13. Залогот на нашето наследство

Сподели го ова:

13. лекција Сабота, 29. декември 2018.

 

Залогот на нашето наследство

„Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината -Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух. Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.“ – Ефесјаните 1:13.14.

„Со посредство на Светиот Дух, Бог врши морална промена во животот на својот народ, менувајќи го во Христов лик. Потоа, кога звукот на последната труба ќе стигне до ушите на мртвите кои спијат во Христа, тие ќе излезат во нов живот, облечени во облека на спасението.“ – The Upward Look, p. 78.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: The Review and Herald, October 22,1908.

Недела 23. декември

1. ПРВОТО НАСЛЕДСТВО

а. Какво било нашето божествено наследство при создавањето? Создавање 1:26.27; Исаија 43:7.

„Кога Адам излегол од рацете на Создателот, тој по својата физичка, ментална и духовна природа бил сличен на својот Творец. ‘Бог го создаде човекот според Својот лик.’ (Создавање 1:27); Божјата намера била во текот на својот живот човекот се попотполно да го открива овој лик- поцелосно да ја одблеснува славата на Создателот.“ – Воспитување, 15.

б. Што исто така било вклучено во нашето прво наследство? Создавање 2:8.

„Сепак, Творецот им дал уште еден знак на својата љубов, им приготвил прекрасна рајска градина која требало да биде нивно живеалиште… Во средината на градината стоело посебно дрво, наречено ‘дрво на животот’, надминувајќи ги со својата слава и убавина сите други стебла. Неговите плодови биле слични на златни и сребрени јаболка и имале моќ да го продолжуваат животот во бесконечност…
На Адама и Ева им бил дозволен пристап кон дрвото на животот. На чистото дело на создавањето немало никаква сенка од грев или смрт.“ – Патријарси и пророци, 46.47.

Понеделник 24. декември

2. ВЕТЕНОТО СЕМЕ

а. Кои беа последиците од гревот, и какво милостиво ветување за откуп ни дал Бог? Римјаните 3:23; 8:7.22; Создавање 3:15.

„Адам стоел како крал меѓу пониските суштества и, додека Му бил верен на Бога, целата природа ја признавала неговата власт; но, кога згрешил, ја загубил таа власт. Духот на побуната, кому самиот му ја отворил вратата, се проширил по целото животинско царство. Така не само животот на човекот, туку и природата на животните, шумските дрвја, тревата во полето, цвеќињата, па и самиот воздух што го вдишувал – се ја раскажувало тажната лекција за познавањето на злото.“ – Воспитување, 26.27.
„Гревот ја расипал Божјата слика во човекот, речиси ја избришал. Човековите физички сили ослабнале, неговата ментална способност се намалила и неговата духовна визија се помрачила. Човекот станал подложен на смртта.“ – Воспитување, 15.
„Кога човекот го престапил Божјиот закон, неговата природа станала зла… Кога Бог не би се вмешал на посебен начин, сатаната и луѓето би склучиле сојуз против небото и наместо да негува непријателство кон сатаната, целиот човечки род би се придружил во опозиција на Бога.“ – Големата борба, 505.

б. Кој е ветеното Семе (потомок) што ќе го откупи човештвото и ќе ја врати нашата изгубена власт? Галатјаните 3:16; Римјаните 6:23.

„Меѓутоа, Христос, со својата жртва принесена за гревот, требало не само да го искупи човекот, туку и да му ја врати загубената власт. Се што загубил првиот Адам, Вториот требало да го врати и да го обнови.“ – Патријарси и пророци, 67.

в. Како ветеното Семе го откупило човештвото? Галатјаните 4:4-6; Евреите 2:14.

„Христос не направил да веруваме дека ја зел човечката природа; Тој навистина ја зел. Тој навистина ја поседувал човечка природа. ‘А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа’ (Евреите 2:14). Тој беше син на Марија; Тој беше од Давидовото семе според човечкото потекло.“ – The Review and Herald, April 5, 1906.

Вторник 25. декември

3. ВЕТЕНОТО НАСЛЕДСТВО

а. Што покажува дека наследството што му било ветено на Аврам и на неговите потомци требало да биде вечно? Создавање 17:8; Евреите 11:9.10; 2. Петрово 3:13.

„Не постојат соодветни зборови што ќе ја изразат вредноста на бесмртното наследство.“ – 2 Сведоштво, 40.

б. Што покажува дека наследството ја вклучува целата нова земја? Римјаните 4:13 (прв дел); Псалм 37:29.

„Прекрасната нова земја, со сета своја слава, ќе биде вечно наследство на светиите. ‘А царството и власта и царското величие по целиот поднебесен свод ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот, и ќе владеат со него во векови’ (Даниел 7:27.18).“ – Рани списи, 295.

в. Преку кого единствено ние можеме да го бараме ова наследство и како? Галатјаните 3:29; Римјаните 4:13 (последен дел); 1. Петрово 1:3-5.

„Христос мора да биде темел на нашите надежи; зашто само преку Него можеме да бидеме наследници на вечниот живот. Бесмртното наследство ни се дава под одредени услови. Ние не можеме да ги наследиме овоземните имоти освен ако имаме тапија која е без мана, а нашето право на наследство во светот што доаѓа, исто така, мора да биде јасно докажано преку беспрекорна титула. Условите според кои небесното наследство треба да дојде јасно се откриени во Божјото Слово. Ние мораме да дојдеме под одредбата на сојузот со Аврам, а барањата се: ‘А, ако сте, пак, вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, и по ветување наследници’ (Галатјаните 3:29). Ако сме Христови, нашето право на небесно наследство е без мана, и во согласност со одредбите на заветот на милоста. Преку милоста ќе бидеме во можност својата служба и избор да ги утврдиме, земајќи ја на себе Христовата возвишеност во духот и карактерот. Никој, кој не е очистен, облагороден и посветен нема да има право на небесното наследство. Затоа да работиме марливо како би ја утврдиле нашата служба и избор, и како би ни бил ширум отворен влезот во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос“ – The Messenger, May 10, 1893.

Среда 26. декември

4. ЗАЛОГОТ НА НАШЕТО ВЕЧНО НАСЛЕДСТВО

а. На кој начин Светиот Дух е залог на нашето вечно наследство? Ефесјаните 1:13 (последен дел), 14; 2. Коринтјаните 1:22.

„’Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината -Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух’ (Ефесјаните 1:13). Што претставува печатот на живиот Бог, кој се става на челата на Неговиот народ? Тоа е знак кој ангелите, но не и човечките очи, можат да го прочитаат; бидејќи ангелот уништувач мора да го забележи овој знак на откуп. На оние коишто Господ ги признава за свои синови и ќерки, овие небесни битија ќе го видат знакот на крстот од Голгота. Гревот на престапот на Божјиот закон е отстранет. Тие имаат на себе свадбена облека и се послушни и верни на сите Божји заповеди.“ – Manuscript Releases, vol. 21, p. 52.
„Апостол Павле упатува понатаму на ‘залогот на нашето наследство за откуп на оние што станале Божја своина на похвала на неговата слава’ (Ефесјаните 1,14). Бог земјата ја создал да биде живеалиште на свети и среќни суштества… Таа цел ќе се оствари дури тогаш кога земјата, обновена со Божја сила и ослободена од гревот, од болките и страдањата, ќе стане вечно живеалиште на искупените.“ – Патријарси и пророци, 67.

б. Што треба да се обнови денес во подготовката за вечното наследство? Римјаните 8:29.

„Земајќи ја на Себе човечката природа за да може да се спушти до најголемите длабочини на човечките страдања и беди и да може да го подигне човекот, Христос покажал колку го вреднува човештвото… Само со очајнички судир со силите на сатаната, Христос можел да ја оствари својата намера – да ја поврати речиси избришаната слика на Бога во човекот, и да го стави својот личен потпис на неговото чело.“ – The Paulson Collection, p. 164.
„Како што восокот зема впечаток на печатот, така и душата треба да земе впечаток на Божјиот Дух и да го одразува Христовиот лик.“ – Maranatha, p. 227.
„Душите што сатаната ги деградирал и заробил треба да бидат откупени преку Евангелието за и тие да можат да учествуваат во слободата на Божјите синови. Божја намера не е само да не ослободи од страдањата, кои се неизбежен резултат на гревот, туку да не спаси од самиот грев. Изопачената и деформирана душа треба да се очисти и преобрази за да може да биде облечена во убавината на ‘нашиот Господ Бог’ (Псалм 90:17), ‘да бидат сообразни со ликот на Неговиот Син’ (Римјаните 8:29).“ – Reflecting Christ, p. 377.

Четврток 27. декември

5. ПРИМАЊЕ НА НАСЛЕДСТВОТО

а. Што ќе направат Бог и Христос ако дозволиме Светиот Дух да живее во нас? Римaјаните 8:11; Јован 6:40.

„Христос станал едно во телото со нас, за и ние да станеме едно во духот со Него. Благодарение на тоа единство, ние ќе излеземе од гробот, не само затоа што тоа ќе биде манифестирање на Христовата сила, туку и затоа што преку вера, Неговиот живот ќе стане наш живот. Вечен живот имаат оние, кои го гледаат Христа во Неговиот вистински карактер и кои го примаат во своето срце. Христос престојува во нас преку Духот, а Духот Божји, примен во срцето преку вера, претставува почеток на вечниот живот.“ – Копнежот на вековите, 388.

б. Кога ќе се случи искупението на нашето тело од смртна во бесмртна состојба? Римјаните 8:23; Лука 21:28.

„Тој (Христос) ќе го преобрази нашето понижено тело и ќе го направи слично на Своето прославено тело. Смртното, распадливо тело, лишено од убавината и опогането од гревот, пак станува совршено, убаво и бесмртно. Сите осакатености и недостатоци остануваат во гробот. Повторно пуштени кај дрвото на животот, откупените во одамна изгубениот рај ќе растат додека не дораснат до потполната височина на човечкиот род во неговата првобитна убавина. И последните преостанати траги на проклетството предизвикано од гревот ќе бидат отстранети, а Христовите верници ќе се појават во красотата на Господа, во слава на нашиот Бог и повторно според духот, душата и телото ќе бидат совршена слика на својот Творец. О, прекрасно ли откупување, за кое толку копнежливо со векови се зборувало, кое толку долго се очекувало, копнежливо се сакало, но никогаш целосно не било сфатено.“ – Големата борба, 645.

Петок 28. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Според чија слика сме создадени, и какво беше нашето наследство?
2. Опиши го Божјиот план да го откупи човештвото?
3. Преку кого единствено можеме да го примиме бесмртното наследство? Како?
4. На кој начин Светиот Дух е залог на нашето вечно наследство?
5. Што е вклучено во обновата на нашето наследство?

Сподели го ова:

Слични објави