. А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние кои веруваат во Него; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.“ – Јован 7:38.39.

„Бесконечниот со Својот Свет Дух ги расветлил умовите и срцата на Своите слуги. Им давал соништа и визии, симболи и слики; и тие на кои вистината им била откриена на таков начин, самите ја оформиле мислата и ја изразиле со човечки јазик.“ – Големата борба, вовед, 3.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 7-12.

Недела 7. октомври

1. ВОДАТА КАКО СИМБОЛ

а. Како водата ја симболизира природата и делото на Светиот Дух? Јован 3:5; Тит 3:5.

„Крштевањето било погреб со Христа во водата слично на Неговата смрт, што значи дека сите што се каат поради престапот на Божјиот закон се очистени преку делувањето на Светиот Дух. Крштевањето прикажува вистинско обратување со обновувањето на Светиот Дух.“ -The Faith I Live By, 143.

б. На што ги повикува Исус оние што се духовно жедни? Јован 7:3739; 4:14.

„Оној кој се труди својата жед да ја угаси на изворите на овој свет, тој ќе се напои само за повторно да биде жеден. Никаде луѓето не се задоволни. Тие копнеат за нешто што ќе ја задоволи потребата на душата. Таа потреба може да ја задоволи само Христос. Потребата на светот, копнежот на сите народи, е Христос. Божествената милост која само Тој може да ја даде – тоа е жива вода која чисти, освежува и ја окрепува душата.“ – Копнежот на вековите, 187.

Понеделник 8. октомври

2. ВЕТЕРОТ КАКО СИМБОЛ

а. На кој начин ветрот претставува симбол на делувањето на Светиот Дух во преобратувањето? Јован 3:8.

„Христос го употребил ветрот како симбол на Светиот Дух.“ -Manuscript Releases 12, 155.
„Ветер се слуша помеѓу гранките на дрвјата и како шушка во лисјата и цветовите, но сепак е невидлив и никој не знае од каде доаѓа и каде оди. Така Светиот Дух делува на срцето. Тоа Негово делување не можеме подобро да го објасниме од невидливото движење на ветрот. Човекот можеби не е во состојба да го каже времето и местото или да се сети на сите околности во процесот на преобратувањето, но тоа не значи дека не се обратил. Со помош на невидливите појави како што е ветерот, Христос без престан влијае на човековото срце. Малку по малку, иако за тоа можеби и не е свесен оној кој прима, остануваат впечатоци кои душата ја привлекуваат кон Христа. Тоа може да се постигне ако размислуваме за Него, ако го читаме Светото Писмо или ако ги слушаме зборовите на живиот проповедник. Одненадеж, кога Духот непосредно апелира, душата радосно му се предава на Исуса. Многумина тоа го нарекуваат ненадејно преобратување, но тоа е последица на долготрајното делување на Божјиот Дух – последица на трпелив, долготраен процес.
„Иако сам по себе е невидлив, ветерот предизвикува впечатоци кои се гледаат и чувствуваат. Така влијанието на Духот врз душата се открива во секоја постапка на оној кој ја чувствува Неговата спасоносна моќ. Кога Божјиот Дух ќе го потчини и освои срцето, животот се преобразува. Грешните мисли се отфрлаат, човекот се одрекува од злите дела, љубов, понизност и мир доаѓаат на местото на гневот, зависта и кавгата. Радоста го зазема местото на жалоста, а на лицето се огледува небесната светлост. Никој не ја гледа раката која го зема товарот, ниту ја забележува светлоста која доаѓа од небесните дворови. Благословот доаѓа кога душата преку вера му се предава на Бога. Тогаш силата која ниту едно човечко око не може да ја види создава ново битие според Божјиот облик.“ – Копнежот на вековите, 172,173.

б. На кој начин Божјиот Дух е употребен за да ја нагласи слабоста на гордите човечки суштества? Исаија 40:7.8.

Вторник 9. октомври

3. МАСЛОТО КАКО СИМБОЛ

а. Како маслото е употребено како соодветен симбол на Светиот Дух во однос на Христа? Псалм 45:7; 23:5; Исаија 61:1.

„Проповедајќи во Назарет, Христос се претставил себеси како Помазаник. Божјиот Дух ги придружувал Неговите зборови и ги убедувал срцата во нивната вистинитост. Сите биле сведоци на милостивите зборови кои излегувале од Неговата уста.“ – The Bible Echo, August 19, 1895.

б. Како маслото го претставува делото на Светиот Дух во и преку посветениот верник? Захарија 40:6.12.14.

„Пророкот видел како златното маслиново масло од двете маслинови дрвца преку златни цевки се излева во чашите на свеќникот, а потоа од таму во златните светилки кои го осветлувале Светилиштето. Така и преку светите кои стојат во Божјата присутност, Светиот Дух се пренесува на човековите орудија кои се посветуваат на Неговата служба. Задачата на двајцата миропомазани (Стариот и Новиот Завет) е да му ги пренесат на Божјиот народ даровите на божествената мудрост, преку која единствено и вистински Неговата Реч може да стане светлост на нашите нозе и видело на нашата патека. Значи, ‘не со сила не со снага, а со Мојот Дух, вели Господ Саваот.’ (Захарија 4:6).“ – Христовите очигледни поуки, 408 .
„Нашите срца не можат да ја одразуваат светлината доколку не постои животодавна врска со небото. Единствено ова може да направи срцата постојано да горат со света, несебична љубов кон Христа и за сите оние кои се откупени со Неговата крв. Ако не сме постојано исполнети со златното масло, пламенот ќе згасне. – The Home Missionary, July 1, 1897.
„Маслото се преточува во садови подготвени за маслото. Тоа масло го претставува влијанието на Светиот Дух на срцето, кое работи преку љубов и ја чисти душата…
Кога не би се надополнувало ова свето масло постојано од небото преку пораки и опомени на Божјиот Дух, силите на злото ќе имаат целосна контрола над луѓето.“ – Коментари на библиски текстови, 410, 411.
„Како што се празнат маслиновите дрва во златните цевки, така небесните гласници настојуваат да го пренесат сето она што ќе го примат од Бога. Целото небесно богатство чека на наша молба и наше прифаќање; а кога ќе го примиме тоа богатство, наша должност е да им го пренесеме на другите. На тој начин се полнат светите светилки, а црквата станува носител на светлината на светот.“ – Сведоштво за проповедници, 466, 467.

Среда 10. октомври

4. ВО ВИД НА ГУЛАБ

а. Што го прави гулабот соодветен, видлив симбол на излевањето на Светиот Дух врз Исуса Христа? Матеј 3:16.

„Симболот во форма на гулаб кој лебдел над Исуса во моментот на Неговото крштевање ја претставува Неговата нежност на карактерот.“ – Selected Messages 2, 238.

б. Како ќе се покаже нежноста на гулабот во оние кои ќе го примат Светиот Дух? Матеј 10:16; Галатјаните 5:22.

„Кога човекот ќе се сврти кон Бога, добива нова смисла за морал, нова мотивирачка сила, и тој почнува да го сака она што Бог го сака… Љубовта, радоста, мирот и благодарност, која не може со зборови да се опише, ќе ја обземат неговата душа, а јазикот на благословениот ќе воспева: ‘Твојата поддршка ме издигна’ (Псалм 18:35). – God’s Amazing Grace, 302.
„Кога душата ќе ја прими Христовата светлина, духот омекнува. Во животот се открива Христовата нежност. Личното влијание на понизната, посветена душа, се шири надалеку како цветен мирис. Во таквиот човек постои нешто невидливо. Тоа е духовна сила која ја прима од двајцата помазаници кои стојат пред Господарот на целата земја. Светиот Дух, кој доаѓа од Бога, до оние кои сака да ги употреби како свои орудија, се излива и врз други луѓе, правејќи ги Божји соработници.“ – Australasian Union Conference Record, June 1, 1900.

в. Каква друга поука можеме да научиме од симболот на гулаб? Псалм 55:6.

„Животот во Христа е живот исполнет со спокојство, нема да постои чувство на занес, но ќе постои постојана и мирна доверба. Вашата слабост се соединува со Неговата сила, вашето незнаење со Неговата мудрост, вашата несигурност со Неговата издржливост. И затоа не треба да гледате на себе ниту да бидете окупирани со самите себе, туку гледајте на Христа. Мислете на Неговата љубов, на убавината и совршенството на Неговиот карактер… Љубејќи Го, копирајќи Го, предавајќи Му се со целото битие, вие ќе се преобразите и ќе станете слични на Него.“ – Патот кон Христа, 70.71.

Четврток 11. октомври

5. ОГНОТ КАКО СИМБОЛ

а. На кој начин огнот го симболизира Светиот Дух? Матеј 3:11; Откровение 4:5.

„Изобилниот, полн и богат дар на Неговиот Свет Дух треба да биде како огнен ѕид кој ја опкружува Неговата црква, кого силите на пеколот не можат да го соборат. Во неизвалканата чистота и беспрекорното совршенство на својот народ, Христос гледа награда за сите Негови страдања, понижувања и за Неговата љубов како и надополнување на Неговата слава – Христос, големиот центар од кој зрачи целата слава.“ – Сведоштво за проповедници, 4.

6. Што е тоа што им се појавило на учениците и изгледало како оган, а сепак не било оган? Дела 2:3-8.

„Светиот Дух во облик на пламени јазици, се симнал на собирот. Тоа бил прикладен симбол на дарот кој им бил тогаш даден на учениците, дар кој ги оспособил правилно и течно да ги зборуваат јазиците кои до тогаш им биле потполно непознати. Појавата на пламенот ја покажувала искрената ревност со која учениците ќе работат и силата која ќе го прати нивното дело. “ – Делата на апостолите, 28.
„Под оваа небесна осветленост, стиховите што им ги објаснил Христос, се зацврстиле во нивните умови со својот жив сјај и убавината на јасната и моќна вистина. Превезот кој ги спречувал да го видат крајот на она што било укинато сега е отстранет, и тие совршено јасно можеле да ја видат целта на Христовата мисија и природата на Неговото царство.“ – The Spirit of Prophecy 3, 266.

Петок 12. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што претставува крштевањето во вода во врска со Светиот Дух?
2. Како ветрот се користи за да го претстави делото на Светиот Дух во срцето?
3. Што мора да се случи за нашата духовна светлост постојано гори?
4. Што не поучува гулабот за христијанскиот живот?
5. Како симболот на огнот го претставува Светиот Дух?

Сподели го ова:

Слични објави