10. Поука од лозата

Сподели го ова:

10. лекција Сабота, 8. декември 2018.

Поука од лозата

 „Со тоа ќе се прослави Мојот Отец: да носите многу плод и да бидете Мои ученици.“ – Јован 15:8.

„Бог сака преку нас да ја покаже Својата светост, добрина и сочувство белезите на Неговиот карактер. Сепак, Спасителот не им наредува на учениците да се напрегаат за да родат плод. Тој им кажува да останат во Него.“ – Копнежот на вековите, 677.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 674-677.

Недела 2. декември

1. ЈАС СУМ ВИСТИНСКАТА ЛОЗА

а. Со каква слика се послужил Исус за да го опише духовниот однос меѓу Себеси, Отецот и учениците? Јован 15:1.

„(Христос) се послужил со сликата на лозата, гледајќи ја, да можеме да се сетиме на Неговите драгоцени поуки. Ако се протолкува правилно, природата е огледало на божественоста.
„Христос укажал на лозата и нејзините прачки: Јас ви ја давам оваа поука за да го разберете Мојот однос кон вас, и вашата поврзаност со Мене.“ – The Upward Look, 182.

б. Кое библиско значење било поврзано со лозата? Псалм 80:8.9.

„Евреите отсекогаш сметале дека лозата е најблагородна билка и дека е симбол на се што е силно, извонредно и плодно. Израел бил прикажан како лоза која Бог ја засадил во ветената земја. Евреите ја засновале својата надеж во спасението на својата врска со Израел. Меѓутоа, Исус вели: Јас сум вистинска лоза. Не мислете дека заради својата врска со Израел ќе станете учесници во Божјиот живот и наследници на Неговите ветувања. Само преку Мене се добива духовен живот.“ – Копнежот на вековите, 675.

Понеделник 3. декември

2. МОЈОТ ТАТКО Е ЛОЗАР

а. На која поука за зависност не учи лозата за Христос? Јован 5:19; 14:10.

„Наместо прекрасната палма, величествениот кедар или силниот даб, Исус симболично се прикажал Себеси преку лозата со своите ластари кои се превиткуваат. Палмата, кедарот и дабот можат сами да стојат. Ним не им е потребна потпора. Меѓутоа, лозата се испреплеткува околу потпорите и така се искачува кон небото. Така Христос во Својата човечка природа се потпирал на божествената сила.“ – Копнежот на вековите, 674.675.

б. Колкава доверба имал Христос дека Отецот ќе ги обезбеди сите Негови потреби? Јован 5:30; 1. Петрово 5:7.

„Христос толку се испразнил Себеси од Своето ,,јас“, што не правел никакви планови за Себе. Тој ги прифатил плановите што Бог ги одредил за Него, а Таткото од ден на ден ги откривал Своите намери.“ – Копнежот на вековите, 208.

„Кога Исус се разбудил да се соочи со бурата, бил совршено мирен. Во Неговите зборови и Неговиот изглед немало ни трага од страв, бидејќи во Неговото срце немало страв. Меѓутоа, Тој не почивал заради тоа што поседувал семоќна сила. Не бил спокоен заради тоа што бил ‘Господар на Земјата, морето и небото.’ Тој се откажал од таа сила, велејќи ‘Јас не можам да правам ништо Сам од Себе.’ (Јован 5:30) Тој имал доверба во Татковата моќ. Мирот му го давала верата во Божјата љубов и грижа и силата на тие зборови што ја смириле бурата била Божјата сила.“ – Копнежот на вековите, 336.

в. Што не учи лозата за карактерот на Отецот? Исаија 27:2.3.

„На ритчињата на Палестина нашиот небесен Татко ја засадил таа убава Лоза, а самиот Тој бил лозарот. Убавината на таа Лоза привлекла многумина и тие признале дека таа навистина е од небесно потекло. Меѓутоа, на еврејските поглавари таа Лоза им изгледала како корен од сува земја. Тие ја откорнале, искршиле и фрлиле под своите грешни нозе. Нивната намера била засекогаш да ја уништат. Меѓутоа, небесниот Лозар никогаш не ја изгубил од вид Својата садница. Кога луѓето сметале дека ја уништиле, Тој ја земал и повторно ја засадил од другата страна на ѕидот. Лозата веќе не се гледала. Била скриена од суровите напади на луѓето. Но прачките на оваа Лоза виселе над ѕидот. Тие ја претставувале Лозата. “ – Копнежот на вековите, 675.

Вторник 4. декември

3. ВИЕ СТЕ ПРАЧКИТЕ

а. Што и е потребно на секоја прачка да расте и да донесе плод? Јован 15:5.

„Овој духовен однос може да се воспостави само со лична вера. Од наша страна, таа вера треба да се покажува во целосната преданост, совршената доверба и целосната посветеност. Ние мораме нашата волја во потполност да ја потчиниме на Божјата волја и во служба на Христовото царство да ги ставиме нашите чувства, желби, интереси и нашата чест, примајќи постојано благодат од Него, а Тој ќе ја прими нашата благодарност.“ – 5. Сведоштво, 229.
„Соединувањето со Христа преку жива вера е трајно, секој друг сојуз може да пропадне. Христос прво не избрал нас, плаќајќи го нашиот откуп по неизмерна цена; и секој верник го избира Христа како прв и последен и најдобар во се. Но за такво единство нешто мора да се жртвува. Лошото битие, за да влезе во такво единство, мора да се понижи. Сите кои влегуваат во таква заедница мора да чувствуваат дека откуп со Христовата крв им е навистина потребен. Реформата и промената тие мора да ја започнат во своето срце. Својата волја тие мора да и ја потчинат на Божјата волја. Тие мора да се борат не само со надворешни туку и со внатрешни тешкотии. Мораат да поминат низ мачен процес на одвојување исто како и низ соединување. За да дојдеме до единство со Христа мораме да ја победиме гордоста, себичноста, суетата, љубовта кон светот – гревот во секој негов облик. Причината што христијанскиот живот за многумина е жалосно тежок и мачен, и што се толку непостојани и колебливи е токму тоа што тие се обидуваат да се соединат со Христа, а во исто време немаат раскинато со своите сакани идоли.“ – 5. Сведоштво, 231.

б. Како Христос престојува во нас? Јован 15:7; 14:16-18.23.

„Христос живее во Своите следбеници преку Својата Реч. Тоа е истата онаа животна врска која е симболично прикажана со земање на Неговото тело и Неговата крв. Христовите зборови се дух и живот. Прифаќајќи ги тие зборови, ние го примаме животот на Лозата. Тогаш живееме ‘од секој збор што излегува од Божјата уста.’ (Матеј 4:4).“ – Копнежот на вековите, 677.
„Кога сме така обединети со Христа, Неговите зборови остануваат во нас и ние не се раководиме според грчевитите чувства туку според начелото кое трајно живее и трајно останува во нас. Христовите зборови мораме високо да ги цениме, за нив постојано треба да размислуваме и да ги чуваме како најголема драгоценост во своето срце.“ – 4. Сведоштво, 355.

Среда 5. декември

4. УЧЕСТВО ВО БОЖЕСТВЕНАТА ПРИРОДА

а. Што ќе се случи додека се храниме со Божјото Слово, почитувајќи ги неговите начела во нашиот живот? Јован 17:17; 1. Петрово 1:22.23; 2. Петрово 1:4.

„Кога се хранат со Неговата Реч, луѓето увидуваат дека таа е дух и живот. Речта ја уништува вродената земна природа и дава нов живот во Исуса Христа. Светиот Дух Доаѓа како Утешител на душата. Со помош на Неговата благодат што преобразува, во ученикот се репродуцира Божјиот лик и тој станува ново создание. Љубовта Доаѓа на местото на омразата, а срцето станува слично на Бога.“ – Копнежот на вековите, 391.
„Молете се силната енергија на Светиот Дух, со целата своја оживувачка, обновувачка и преобразувачка сила, како електричен шок да ја потресе парализираната душа од гревот, така што секој нерв да затрепери со нов живот и целото човечко битие од неговото духовно мртвило и земна сензуалност да се врати во духовно здравје. Така ќе станете учесници во божествената природа, избегнувајќи ја изопаченоста која го преплавува светот поради задоволување на сетилните потреби; и во вашата душа ќе се одрази сликата на Оној преку чии раце се исцеливте.“ – 5. Сведоштво, 267.

б. Каква ќе биде природата на прачките кои се животно поврзани со лозата? Римјаните 11:16; 6:22.

„Поврзаноста на прачката со лозата, рекол Тој, ја претставува врската што вие треба да ја одржувате со Мене. Калемот се калеми на жива прачка и влакно по влакно, жиличка по жиличка зараснува со лозата. Животот на лозата претставува живот на прачката. Така и душата, мртва заради престапот и гревот, добива живот преку врската со Христа. Таа врска се создава со вера во Него како во личен Спасител. Грешникот ја обединува својата немоќ со Христовата сила, својата празнина со Христовото изобилство, својата слабост со Христовата неменлива моќ. Тогаш тој добива Христов ум. Примајќи човечка природа, Христос дошол во допир со нашата природа, а нашата природа дошла во допир со божеството. На тој начин преку Светиот Дух човекот станува учесник во божествената природа и е прифатен во Саканиот.“ – Копнежот на вековите, 675.
„Додека одржуваме толку тесна поврзаност со Христа, нашите гревови се положени на Христос; а Неговата праведност ни се припишува. Тој стана грев за нас, за ние да бидеме оправдани пред Бога преку Него.“ – 5. Сведоштво, 229.

Четврток 6. декември

5. ДА СЕ СОБЕРАТ МНОГУ ПЛОДОВИ

а. Колку треба да биде постојана нашата врска со Христа преку Светиот Дух? Евреите 3:14.

„Тоа не е никаков случаен допир, никаква минлива врска. Гранката станува дел од живата лоза. Пренесувањето на животот, на силата и плодноста од лозата на прачката е непречено и постојано. Ако се одвои од лозата, прачката не може да живее. „Исто така,“ рекол Исус, „вие не можете да живеете одвоено од Мене. Животот што го добивте од Мене може да се одржи единствено во заедница со Мене. Без Мене не можете да совладате ниту еден грев, не можете да се спротивставите ниту на едно искушение.“ – Копнежот на вековите, 676.

6. Што ќе се појави природно во животот на прачката која витално е поврзани со лозата? Јован 15:8; Галатјаните 5:22.23.

„Да се биде во Христа значи жива, искрена, освежувачка вера која работи преку љубов и ја чисти душата. Тоа значи постојано примање на Христовиот дух, живот на безрезервно предавање на Неговата служба. Таму каде што постои ова единство, ќе се појават добри дела. Животот на лозата ќе се покаже во миризливите плодови на прачките. Постојаното снабдување со Христовата благодат ќе ве благослови и ќе станете благослов, се додека не кажете заедно со Павле: ‘И јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене.’ (Галатјаните 2:20)“ – That I May Know Him, 132.
„Ако живееме со вера во Божјиот Син, плодовите на Духот ќе се покажат во нашиот живот и ниту еден од нив нема да ни недостига.“ – Копнежот на вековите, 676.

Петок 7. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кој е единствениот начин да примиме духовен живот?
2. На што не учи лозата за довербата која можеме да ја имаме во Бога?
3. Наведи една од причините поради која христијанскиот живот го сметаме толку тежок!
4. Како единствено можеме да учествуваме во животот на лозата?
5. Што е неопходно за христијанинот да донесе многу род?

Сподели го ова:

Слични објави